wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Урбанизам и просторно планирање

Total questions: 20

Worksheet time: 10mins

Name
Class
Date
1.

Што представува развојот на урбанизација- рурализација или прединустриска фаза (и покрај тоа што од првобитната заедница се оди кон подобрување на животот и раселување од селата сепак имаме мал и бавен развој на дејности)

a)

секундарна фаза

b)

терцијална фаза

c)

примарна фаза

2.

Што офаќа практичниот аспект на урбанизам?

a)

урбан феномен кој се манифестриа преку интензивно ширење на градските подрачја надвор од границите на урбаната средина,притоа создавајќи предградија кои се карактеризираат со слаба густина на население која опфаќа огромна просторност

b)

- проучување на историјата на населените места( генеза)

- анализирање и вредување на различни појави

- анализирање и вреднување на структруите на населените места

- планирање на наслените места

c)

- уредување на населените места поради естетски изглед

- преуредување на веќе постоечките населени места

- формирање на нови населени места

3.

Урбанистичка диспозиција е

a)

локација, место на одреден елемент во населено место. Таа се определува во однос на целото населено место, според значајни објекти и страните на светот

b)

линија над или под површината на земјата или вода, до која е дозволено градење

c)

изграден и функционален организиран простор кој обезбедува наопходни услови приватен живот на жителите

4.

Што е детален урабнистички план ?

a)

план кој се донесува за населено место односно град утврдено со закон

b)

план кој се донесува за плански опфат за кој е донесен генерален урбанистлички план

c)

план кој се донесува за подрачје на населено место село

5.

Што е четврт?

a)

основна и најмала единица градежното земјиште

b)

најголема единица на пример земја во населено место, која се состои од повеќе блокови и земјиште за општа употреба

c)

посложена единица пример земја која се состои од повеќе парцели и градежно земјиште за општа употреба

6.

Што е граница на градежна парцела?

a)

линија на разграничување на носители на право на градење помеѓу две соседни градежни парцели

b)

плански одредби во графичкиот дел на урбанистичкиот план

c)

линија за разграничување помеѓу земји за општа употреба и парцелирано земјиште за поединечна употреба

7.

Што е урбана опрема?

a)

изградени површини-објект и настрешници. Имаат своја физичка форма волумен и внатрешен простор

b)

овозможуваат починка, седење, релаксација или едноставно место да сепомине времето помеѓу различните активности

c)

елементи кои го подигнуваат квалитетот на живеење.Се поставува на градежно изградено и уредено земјниште без да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот

8.

Кои се елементи кои го красат просторот ?

a)

телефонските говорници

b)

клупи, контејнери и корпи за отпадоци, киосци

c)

фонтани, дрвореди..

9.

Што е урбана екологија?

a)

Една од основините дисциплии на урбанизмот. Се занимава со проучување на градот како еколошка средина преку 3 основни еколошки елементи:земја, вода и воздух

b)

Оцена на вреднување на сите анализирани аспекти на некој елемент со истакнување на поволни и неповолни ситуации и појави

c)

Можност за совладување на одалеченоста на некој елемент од останатите значајни места во градот

10.

Што е возило наменето за превоз на предмети?

a)

Учесник во сообраќај

b)

Товарно возило

c)

Сообраќаен тек

11.

Концептот „Зона 30“ и „shared space“ представува:

a)

систем од стратегии за проектирање, контрола и управување на сообраќајот

b)

прифатен критериум за проектирање на градските улици

c)

концепт на интегрирано користење на јавниот простор со негово ослободување од сообраќајните знаци

12.

Мрежата пешачки комуникации е составена од:

a)

Линии, врски и комуникации од сите облици

Јазли, вкрстосување со други сообраќајници

Терминали, плоштади, станици за јавен превоз и други станици

b)

Велосипедски патеки

Ленти за ЈГПП

c)

Здрава, ефикасна и одржлива заедница

Подигнување на културата за пешачење

13.

Минималната димензија на двонасочните велосипедски ленти е:

a)

1,5 -1,6 м

b)

1,0 -1,6 м

c)

1,2 -1,4 м

14.

Позитивни ефекти на политиката за паркирање, се:

a)

▫ влијае на модалната распределба;

▫ може да го поддржи локалниот економски развој;

▫ допринесува за подигнување на локалниот буџет;

▫ ја подигнува безбедноста на улиците

▫ влијае на поседувањето на возилата

b)

▫ Трошоците за градба и завземениот простор

c)

▫ зголемување на сообраќајниот метеж;

▫ намалување на безбедноста на улиците;

▫ опкружувањето;

▫ блокирање на автобуските ленти и стојалишта;

▫ блокирање на тротоарите и пешачките премини

15.

Што представува сообраќајната прогноза?

a)

завршен дел на системските работни методи кои треба да овозможат резултат на планот

b)

основа на сообраќајното планирање

c)

се работи за предвидување, односно во изнаоѓање на идната сообраќајна структура за идните сообраќајни побарувачки

16.

Што е патна мрежа?

a)

хиерархиски уреден систем на сообраќајни објекти кои служат за движење и мирување на патнички и товарни возила

b)

збир на различни конструктивни елементи чиј вид, димензии и меѓусебни односи зависат од категоризацијата на сообраќајниците

c)

изградба на простор за задржување и прифаќање

17.

Што се Ленти за забрзување и успорување

a)

служат за престројување на возила кои го менуваат правецот

b)

се градат на поедини делници од главните сообраќајници, каде поради поголем надолжен нагиб бавните возила може да предизвикаат намалување на протокот

c)

служат за влезно-излезни операции на сообраќајот за ублажување на неповолните ефекти на сообраќајниот ток

18.

Што се Ленти за застанување?

a)

составен дел на коловозниот профил кај сите главни сообраќајници

b)

неопходен елемент кај автопатите, за застанување на возила поради дефект или поради друга причина мора да се исклучат од сообраќајниот ток

c)

проширувања изградени на коловозот од десна страна кои се наменети за надолжно паркирањ

19.

Што е попречен профил?

a)

збир на различни конструктивни елементи чиј вид, димензии и меѓусебни односи зависат од категоризацијата на сообраќајниците,структурата на корисникот и експлоатациониот показател

b)

главен функционален дел на коловозот

c)

местата на пресекување на сообраќајните токови на кои постои можност за судар

20.

Ширината на лентите за непрекинато возење е:

a)

2,0 м - 3,0 м

b)

3,0 м - 3,5 м

c)

3,0 м - 3,75 м