WorksheetsПриродни науки: сили
Total questions: 27
Worksheet time: 47mins
Силата...
не можеш да ја видиш
се гледа јасно
Со употреба на сила може
да исечеме хартија
да малтретираме некого
да се турка или влече
Силите може да ... (два одговори се точни)
се измерат
да бидат мали или големи
запрат
се интересни
Што е триење?
кога ги тријам дланките една од друга
силата што се јавува помеѓу две површини што се допираат
кога ќе се лизнам на лед во зима
Земјина тежа или гравитација е
Силата за привлекување на нештата кон површината на месечината
Силата за привлекување на нештата кон површината на земјата
Колку тежиме
Колку тежи земјата
Силата на предметите се мери со направата
силомер
силометар
Динамометар или Њутнметар
Исак Њутн
Динамометарот е наречен според неговиот создавател, научникот
Исак Њутн
Александар Греам Бел
Алберт Ајнштајн
Предметите се движат бавно кога триењето е
помало
поголемо
Предметите се движат брзо кога триењето е
поголемо
помало
При поголемо триење, движењето е
побрзо
побавно
При помало триење, движењето е
побрзо
побавно
Различните материјали имаат различно триење поради...
нивната површина
нивниот состав
нивната топлина
Кога површината е рапава, се движиме
побавно и доаѓа до кочење
побрзо и доаѓа до забрзување
побавно и скокаме
побрзо и се лизгаме
Единица мерка за мерење на силата е
Џул и се бележи со J
Ват и се бележи со W
Њутн и се бележи со N
Магнетизмот е еден вид на сила
Да
Не
Силите ______________ да ја променат и формата на предметите.
можат
не можат
Силите можат да ја сменат формата на предметите, но исто така може и да
ја сменат брзината и насоката на движењето
ги разубават предметите
ја сменат само брзината на движењето
ја сменат само насоката на движењето
Паѓањето на јаболкото од дрвото е пример за што?
Њутн
Дека скапало
Гравитација
Количката ќе се лизга побрзо на...
мазна површина, како паркет, дрвен под
рапава површина, како тепих
водена површина, во тенџере со вода
Пружината уште се вика и
федер
тег
пружинана
истегнотина
Пружините
се направени од дрво и се еластични
се направени од пластика и се тврди
се направени од метал во форма на спирала
се направени од метал во форма на тријаголник
За да го намалиме триењето користиме
средства за лакирање
средства за подмачкување
средства за чистење
Триј ги дланките брзо! Што се случува? Силното триење што создава?
пот
ладно
топлина
ветер
Силата што ги забавува предметите што се движат низ воздухот се вика
отпор на оган
отпор на вода
отпор на воздух
отпор на кочници
Силата што ги забавува предметите што се движат низ водата се вика
отпор на вода
отпор на воздух
отпор на сила
отпор на лед
Што е аеродинамична форма?
тесна и зашилена форма што лесно се движи низ воздухот
широка и дебела форма што тешко се движи низ водата и воздухот
тесна и зашилена форма што тешко се движи низ водата и воздухот
Што е хидродинамична форма?
Форма што лесно се движи низ воздухот.
Форма што лесно се движи низ водата.
Форма што тешко се движи низ водата.
Форма што тешко се движи низ воздухот.
