NEW
Font size
WorksheetsОпштество 5одд.
Total questions: 28
Worksheet time: 48mins
Градот Скопје се наоѓа од левата и од десната страна на реката:
Пчиња
Лепенец
Вардар
Крива Река
Кој ја создал првата словенска азбука глаголица?
Климент
Кирил и Методиј
Самоил
Наум
Втората балканска војна завршува со договор кој ја потврдил поделбата на Македонија. Тоа е договорот постигнат во:
Будимпешта
Букурешт
Белград
Скопје
По формирање на македонската држава на 2 август 1944 година за прв претседател бил избран:
Киро Глигоров
Стојан Андов
Методија Андонов Ченто
Ема слушна на временска прогноза дека во текот на утрешниот ден најтопло ќе биде во најјужниот град на Република Македонија. Каде ќе биде најтопло?
Битола
Гевгелија
Берово
Струга
Збирот на сите особини: физички, психички, социјални, кои го прават човекот посебен, е карактеристика за:
личност
херој
родител
наставник
Семејството Миленковски живее во градот каде е прогласена првата Република на Балканот. Тие живеат во:
Крушево
Кратово
Крива Паланка
Прилеп
Пчеларите се занимаваат со одгледување на пчели и производство на мед. Во која група на стопанска дејност припаѓаат?
примарна
секундарна
нестопанска
терцијарна
Денот на независноста на Република Македонија е:
8 Септември
11 Октомври
13 Ноември
2 Август
Химната на Република Македонија започнува со стихот:
Горите македонски шумно пеат
Македонците се борат
Од ново сега знамето се вее
Денес на Македонија се раѓа
Колку години траела Првата светска војна?
5 години
4 години
6 години
3 години
Најмногу се израдував кога прочитав дека македонската држава имала најголем успех кога владеел кралот кој има исто име со моето, а бил син на Филип II Македонски. Како се викам јас?
Марко
Петар
Александар
Михаил
Мартина има свој дневник кој никој не го чита тајно, Фатмир има своја соба и кога некој сака да влезе чука на вратата, а Петар има мобилен телефон но каде и да го остави никогаш никој не и ги чита нејзините пораки. На овие деца им се почитува правото на:
приватност
мир и слобода
сопствено мислење
образование
Во градскиот парк имаше изложба на воените средства со кои располагаат воените сили на Република Македонија чиј врховен командант е:
премиерот
претседателот
градоначалникот
министерот за одбрана
Петтоодделенците на ликовната секција го цртаа грбот на Република Македонија. Од околу нацртаа венец со житно класје, тутун, афион и народен орнамент. Што треба да нацртаат во средината?
планина , вода, сонце
планина , вода , риба
планина, вода , месечина
вода , риба, сонце
Владата на Република Македонија е носител на
законодавна власт
извршна власт
судска власт
Царот Самуил бил поразен во битката:
на Сува Гора
на Беласица
на Самоилова тврдина
на Бабуна
Што од наведеното НЕ припаѓа во групата на мас-медиуми?
интернет
ТВ
училиште
печатот
Нина за време на летниот распуст беше во село. Таа брзо се спријатели со другарките на нејзина возраст. Ги научи истите игри, се однесуваше како нив, зборуваше исто. Кој фактор на социјализација имаше најголемо влијание?
мас-медиуми
училиште
група врсници
семејство
Ако во околината на едно дете преовладуваат негативни влијанија, а семејството не може да му овозможи топлина и хармоничен живот, детето доживува трауми па доаѓа до отстапување од општествените и културните правила. Оваа појава се нарекува:
девијација
почитување
криминал
хармонија
Татко му на Марко има хотел со убав ресторан на брегот на Преспанското Езеро. Со која дејност се занимава тој?
рибарство
туризам
земјоделство
шумарство
По Втората светска војна Македонија е рамноправна република, сојуз од држави кои живееја заедно во составот на:
Југославија
Франција
Русија
Германија
Македонија кон крајот на XIV век била освоена од Османлиите и била во состав на:
Византија
Османлиската империја
Римска империја
Во училишниот двор играа група деца. Набрзо дојде Влатко и започна да им ја растура играта, па почна расправија, викање по малку и тепање. Што настана помеѓу децата во училишниот двор?
тепачка
конфликт
соработка
другарство
Химна на Европската Унија е:
Ој девојче, девојче
Одата на среќата
Одата на радоста
Аида
Која од следниве држави НЕ е сосед на Р.С. Македонија
Бугарија
Албанија
Србија
Грција
Црна Гора
Кое од следниве езера НЕ е природно?
Преспанско Езеро
Охридско Езеро
Дебарско Езеро
Дојранско Езеро
Најди ја планината меќу реките:
Радика
Брегалница
Пчиња
Бистра
