wayground logo

Free Printable Worksheets

NEW

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Диво месо-Горан Стефановски

Total questions: 15

Worksheet time: 8mins

Name
Class
Date
1.

Кога и каде се сличува дејството во драмскиот текст Диво месо-Горан Стефановски?

a)

Во Охрид на почетокот од 60-тите години на 20-от век

b)

Во Скопје, непосредно пред почетокот на Втората светска војна

c)

Во Битола во 1980 година

d)

Во Солун во 19 век

2.

Во драмскиот текст станува збор за:

a)

Само физичко насилство

b)

Само наметнување на сопствената волја врз друг како еден вид насилство

c)

Физичко насилство , но и наметнување на сопствената волја врз друг како еден вид насилство

d)

Ни едното, ни другото

3.

Во драмата како главни ликови ни се претставени тројца браќа, Андреја, Симон и Стево. Врз најстариот брат Андреја се врши:

a)

Идеолошко насилство

b)

Физичко насилство

4.

„Диво месо“ е семејна драма во која темата е распаѓањето на едно предвоено македонско семејство кое е обусловено од:

a)

Сфаќањата на родителите во семејството

b)

Сфаќањата на Симон, еден од тројцата синови

c)

Сфаќањата на снаата Вера, жена на Симон

d)

Времето и сосема различните сфаќања на животот на сите членови од семејството.

5.

Композицијата на драмата е модерна, авторот не го употребил класичното делење на чинови, туку на сцени. Колку сцени има во драмата?

a)

12

b)

15

c)

17

d)

19

6.

Кој од ликовите во драмата на самиот почеток е во инвалидска количка?

a)

Марија

b)

Симон

c)

Стефан

d)

Димитрија

7.

Во драмата, на особен, модерен начин е претставено распаѓањето на старото патријархално, традиционално семејство. Фолклорот се меша со модерното, урбаното, преку песните и говорот.

Многу често, Стефановски го користи јазикот на светата лудост (и пијанството). Тој е изразен во говорот и песничките на:

a)

Симон и Вера

b)

Вера и Андреја

c)

Симон и Марија

d)

Марија и Стефан

8.

Андреја, најмалиот син е обземен со идејата да го сруши:

a)

Семејниот дом

b)

Дебар маало

c)

Камениот мост

d)

Стариот капиталистички систем

9.

Кој од машките ликови се однесува налудничаво, го говори јазикот на светата лудост, преку кој ги искажува своите вистини:

a)

Стефан

b)

Симон

c)

Андреја

d)

Димитрија

10.

Клаус, доаѓа, ѝ дава цвеќе на домаќинката, се запознава со сите. Марија, со цвеќето во раце, оди во кујна, таа е во извесен шок, почнува да го спомнува дивото месо во себе, да оди како во транс. Стево му објаснува на Клаус дека диво месо е „бабина деветина“ – дека се верувало ако некому влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се создаде диво месо кое ќе расте и ќе го задуши. Што всушност е дивото месо во драмскиот текст?

a)

Вера и нејзините посети кај бајачката

b)

Однесувањето на Симон

c)

Присуството на Германецот Херман Клаус во домот на Марија и Димитрија Андреевиќ

d)

пролетерската идеологија на најмладиот син Андреја

11.

Што е идејна замисла во овој драмски текст?

a)

Да ја сфатиме големината на борбата

b)

Да го сфатиме значењето на семејството, на нашиот корен, на домот, на татковината.

c)

Да го сфатиме значењето на фолклорот

12.

Која од наведените драми не припаѓа на творештвото на Горан Стефановски?

a)

„Јане Задрогаз“

b)

„Лет во место“

c)

„Тетовирани души“

d)

„Бумеранг“

13.

Што викаше Димитрија во драмскиот текст „Диво месо“?

a)

„Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“

b)

Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас!

c)

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

14.

Зошто е срушена семејната куќа на Андреевиќ?

a)

За изградба на болница

b)

За да направат нова

c)

За потребите на проширувањето на претставништвото за автомобили каде што работи Стево

15.

Обраќањето на Марија во завршната сцена со зборовите:

„Кога ја креваа куќата мајсторите викаа.

Ја кренавме чатијата

да е благословена куќата

да е жив газдата

да му е здрава фамилијата, “ всушност е:

a)

Тажаленка

b)

Балада

c)

Брзозборка