WorksheetsПедагогија на слободно време
Total questions: 14
Worksheet time: 7mins
Платон за слободното време ја има следната концепција:
Идеалистичка и религиозна
Реална, конкретна, приземна, хуманистичка
Религиозна и хуманистичка
Концепцијата на Аристотел за слободното време е:
Реална, конкретна, приземна, хуманистичка
Идеалистичка и религиозна
Религиозна и хуманистичка
Како се одвивало слободното време во стар Рим:
Во природа, секој го поминувал слободното време според сопствено видување
На разновидни јавни места: форуми, амфитеатри, бањи, циркуси
Со религиозни обреди
, Слободното време според Карл Маркс е време кое:
Дава простор за слободна дејност и развиток
Треба да се искористи за производна работа
Треба да се помине во рекреација и разонода
Определи ги факторите на организирање на слободното време (се бара најцелосниот одговор):
Семејството, предучилишните институции и современото училиште
Семејството, предучилишните институции, современото училиште, детските организации, културните и други јавни институции и организации, средства за масовна комуникација, потесната општествена средина
Културните и други јавни институции и организации, средства за масовна комуникација, потесната општествена средина
Детските организации, културните и други јавни институции и организации, средства за масовна комуникација
Театрите, кината, библиотеките, читалните, галериите и музеите спаѓаат во:
Културни и други јавни институции и организации
Општествени организации
Детски организации
Средства за масовна комуникација
Потесната општествена средина во која детето живее, а посебно однесувањето на возрасните на јавните места, извор се и фактор на силно воспитно влијание:
Не
Да
Понекогаш
1Принципот кој укажува на потребата индивидуата да се поттикнува на самостојна творечка дејност, за сопствено изразување на склоностите и способностите се нарекува:
Принцип на организираност
Принцип на самоактивност
Принцип на прилагоденост
Принцип на слобода
Принципот на индивидуалност се однесува на:
Можноста секој корисник и учесник да има право слободно да ги бира активностите
Општата и конкретната организација на слободното време
Слободниот избор во согласност со желбите, интересите, склоностите, занимањето, можностите и потребите на секој учесник во активностите на слободното време
Барањето слободното време да создава такви можности за негово користење кои на поединецот ќе му овозможат разновидни форми и начини на негово реализирање
Барањето при вклучувањето во слободните активности да се води сметка за можностите и способностите на секој учесник според полот, возраста и степенот на психофизичкиот развој на личноста се однесува на:
Принципот на колективност
Принципот на прилагоденост
Принципот на слобода
Принципот на осмисленост
Принципот на аматеризам претставува добра основа за децата:
Да се занимаваат со активности од кои немаат непосредна корист и материјална вредност
Да имаат право слободно да ги бираат активностите, видот и времето кога сакаат со нив да се занимаваат
Слободно да ги бираат активностите, но секоја од нив да има позитивно значење и педагошка смисла
Да ја развијат смислата и духот за заедничко решавање на поставените задачи и заедничка одговорност
1Учеството на децата во литературни, рецитаторски, драмски, балетски и други активности примарно е од областа на:
Интелектуалното воспитание
Естетското воспитание
Моралното воспитание
Работното и техничко воспитание
1 Во следните слободни активности доаѓа до правилен физички развој на децата и учениците:
Активни телесни вежби, спорт и спортски игри
Свирење на музички инструмент и разновидни игри на музика
Слободни игри од различен вид
1Слободните активности кои се насочени кон формирање на позитивните црти на карактерот на личноста, влијаат пред се врз развојот на:
Интелектуалното воспитание
Моралното воспитание
Естетското воспитание
Работното и техничко воспитание
