Font size
WorksheetsМетодика на работа со надарени деца
Total questions: 10
Worksheet time: 30mins
Преку способноста за дивергентно мислење која се изразува преку флуентноста (бројот на валидни решенија), оригиналноста, флексибилноста (можноста поединецот да се прилагоди на промените во ситуацијата) и елаборацијата која се гледа во умешноста идеите да се разработат се оценува вредноста на:
потенцијалната надареност
талентот
креативноста
перзистентната мотивација
Надареност претставува склоп особини врз основа на кои поединецот е способен трајно да постигнува исклучително високи резултати во едно или во повеќе подрачја на човековата дејност. Тој склоп особини го сочинуваат:
надпросечни/општи/или специфични способности
способност за тимска работа
мотивација
креативност
толерантност
Идентификација на надаредните претставува процес во кој:
се препознава или открива некој поединец како надарен
се означува надарениот поединец
се утврдува видот и степенот на надареноста на поединецот
Почитувањето на принципот на лонгитудиналност при идентификацијата на надареното дете подразбира:
идентификационата постапка да може да се примени на секое дете кое покажува знаци на надареност
идентификуваното надарено дете да се следи подолг временски период
идентификационата постапка да се изврши на возраст кога конкретната дарба се јавува во психофизичкиот развој на детето
Способностите од типот на: перцептивна лесностија, визуелна меморија, мануелна вештина и естетска интелигенција ни покажуваат дека станува збор за:
математичка надареност
надареност за балет
ликовна надареност
надареност за јазици
Способноста за сукцесивно решавање на некои чекори во проблемот и изведување сукцесивни заклучоци е една од математичките способности. За која способност станува збор?
нумеричка способност
способност за помнење и планирање
способност за просторно претставување
способност за логичко заклучување и согледување врски
Препознај ги мотивациските карактеристики
добро перцепира и ги разбира сложените предмети и појави
превзема должности и одговорности
си поставува себеси високи развојни цели
Кога учениците се распределени во одделенија: А (најдобри), Б (средни), В (најслаби) според нивото на способностите станува збор за формата:
хомогено групирање во одделенија
редовни паралелки со подгрупи
акцелерација
Трите главни димензии: содржини, операции и продукти го отсликуваат
моделот за автономен ученик на Бетс
Блумовата таксономија на едукативни цели
Гилфордовиот модел за структурата на интелектот
Најсигурен метод за утврдување на карактеристики на надарените деца е:
анегдотски
психо-метриски метод
клинички метод
