wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

ГОДИШЕН ТЕСТ ОПШТЕСТВО

Total questions: 50

Worksheet time: 40mins

Name
Class
Date
1.

Градот Скопје се наоѓа од левата и од десната страна на реката:

a)

Пчиња

b)

Лепенец

c)

Вардар

d)

Маркова Река

2.

Кој ја создал првата словенска азбука глаголица?

a)

Климент и Наум

b)

Александар III Македонски

c)

Кирил и Методиј

d)

Цар Самоил

3.

Втората балканска војна завршува со договор кој ја потврдил поделбата на Македонија. Тоа е договорот постигнат во:

a)

Будимпешта

b)

Букурешт

c)

Белград

d)

Скопје

4.

По формирање на македонската држава на 2 август 1944 година за прв претседател бил избран:

a)

Киро Глигоров

b)

Неџат Аголи

c)

Методија Андонов Ченто

d)

Никола Карев

5.

Ема слушна на временска прогноза дека во текот на утрешниот ден најтопло ќе биде во градот кој се наоѓа по течението на реката Вардар и е најблиску до грчката граница и Егејско Море.

Каде ќе биде најтопло?

a)

Штип

b)

Гевгелија

c)

Скопје

d)

Охрид

6.

Збирот на сите особини: физички, психички, социјални, кои го прават човекот посебен, е карактеристика за:

a)

личност

b)

ученик

c)

родител

d)

наставник

7.

Семејството Фити живее во градот каде е прогласена првата Република на Балканот. Тие живеат во градот:

a)

Крушево

b)

Кратово

c)

Куманово

d)

Кукуш

8.

Пчеларите се занимаваат со одгледување на пчели и производство на мед. Во која група на стопанска дејност припаѓаат?

a)

примарна

b)

секундарна

c)

нестопанска

d)

терцијарна

9.

Денот на независноста на Република Македонија е:

a)

8 Септември

b)

11 Октомври

c)

1 Мај

d)

2 Август

10.

Сара оди во играорна група. Таа со нејзиното културно - уметничко друштво патуваше во Белгија и Франција. Сара и членовите на друштвото за време на престојот во овие земји се:

a)

иселеници

b)

жители

c)

играорци

d)

туристи

11.

Химната на Република Македонија започнува со стихот:

a)

Горите македонски шумно пеат

b)

Македонците се борат

c)

Од ново сега знамето се вее

d)

Денес на Македонија се раѓа

12.

Во кој период се случила Првата светска војна?

a)

1912 - 1913 година

b)

1914 - 1918 година

c)

1941 - 1945 година

d)

од крајот на XIV до почетокот на XX век

13.

Најмногу се израдував кога прочитав дека македонската држава имала најголем успех кога владеел кралот кој има исто име со моето, а бил син на Филип II Македонски. Како се викам јас?

a)

Марко

b)

Самуил

c)

Александар

d)

Гоце

14.

Најубавото сирење ми е беровското сирење, од кај дедо Трајан што ги чува овците на Малешевските Планини. Во кој дел на Република Македонија ги чува овците дедо Трајан?

a)

северен

b)

источен

c)

западен

d)

јужен

15.

Мартина има свој дневник кој никој не го чита тајно, Фатмир има своја соба и кога некој сака да влезе чука на вратата, а Дерја има мобилен телефон но каде и да го остави никогаш никој не и ги чита нејзините пораки. На овие деца им се почитува правото на:

a)

приватност

b)

сопственост

c)

говор и слободно изразување

d)

живот

16.

Во градскиот парк имаше изложба на воените средства со кои располагаат воените сили на Република Македонија чиј врховен командант е:

a)

Премиерот на државата

b)

Претседателот на државата

c)

Градоначалникот

d)

Министерот за одбрана

17.

Наркоманијата е девијантно однесување и подразбира:

a)

пиење алкохол

b)

земање дрога

c)

спортување

d)

јадење брза храна

18.

Петтоодделенците на ликовната секција го цртаа грбот на Република Македонија. Од околу нацртаа венец со житно класје, тутун, афион и народен орнамент. Што треба да нацртаат во средината?

a)

планина, вода, сонце

b)

планина , вода , риба

c)

планина, вода , месечина

d)

вода , риба, сонце

19.

Која од следниве задачи е работа на Собранието (Парламентот) на Република Македонија?

a)

донесува закони

b)

предлага закони

c)

одлучува за признавање на држави и влади

d)

воспоставува дипломатски односи со други држави

20.

Владата на Република Македонија е носител на:

a)

законодавна власт

b)

извршна власт

c)

судска власт

21.

Царот Самуил бил поразен во битката на планината:

a)

Сува Гора

b)

Беласица

c)

Шар Планина

d)

Плачковица

22.

Што од наведеното не припаѓа во групата на мас - медиуми?

a)

интернет

b)

ТВ

c)

училиште

d)

списанија

23.

Нина за време на летниот распуст беше во село. Таа брзо се спријатели со другарките на нејзина возраст. Ги научи истите игри, се однесуваше како нив, зборуваше исто. Кој фактор на социјализација имаше најголемо влијание?

a)

мас-медиуми

b)

училиште

c)

група врсници

d)

семејство

24.

Ако во околината на едно дете преовладуваат негативни влијанија, а семејството не може да му овозможи топлина и хармоничен живот, детето доживува трауми па доаѓа до отстапување од општествените и културните правила. Оваа појава се нарекува:

a)

девијација

b)

почитување

c)

криминал

d)

хармонија

25.

Татко му на Марко има хотел со убав ресторан на брегот на Преспанското Езеро. Со која дејност се занимава тој?

a)

рибарство

b)

туризам

c)

земјоделство

d)

шумарство

26.

Пепи е родена и живее во Франција, но вели дека нејзина татковина е Македонија. Баба ѝ и дедо ѝ по потекло се од Македонија. За време на Балканските војни се иселиле од Македонија во Франција. Од кои причини се иселиле бабата и дедото на Пепи?

a)

верски

b)

економски

c)

културно – научни

d)

политички

27.

По Втората светска војна Македонија е рамноправна република, сојуз од држави кои живееја заедно во составот на:

a)

СФРЈ

b)

СССР

c)

УСА

d)

FYROM

28.

Македонија кон крајот на XIV век била освоена од Турците и била во состав на:

a)

Византија

b)

Османлиската империја

c)

Самуилово Царство

d)

Кралството Австро - Унгарија

29.

На концертот во градот кој е во планински предел имало повеќе посетители отколку на концертот во градот кој е во рамнински дел на Република Македонија. Повеќе посетители имало во:

a)

Битола

b)

Кочани

c)

Струмица

d)

Берово

30.

Во училишниот двор играа група деца. Набрзо дојде Влатко и започна да им ја растура играта, па почна расправија, викање по малку и тепање. Што настана помеѓу децата во училишниот двор?

a)

натпревар

b)

конфликт

c)

соработка

d)

другарство

31.

Стара градба со мозаици во близина на Битола

a)

Баргала

b)

Стоби

c)

Хераклеа

d)

Аквадукт

32.

Цртежи во црква се нарекуваат:

a)

икона

b)

фреска

c)

фотографија

d)

цртеж

33.

Науката која се занимава со ископување и проучување на предметите се вика:

a)

Историја

b)

Географија

c)

Археологија

d)

Астрологија

34.

Село каде се одржува тадиционална македонска свадба

a)

Требениште

b)

Галичник

c)

Ново Село

d)

Таринци

35.

Најстара опсерваторија на Балканот е

a)

Кокино

b)

Маџари

c)

Пелагонија

d)

Кратово

36.

Старото име на Штип е:

a)

Лихнидос

b)

Скупи

c)

Астибо

d)

Монастири

37.

Стручно лице кое работи во музеј е

a)

кустос

b)

актер

c)

трговец

d)

министер

38.

Стра занает за изработка на накит се вика

a)

копаничарство

b)

филигранство

c)

грнчаство

d)

влачар

39.

Муслимански верски објект е

a)

црква

b)

манастир

c)

катедрала

d)

џамија

40.

Резбарска уметност или

a)

фрескосликарство

b)

филигранство

c)

копаничарство

d)

архитектура

41.

Европската унија под ова име е создадена во

a)

1993

b)

1973

c)

1953

d)

2003

42.

Колку земји ја создале Европската заедница за јаглен и челик во 1951 година?

a)

3 земји

b)

4 земји

c)

5 земји

d)

6 земји

43.

Која од наведените земји, не била земја - членка кога првично се создала ЕУ?

a)

Франција

b)

Италија

c)

Холандија

d)

Белгија

e)

Англија

44.

Македонија е членка на ЕУ?

a)

точно

b)

неточно

45.

Која од следниве институции не е институција на ЕУ?

a)

Совет на ЕУ

b)

Општина на ЕУ

c)

Парламент на ЕУ

d)

Евопски суд

e)

Европска комисија

46.

Целина на човекови знаења, верувања, однесувања се нарекува

a)

култура

b)

образование

c)

криминал

d)

традиција

47.

Скопје е политички и административен центар бидејќи во него се сместени најваните државни установи

a)

трговски центри, ресторани, пицерии

b)

градинки, училишта, факултети

c)

Влада, Собрание, Уставен суд

d)

автобуска и железничка станица и аеродром

48.

Религија е односто на луѓето кон

a)

Господ - Бог

b)

соседот

c)

другарот

d)

наставникот

e)

родителот

49.

Училиштето е

a)

формална група

b)

неформална група

c)

образовна група

d)

играорна група

50.

Недоволно социјално дружење, однесување само за себе се нарекува

a)

солидарност

b)

криминал

c)

егоизам

d)

девијантност