wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Вежби за пронаоѓање стилски фигури

Total questions: 14

Worksheet time: 7mins

Name
Class
Date
1.

Песната „Денови“ од Кочо Рацин започнува со стилската фигура во која се споредуваат деновите на аргатите со ѓердан од камења (КАКО на вратот ѓердани / ниски камења студени). Тоа стилско изразно средство се вика:

a)

Ономатопеја

b)

Метафора

c)

Компарација

d)

Апостроф

2.

Одреди која од наведените стилски фигури е застапена во стиховите:

„Разделија села и чифлици,

разделија поле и планина.“

a)

епифора

b)

анафора

c)

епитет

3.

Одреди која од наведените стилски фигури е застапена во стиховите:

„Не, ја не можам овде да седам,

не, ја не можам мразој да гледам!“

a)

епитет

b)

анафора

c)

епифора

4.

Преку примерот "бел ден ,, искажана е стилската фигура:

a)

епитет

b)

анафора

c)

епифора

5.

Одреди која стилска фигура ги збогатува именките во овие стихови:

„Во темни гори високи,

над вишни гранки столетни...“

a)

анафора

b)

епифора

c)

епитет

6.

Стилската фигура во која се повторуваат истите зборови на крајот од стихот се вика:

a)

анафора

b)

епифора

c)

епитет

7.

Одреди која стилска фигура ги збогатува именките во овие стихови:

„...една ноќ лична посребрена леткаа палави снегулки...“

a)

анафора

b)

епифора

c)

епитет

8.

Стилската фигура со која поетот им се обраќа на неживи суштества, апстракни поими, предмети се вика:

a)

Градација

b)

Апострофа

c)

Епитет

d)

Рефрен

9.

Препознај ја стилската фигура во следниве стихови ,, О времиња, што ве в мрак родото мој ве минал‘‘

a)

Рефрен

b)

Апострофа

c)

Компарација

d)

Ономатопеја

10.

Препознај ја стилската фигура каде имаме постепено интензивирање на емоциите:

,,Прва година помина

грутка в срцето и легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.‘‘

(Ленка – К.Рацин)

a)

Апострофа

b)

Рефрен

c)

Градација

d)

Компарација

11.

Стилска фигура со која се имитираат звуци од природата или животни како што имаме во следните стихови се вика:

Клип-клоп, клип-клоп,

се носел звук

во ноќта црна…

a)

Епитет

b)

Анафора

c)

Ономатопеја

d)

Апострофа

12.

Стилска фигура каде што има повторување на еден или повеќе стихови во песната се вика:

a)

Апострофа

b)

Градација

c)

Рефрен

d)

Метафора

13.

…Срце – порта највисока

срце – куќа најширока…

(Татунчо – К.Рацин)


Стилската фигура со која не се кажува што со што се споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата, уште позната е како скратена компарација е :

a)

Хипербола

b)

Компарација

c)

Метафора

d)

Анафора

14.

Која стилска фигура ја препознаваш во следните стихови:

Глава има колку еден казан,

уши колку два таруна,

очи има колку два шиника.

Он ми сака голема таина:

на ден ми сака една фурна леба,

и ми сака по две бочви вино,

и ми сака по бочва ракија,

и ми сака по три млади крави…

(Болен Дојчин – народна песна)

a)

Рефрен

b)

Апострофа

c)

Хипербола

d)

Ономатопеја