wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

ГОДИШЕН ТЕСТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК V одд.

Total questions: 35

Worksheet time: 23mins

Name
Class
Date
1.

Кој од зборовите е напишан погрешно?

a)

леб

b)

снек

c)

југ

d)

нож

2.

Кој од дадените зборови е глагол во сегашно време?

a)

седиш

b)

одев

c)

ќе играм

d)

беше

3.

Присвојна придавка е зборот

a)

дрвен

b)

селски

c)

убаво

d)

голема

4.

Збор кој покажува нешто намалено е

a)

коњ

b)

носуле

c)

дете

d)

мажиште

5.

Со скратеницата с. сктарено се пишува зборот

a)

сестра

b)

село

c)

Скопје

d)

секунда

6.

Со голема буква погрешно е напишан зборот

a)

Бајрам

b)

Втори август

c)

8 Март

d)

Свети наум

7.

Во која од следниве реченици, глаголот е искажан во идно време - прво лице множина?

a)

Ќе играм тенис.

b)

Ќе имаме гости за викендот.

c)

Ќе одат на одмор во август.

d)

Ќе добиеш петка.

8.

Петар славеше роденден. Дојдоа гостите и му донесоа подароци. Мишко му донесе воз, Ајтен му донесе топка, а Ѓултен боици. Таа се расплака. Петар се насмевна и рече: ,Не плачи , јас те чекав тебе а не подарокот” .

Која форма на изразување е употребена во извадокот?

a)

директен говор

b)

индиректен говор

c)

директен и индиректен говор

9.

Скокајќи од гранка на гранка верверичката паднала токму пред заспаниот волк. Тој рипнал и посакал да ја лапне“. Кои ликови ги среќаваме во следниот извадок?

a)

вервричката и волкот

b)

лисицата и волкот

c)

волкот и зајакот

d)

волкот и јагнето

10.

3.,,Горда наша Шар Планино, виши снага шири крила! Вечно млада ,ко цвет лична Ти ни красиш земја мила “. На кој вид песна припаѓаат следниве стихови?

a)

хумористична

b)

патриотска

c)

лирска

d)

љубовна

11.

,,Низ полето цело лето,

штурчо песна ширеше,

од утрина до вечер

пееше и свиреше... "

Овој извадок од басна е напишан во:

a)

проза

b)

директен говор

c)

поезија

d)

народен јазик

12.

Сечко сече, Марта дере, Април носи, Мај продава...“

Кој месец е наречен Сечко?

a)

април

b)

јануари

c)

февруари

d)

мај

13.

Кога писателот ги опишува Пелистерските очи станува збор за :

a)

солзите на Флора

b)

за двете планински езера

c)

за вештачките езера

d)

планината Пелистер

14.

Учениците добиле задача преку песна да ги искажат чувствата и љубовта кон татковината. Каква песна треба да напишат учениците?

a)

лирска

b)

тажна

c)

патриотска

d)

семејна

15.

,,Си била една жена која по цел ден ништо не работела. Кога мажот уморен од работа посакал топла манџа, таа му давала леб и сол. Кога посакал да си облече чиста кошула, таа кажувала дека кошулата што ја носи е чиста...“

Која човечка особина е прикажана во извадокот?

a)

работливоста

b)

скромноста

c)

мрзеливоста

d)

скржавоста

16.

Јован доби задача да напише песна во која зборовите ќе бидат во рима. Кои зборови ќе ги употреби тој?

a)

мома-желка

b)

слобода-природа

c)

тажен-влажен

d)

копи- пасте

17.

,,Мачката одеше напред и внимаваше на секоја опасност. Не сакаше да ги пушти сами мачињата. Барем не додека се мали“.

Како ја оценуваш постапката на мачката?

a)

вредна

b)

грижлива

c)

досадна

d)

грабливка

18.

Текстот напишан по улоги наменет за драмска изведба се вика

a)

филмски текст

b)

театарски текст

c)

драмски

d)

сценарио

19.

Голема литературна творба напишана во проза со повеќе ликови, настани и случки се нарекува

a)

расказ

b)

роман

c)

басна

d)

бајка

20.

Гласовите во македонскиот јазик ги делиме на:

a)

согласки и самогласки

b)

подмет и приок

c)

прости и сложени

d)

звучни и беззвучни

21.

Кратенкта д-р е скратеница за зборот:

a)

другар

b)

директор

c)

доктор

d)

друго

22.

Согласките ги делиме на:

a)

големи и мали

b)

звучни и безвучни

c)

печатни и ракописни

d)

кирилица и латиница

23.

Кој од следниве зборови претставува збирна именка?

a)

столови

b)

мебел

c)

маси

d)

кревети

24.

Придавките кои означуваат чие е нештото ги викаме:

a)

присвојни

b)

бројни

c)

збирни

d)

описни

25.

Зборовите селски, манастирски, охридски претставуваат

a)

описни придавки

b)

присвојни придавки

c)

бројни придавки

d)

материјални придавки

26.

Во реченицата ,,Ана сама ја направи таа торта.“ показна заменка е зборот

a)

сама

b)

таа

c)

торта

d)

направи

27.

Глаголите кои искажуваат идно време се формираат од глагол во сегашно време и зборчето

a)

се

b)

не

c)

ќе

d)

да

28.

Реченицата која содржи најмалку два глагола по состав е

a)

проста

b)

голема

c)

сложена

d)

проста со неопходни додатоци

29.

Реченицата ,,Филип вози велосипед.“ по состав е

a)

сложена

b)

проста

c)

мала

d)

прашална

30.

Имињата на народите ги пишуваме со

a)

наводници

b)

скратеници

c)

голема буква

d)

ракописно

31.

Спротивно значење на зборот тревиште има зборот

a)

трева

b)

тревичка

c)

голема трева

d)

растение

32.

За да покажеме минато време глаголот во реченицата:

,, Маријан тренира фудбал. “ треба да гласи

a)

вежбаше

b)

тренираше

c)

играше

d)

спортување

33.

Во реченицата ,, Јас и Кире често играме на ливадата.“ зборовите јас и Кире може да ги замениме со

a)

сите

b)

заедно

c)

ние

d)

другари

34.

Во реченицата ,,Подскокнуваа над водата.“ изоставен е

a)

прирокот

b)

подметот

c)

додатокот

d)

глаголот

35.

Реченицата ,, Кога го виде чуварот, се стаписа. “ не го менува значењето, ако зборот стаписа го замениме со зборот:

a)

се скамени.

b)

се насмеа.

c)

се вцрвени.

d)

се поздрави.