Font size
WorksheetsТест за тема 2: Како ги гледаме нештата околу нас
Total questions: 16
Worksheet time: 14mins
Светлината патува:
а) под одреден агол
б) по права линија
в) во различни насоки
Сенките се создаваат:
а) кога нема светлина на предметот
б) кога светлината е премногу јака
в) кога ќе се блокира светлината
Според тоа дали предметите ја пропуштаат или не светлината, предметите ги делиме на:
а) сјајни, прозрачни, невидливи
б) провидни, прозрачни, непровидни
в) непровидни, сјајни, провидни
Огледалото е површина која:
а) правилно ја одбива светлината
б) неправилно ја одбива светлината
в) воопшто не ја одбива светлината
Темните и црни предмети:
а) правилно ја одбиваат светлината
б) ја апсорбираат светлината
в) неправилно ја одбиваат светлината
Белата светлина:
а) содржи само три бои
б) не содржи бои - таа е безбојнa
в) ги содржи боите на виножитото
Зракот кој паѓа на површината на огледалото го викаме:
а) одбивен зрак
б) мешан зрак
в) упаден зрак
Перископот претставува направа за:
а) мерење на висина
б) мерење на должина
в) посматрање на нештата
Предметите кои ја пропуштаат светлината ги викаме:
а) неппровидни
б) провидни
в) сјајни
Кои од дадениве материјали ја рефлектираат светлината:
а) огледало, песок, асфалт
б) песок, мирна водена површина, стакло
в) огледало, стакло, мирна водена површина.
Ударниот агол:
а) е еднаков со рефлектираниот
б) не е еднаков со рефлектираниот
в) меѓу себе се поклопуваат
Кога светлината ќе наиде на провиден материјал таа:
а) се расејува
б) поминува низ него
в) целосно се одбива
Каков извор претставува Сонцето?
Дали Месечината е извор на светлина? Објасни.
Кога светлината се одбива од еден предмет, велиме дека таа се...
Оглеладото се користи на повеќе места или начини. Наброј барем три:
