Font size
WorksheetsКвиз - Неменливи зборови
Total questions: 16
Worksheet time: 10mins
Според морфолошката класификација, зборовите се поделени на :
Менливи
Глаголи
Неменливи
Епитети
Менливите зборови:
не претрпуваат никакви промени. Тие секогаш се јавуваат во истата форма
може да претрпуваат промени, односно со додавање префикси и суфикси го менуваат своето граматичко значење
Неменливите зборови:
Може да претрпуваат промени, односно со додавање префикси и суфикси го менуваат своето граматичко значење.
Не претрпуваат никакви промени. Тие секогаш се јавуваат во истата форма.
Дел од менливите зборови се:
именки
прилози
придавки
извици
глаголи
Дел од неменливите зборови се :
прилози, предлози
заменки
именки и придавки
извици, честици
сврзници
Предлози се:
Предлози се менливи зборови, кои ја опишуваат именката.
Предлози се неменливи, службени зборови кои покажуваат различни односи меѓу зборовите во реченицата.
Следниве зборови: в, во, до, заради, како, кон, поради, меѓу, за, со и низ - се:
Придавки
Прилози
Предлози
Прилози се :
Полнозначни зборови кои го објаснуваат глаголското дејство според време, место, начин, количество.
Менливи зборови кои ги менуваме по време, лице и број.
Во реченицата: Тука не може да ги оставиш своите работи. Онеси ги долу, те молам. Препознаваме:
Прилог за време
Прилог за начин
Прилог за место
Прилог за количество
Во реченицата: Во салата за спорт имаше многу ученици. Иако неколку беа отсутни. Препознаваме:
Прилог за време
Прилог за место
Прилог за количество
Прилог за начин
Сврзници се:
Неменливи зборови кои поврзуваат други зборови или цели реченици во составот на сложената реченица.
Неменливи зборови кои го опишуваат глаголското дејство.
Сврзниците според составот се делат на:
прости – составени од еден збор : и, а, но, ама, или, да итн.
различни во секоја реченица
сложени – составени од два или повеќе збора : за да, макар што
Во следните примери, одреди што поврзуваат сврзниците:
Јас ќе одам во парк и ќе се сретнам со Ивана.
Бевме кај Зоки и јадевме компирчиња.
Учениците размислуваа за задачата и одговараа на дадените прашања.
Зборови
Реченици како дел од сложена реченица
Глаголски дејства
Следниве зборови: како, добро, лошо, силно, слабо, така, вака, инаку, онака, брзо, полека - се:
Прилози за време
Предлози
Прилози за начин
Прилози за количество
Следниве зборови: кога, вечер, утре, лани, денес, доцна, рано, тогаш, некогаш, никогаш - се:
Придавки
Прилози за време
Предлози
Прилози за место
Зборовите: и, па, та, не само што - туку и, ама, ами, туку, пак, а пак, но, меѓутоа, да, за да - се:
Прилози
Предлози
Сврзници
Извици
Модални зборови
