wayground logo

Free Printable Worksheets

NEW

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Прашања за утврдување - Тема 2 9 одд.

Total questions: 13

Worksheet time: 7mins

Name
Class
Date
1.

Кое тврдење е точно:

a)

Цветот секогаш има иста форма и димензија

b)

Поленот се создава во прашниците, а јајце - клетката во плодникот

c)

Инсектите се хранат со слаткиот нектар што се создава во прашниците

d)

Толчникот е изграден од устенце и плодник

2.

Соединувањето на машката и женската гамета при оплодувањето кај цветот се случува во:

a)

Коренот

b)

Листот

c)

Плодникот

d)

Поленот

3.

Сашо треба да истражи опрашување на цвет од бреза. Цветот е во ресесто соцветие и заклучил дека се опрашува со:

a)

Птици

b)

Инсекти

c)

Човек

d)

Ветер

4.

Јана треба да објасни зошто на поленовите зрна им треба помош да стигнат до јајце - клетката:

a)

Затоа што поленовите зрна се мазни

b)

Затоа што поленовите зрна немаат способност за пливање како сперматозоидите

c)

Затоа што патот до јајце клетката е долг

d)

Затоа што немаат доволно енергија

5.

Кога машкото јадро ќе се спои со женското јадро во семеновиот зачеток, тогаш се формира:

a)

Ембрион

b)

Зигот

c)

Полен

d)

Семена обвивка

6.

Опрашување е:

a)

Привлекување на инсектите и птиците кон цветот

b)

Формирање семе

c)

Пренесување на поленовите зрна до устенцето на цветот

d)

Пренесување на поленовите зрна до семеновиот зачеток

7.

Зошто семињата се расејуваат:

a)

Новите растенија да имаат подобра шанса за преживување

b)

За да се натпреваруваат кое повисоко ке израсне

c)

За да бидат далеку од родителското растение

d)

За да ги има насекаде низ живеалиштето

8.

Маја добила задача да размножи растение по вегетативен пат. За таа цел го одбрала растението:

a)

Даб

b)

Компир

c)

Липа

d)

Јаболко

9.

Предноста на бесполово размножување се гледа во:

a)

Комбинирање на наследните особини од двата родитела

b)

Населување на поголеми површини по пат на расејување на семето

c)

Новите растенија се населуваат блиску до родителските

d)

За кратко време се добиваат голем број нови единки

10.

Куркумата се размножува бесполово со помош на :

a)

Грутка

b)

Ризом

c)

Сталон

d)

Луковица

11.

Семето кај растенијата потекнува од:

a)

Семеновиот зачеток

b)

Плодникот

c)

Толчникот

d)

Ембрионот

12.

Горјан прави дисекција на семе. Помеѓу котиледоните забележува :

a)

Зигот

b)

Машка гамета

c)

Женска гамета

d)

Ембрион

13.

Тања треба да засади семки од грав. За успешно да изртат треба на семињата да им обезбеди:

a)

Светлина, вода и воздух

b)

Светлина, вода и топлина

c)

Топлина, вода и воздух

d)

Вода, воздух и почва