Wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Полугодишен тест

Total questions: 22

Worksheet time: 25mins

Name
Class
Date
1.

Во реченицата :Со учење се станува учен и ценет човек.

Нелични глаголски форми се:

a)

учење и учен

b)

учење и ценет

c)

учење, учен и ценет

d)

човек и ценет

2.

Во реченицата:„Мамо, што направи за ручек денес?“ акцентска целост е:

a)

мамо што направи

b)

што направи

c)

за ручек

d)

што направи за ручек денес

3.

Првите печатени книги во Македонија биле

a)

со религиозна содржина

b)

напишани на народен јазик

c)

отпечатени во првата половина на 19 ти век

d)

отпечатени во средината на 19 ти век

4.

Баладата

a)

е лирско-епска песна со трагичен крај

b)

опева тажен настан

c)

може да е уметничка и народна

d)

се појавила во 16 ти век

5.

Во македонската литература балади пишувале:

a)

Кочо Рацин

b)

Коле Неделковски

c)

Блаже Конески

d)

Константин Миладинов

6.

Во кое време е глаголот во реченицата?

1.Од густата магла не го гледаме патот.

a)

сегашно време

b)

минато определено свршено време

c)

минато определено несвршено време

7.

Од која глаголска група е глаголот во реченицата?

1.Езерото како да ни шепотеше.

a)

а-глаголска група

b)

и-глаголска група

c)

е-глаголска група

8.

Во која реченица има сложена глаголска форма?

a)

Не разбраа што им зборувавме.

b)

Од мала сакаше да се шминка.

c)

Вели дека не се плаши да скокне од високо.

d)

Рекоа ќе сте оделе на натпревар.

9.

Во реченицата:„ Никој не излезе додека врнеше дожд“ нелична глаголска форма е:

a)

врнеше

b)

не излезе

c)

дожд

d)

ниедна од наведените

10.

Глаголот ДОАЃА во второ лице множина минато определено несвршено време гласи:

a)

дојдовте

b)

доаѓавте

c)

доаѓате

d)

дојдоа

11.

Во романсата се слави:

a)

љубовта

b)

упорноста

c)

горделивоста

d)

хуморот

12.

Прости и сложени можат да бидат:

a)

неличните глаголиски форми

b)

личните глаголски форми

c)

безличните глаголски форми

13.

Во која реченица глаголската форма е во минато определено свршено време?

a)

Петре со задоволство ја чита книгата.

b)

Петре со задоволство ја читаше книгата.

c)

Петре со задовослтво ја дочита книгата.

d)

Петре со задоволство ќе ја прочита книгата.

14.

Во која реченица глаголската форма е во минато определено несвршено време?

a)

Марија цел ден не седна да руча.

b)

Јас и сестра ми вчера бевме кај баба ми в село.

c)

Мајка ми ќе ми ја купеше лектирата.

d)

Марко не повикан дојде на роденден кај Томе.

15.

Во која реченица акцентската целост е правилно обележана и акцентирана?

a)

НЕ_знаев дека сум_дЕжурен.

b)

Не_ знаЕв_ дека сум дежурен.

c)

Не знаев дека сУм_ дежурен.

d)

НЕ_ знаев дека_сум_ дЕжурен.

16.

Двете гледишта за формирање на македонски литературен јазик се појавиле во:

a)

почеток на 19 ти век

b)

прва половина на 19 ти век

c)

втора половина на 19 ти век

d)

крајот на 19 ти век

17.

Глаголската л-форма нема

a)

промена по лице

b)

промена по род

c)

промена по број

18.

Во која реченица-и има безличен глагол?

a)

Не можев да голтам зашто ме болеше грлото.

b)

На базен одиме за пливање.

c)

Кога се врати се фати за работа.

d)

Никој не излезе додека врнеше.

19.

Заедничко за баладата и романсата е што се (a)   песни.

20.

Луѓето велат дека секој поминат под виножито има многу среќен живот.

Од глаголската придавка во реченицата образувај глаголски прилог.

(a)  

21.

Мислејќи на времето не успеав да го дорешам тестот.

Од неличната глаголска форма образувај глаголска именка во множина.

(a)  

22.

Не излегувај надвор бидејќи се уште немаш научено за утрешниот тест на кој треба да ја поправиш оценката.

Во реченицата личните глаголски форми се во (a)   време.