WorksheetsСоздавање и ширење на словенската писменост
Total questions: 30
Worksheet time: 14mins
Заедно со своите браќа ја преминавме реката Дунав и за неколку месеци пристигнавме во една земја каде сонцето силно свети а реките се полни со вода и овде нашиот старешина кажа да застанеме бидејќи е ова земјата која нашите предци ја опишаа. Од населението слушнавме дека оваа земја се вика Македонија. Оваа патување на словенските племиња се случило во периодот од ....
крајот на VI и почетокот на VII век
крајот на V и почетокот на VI век
крајот на IV и почетокот на V век
Јас припаѓам на племето Сагудати, мои сродни племиња се .........
Франките, Вандалите, Визиготите
Драговити, Ринхини, Берзити
Берзити ,Римјани, Готи
Нашето племе и племето на Берзитите формиравме една област. Таа област од византијците беше наречена ...........
Драговитија
Берзитија
Склавинија
Склавинијата која што ја формиравме ја нарековме Драговитија, но најголемата и најпозната склавинија во Македонија која беше наш сосед се викаше ............
Драговитија
Берзитија
Ринхинија
Навечер пред оганот ги слушавме приказните за Берзитија, и желбата да се посети таа моќна држава беше се поголема. Затоа едно утрово раните утрински часови се упативме кон престолнината на Берзитија, после неколку часовно пешачење се појавија ѕидините на престолнината која беше позната како?
Охрид
Прилеп
Солун
Кога стигнавме во престолнината на Берзитија,стражарите на капијата веднаш не однесоа кај кнезот ....
Акамир
Атила
Александар
Бевме топло пречекани од кнезот Акамир кој се интересираше од каде доаѓаме, во еден глас одговоривме од долината на Велика. А Велика беше?
Еригон
Аксиос
Стримон
За време на разговорот се спомна градот Солун кој што беше уште еден од преубавите градови. И беше формиран сојуз кој имаше за цел првпат да го нападне градот Солун. после неколку дена се вратиме назад и ја споделивме радосната вест дека тргаме на Солун.
Првиот напад заеднички се случи во .............
584 година
618 година
674 година
Разочарани од неуспехот (не успеавме да го освоиме Солун), во наредните години пробавме уште неколку пати но без успех. Ѕидините на Солун беа неосвоиви. Убедени дека овој пат дека ќе го освоиме Солун со нас ги земавме семејствата, две години живеевме пред ѕидините на Солун, многу од нашите загинаа овде но сепак безуспешно. Оваа опсада беше најголемата и се случи во ..........
618 година
674
665
И тука не беше крајот на нашите напади. Повторно во 674 нападнавме под водство на Ринхините кои беа предводени од големиот кнез ..........
Пребонд
Хацон
Борис
Доколку на час по историја се спомнува поимот глаголица тоа се однесува на:
првата словенска азбука создадена од Кирил и Методиј
првата словенска азбука создадена од Климент и Наум
првата словенска азбука создадена од Кирил и Климент
Богомилите и богомилското учење сметале дека постојат ..............
две сили, доброто и злото кои се надополнуваат меѓу себе
две сили, доброто и злото кои се во постојана борба
две сили, праведна и неправедна
Дејноста на Кирил и Методиј има општословенско значење затоа што:
тие го рашириле христијанството меѓу словените
тие го рашириле христијанството и писменоста во Моравија
тие ги поставиле основите на словенската писменост и култура
Која била целта на сојузот на словенските племиња предводен од Пребонд?
да завладеат со Македонија
да го освојат Солун и да ја сменат византиската власт
да ја освојат Византија
Богомилското движење во Македонија се појавило за време на:
Владеењето на бугарскиот цар Петар во X век
Владеењето на бугарскиот цар Симеон во X век
Во време на владеењето на Византискиот цар Михаил III во X век
Кој од наведените се нарекувал Филозофот?
Константин
Климент
Методиј
Зошто кнезот Ростислав го замолил византискиот цар, да му испрати учени луѓе кои ќе го проповедаат христијанството на словенски јазик?
германските свештеници проповедале на латински а тој не бил разбирлив за словените
германските свештеници проповедале на германски а тој не бил разбирлив за словените
германските свештеници проповедале на грчки а тој не бил разбирлив за словените
Зошто биле принудени да одат во Рим, Кирил и Методиј?
Биле наклеветени дека шират лажно учење за христијансвото
Биле наклеветени дека го шират христијанството и повеќе од што треба
Биле наклеветени дека го шират богомилството
Зошто Климент заминал во Охридско-Деволската област?
се скарал со бугарскиот цар
христијанството не било многу проширено
се скарал со германските свештеници
Според текстот кој стигнал во Велиград, Моравија?
Климент и Наум
Кирил и Методиј
Методиј и Наум
Со која реченица авторот ни кажува дека словените немале писмо?
Мојот народ е вешт на мечот, но прост на перото
Зошто го донесовте најскапиот дар за човекот и народот, а тоа е сонцето
Небото над неа е поцрнето од црните врани
Востанието кое комитопулите го кренаа во 969 година беше против?
Византијците
Бугарите
Русите
Што е тоа тетрархија ?
Владеење на двајца
Владеење на тројца
Владеење на четворица
Востанието во 976 година било против Византијците
Точно
Неточно
Царот Самуил НЕ се сретнал со словенските просветители Климент и Наум затоа што
Тие биле во Рим
Тие биле во Моравија
Тие живееле во различни периоди
Во битката кај местото наречена Трајановата Порта во 986 год. браќата Самуил и Арон извојуваа победа над:
Византија
Бугарија
Унгарија
Која била првата престолнина на Самоил?
Охрид
Прилеп
Преспа
Кој плаќал данок во државата на Самоил?
селаните и благородниците
благородниците и занаетчиите
занаетчиите и селаните
Битката на Беласица се случила во ?
1014 г.
1018 г.
986 г.
Самоиловото царство се наоѓа во?
Европа
Азија
Африка
