Секојдневие (Општествен и приватен живот)

Секојдневие (Општествен и приватен живот)

6th Grade

41 Qs

quiz-placeholder

Similar activities

Припремна настава - 5.разред Хронологија и Праисторија

Припремна настава - 5.разред Хронологија и Праисторија

1st - 12th Grade

38 Qs

Всем! Всем! Всем! От советского информбюро...

Всем! Всем! Всем! От советского информбюро...

1st - 12th Grade

44 Qs

Хајдуци и ускоци. Срби у ратовима Хабзбуршке монархије

Хајдуци и ускоци. Срби у ратовима Хабзбуршке монархије

1st - 12th Grade

36 Qs

Уједињене нације и Хладни рат

Уједињене нације и Хладни рат

1st - 12th Grade

43 Qs

Општество 2

Општество 2

2nd - 6th Grade

40 Qs

Домаќинство

Домаќинство

2nd - 6th Grade

40 Qs

Општество

Општество

2nd Grade - Professional Development

42 Qs

II разред - први део

II разред - први део

1st - 12th Grade

38 Qs

Секојдневие (Општествен и приватен живот)

Секојдневие (Општествен и приватен живот)

Assessment

Quiz

History, Social Studies, Arts

6th Grade

Hard

Created by

Julia Mitrevska

Used 2+ times

FREE Resource

41 questions

Show all answers

1.

MULTIPLE CHOICE QUESTION

30 sec • 1 pt

Иако во минојскиот период жените играле важна улога во семејниот и општествениот живот, во подоцнежниот период во повеќето хеленски полиси владеел целосен

патријархат

матријархат

Answer explanation

Терминот „патријархат“ е кованица од старогрчките зборови πατριά (лоза, семејство татковина) - изведен од πατήρ (татко) и ἀρχή (авторитет, власт).

Со текот на времето, жените ги изгубиле сите политички и законски права, па им останало да „владеат и управуваат“ единствено со домот. Како што пред мажењето атинската девојка речиси воопшто не го напуштала домот и живеела изолирано во гинекијата каде се подготвувала за брачните должности учејќи да готви, шие и ткае, така и самото стапување во брак не се случувало по воља на девојката, туку бракот бил договаран од страна на нејзиниот татко или старател (кириос) или со младоженецот или со неговиот татко. Мажените жени живееле прилично повлечено, ретко го напуштале домот и тоа само со придружба на робинка, за да пазарат или да посетат некоја пријателка. Почесто излегувале за време на празници (Дионисии, Тесмофории) или за да посетат театарска претстава.

2.

MULTIPLE CHOICE QUESTION

30 sec • 1 pt

Полиберални во однос на животот на девојката пред стапувањето во брак биле

Атињаните

Коринтјаните

Тебанците

Спартанците

Answer explanation

За разлика од останатите хеленски полиси, жените во Спарта легално можеле да поседуваат и наследуваат имот и биле подобро образовани. Од нив се очекувало да го водат домаќинството зашто Спартанците поголемиот дел од своето време го поминувале во војна или во заеднички воен шатор, но и да станат силни и храбри мајки кои ќе изродат здрави и полезни за општетсвото синови. Затоа, пред битката, мајките ги опоменувале своите синови: „Со штит или на штит“. „Со штит“ значи дека го очекувам твоето враќање со победа. „На штитот“ значи дека е подобро да те донесат мртов отколку да бегаш од бојното поле и да донесеш срам.

3.

MULTIPLE CHOICE QUESTION

30 sec • 1 pt

Кај Хелените било вообичаено младоженецот да биде помлад од невестата

Точно

Неточно

Answer explanation

Во Атина девојчињата за прв пат стапувале во брак на околу 14 години со многу постари од нив мажи. Повторно исклучок ни е Спарта каде девојките се мажеле помеѓу 18 и 20 години за момчиња блиски до нивната возраст.

4.

FILL IN THE BLANK QUESTION

2 mins • 1 pt

Атињаните за венчавка или свадбена церемонија одбирале денови со полна месечина или го чекале месецот гамелион (_______) кој ѝ бил посветен на Хера

Answer explanation

Свадбената церемонија се состоела од три фази, распоредени во три дена. За време на proaulia, односно денот пред свадбата, невестата ги поминувала последните мигови со мајка си, роднините и пријателките, подготвувајќи се за свадбата. Се одржувала церемонија на која невестата принесувала разни приноси, меѓу кои биле нејзините детски играчки и облека, или прамен од нејзината коса, со што се означува формалениот крај на нејзиното детство. Тоа било начин да бара благослов и заштита од боговите во оваа нова фаза од нејзиниот живот.

Gamos, односно денот на самата свдба започнувал со бањање на невестата за обредно прочистување. Потоа, невестата и младоженецот принесувале жртви во храмот за да обезбедат плодна иднина со многу деца. По ова можело да започне свадбената гозба: на жените им било дозволено да присуствуваат, но седнати на одделни маси од мажите, а за забавување на гостите се грижеле танчерите и пејачите.

Ноќта се случувал најважниот дел од венчавката - процесот на префрлање на невестата во нејзиниот нов дом. Кога нејзиниот превез ќе биде подигнат, невестата се предавала од нејзиниот татко на нејзиниот сопруг со зборовите: „пред сведоци ти ја давам оваа девојка за создавање деца“. Невестата се возела на количка или кочија со својот сопруг, додека нејзината мајка носела факели за да ги одврати злите духови. Пристигнувајќи пред новиот дом, младоженецот ја подигнувал својата сопруга за да не го гази прагот, а неговата мајка ја пречекувала својата нова ќерка во нивниот дом. Невестата потоа ја палела дел од количката, симболизирајќи дека не може да се врати во својот дом од детството. Подоцна, свадбената одаја ја чувале пријателите на младоженецот, додека пријателите на невестата пееле посебни песни за да го одвратат злото и да им помогнат на парот во нивната желба да создадат здрави деца.

Наредниот ден се нарекува epaulia и тогаш младоженците добивале подароци кои ги носеле во домот.

5.

MULTIPLE CHOICE QUESTION

30 sec • 1 pt

Кај Хелените, бракот станувал полноважен од денот на свршувачката, а самата венчавка или свадбена церемонија се нарекувала

енгија

екдосис

гамелион

епиклера

Answer explanation

Енгија значи давање залог, односно денот на свршувачката

Екдосис се нарекува самата свадбена церемонија

Гамелион е месецот посветен на Хера (јануари)

Епиклера претставува богата наследничка заедница

6.

MULTIPLE CHOICE QUESTION

30 sec • 1 pt

Бракот со поблизок роднина бил прифатлив само во случај на епиклера за да остане наследството во рамките на родот

Точно

Неточно

Answer explanation

Инцестуозните бракови не биле забранети, но не биле ниту прифатени, за разлика од ендогамијата – брачна заедница помеѓу една општествена група или помеѓу подалечни роднини, додека пак бракот со поблизок роднина бил прифатлив само во случај на епиклера.

7.

MULTIPLE CHOICE QUESTION

30 sec • 1 pt

Во Хелада жената можела да ја раскине брачната заедница кога ќе посака

Точно

Неточно

Answer explanation

Жената не можела да ја раскине брачната заедница освен со дозвола на архонтот поради докажано физичко злоставување. Дури и во тој случај, бракоразводната процедура била комплексна: прво, таа требало да го достави своето барање до архонтот (еден од главните градски судии), а потоа да има поддршка од нејзиниот татко или најблискиот машки роднина. Мажот, од друга страна, можел да се разведе кога ќе посака. Доволно било само да ја избрка сопругата од дома и да го врати нејзиниот мираз. Таткото на сопругата исто така имал можност да принуди развод (дури и ако ниту сопругот, ниту сопругата не ги сакале тоа), доколку бракот се покажел неплоден.

Create a free account and access millions of resources

Create resources
Host any resource
Get auto-graded reports
or continue with
Microsoft
Apple
Others
By signing up, you agree to our Terms of Service & Privacy Policy
Already have an account?