WorksheetsПроверка на знаењата за седмо
Total questions: 20
Worksheet time: 16mins
Литературата според внатрешните својства се дели на:
(a)
Поезијата според создавачот е поделена на:
домашна и туѓа
народна и авторска
позната и непозната
Каква е следната песна според создавачот?
Болен Дојчин
...Двори мете лична Анѓелина,
двори мете,ситни солзи рони,
ја догледа брат и Болен Дојчин:
-Зошто,сестро,мила Анѓелино,
двори метеш,ситни солзи рониш?
народна
авторска
Во народната поезија авторот е :
познат
анонимен
Народната поеија има:
променлива содржина
непроменлива содржина
Основни елементи на лириката се :
(a)
Кои се белезите на песната ,,Денови“(според создавачот)?
авторот е познат
создавана е усно
непроменлива содржина
индивидуална творба
Говорот со кој се служат луѓето од едно подрачје
се нарекува (a)
Kои дијалекти ја даваат основата на литературниот македонски јазик?
велешки,прилепски,битолски
струмички,беровски,кумановски
На кој дијалект е напишан следниот текст:
Гускарот и ламјата
Си биле тројца брајча и си тргнале по к’смет,по работа.Одет ,одет,наождет на едно место една ламја к’ј што си го работет лојзето.Брајчата појдвет к’де неја и е опитвет али е требет измечари,а таа им велит:
-Ми требет,ами како,ми требет,ево лојзево да се работат требит.
-Народна приказна
скопски
кумановски
охридски
Самогласно р има во зборот:
кромид
зграда
прстен
дрво
Според правилата звучните согласки на крајот од зборот се изговараат
како што се напишани
со обезвучување
Чувствата и нивната изразност се најдоминантни во:
лирската песна
драмата
расказот
Песната во која се критикуваат човековите мани според мотивот е:
(a)
Со кој знак се бележи акцентот

На кој начин се решава дилемата при пишување на звучните согласки на крајот од зборот?
со членување
со ставање во множина
Напиши ги правилно зборовите :прс,сакаф,дап,фторник
(a)
Акцентот во македонскиот јазик е :
звучен
силен
определен и динамичен
слободен
Во кој збор има отстапка од третосложно акцентирање
тетратка
играјќи
македонски
мајка
Пронајди ги погрешно акцентираните зборови:
дваесе՛т и пет
носе́јќи
уба́вина
плани́на
