Font size
WorksheetsПовторување - Синтакса
Total questions: 27
Worksheet time: 15mins
Науката за јазикот која ја проучува реченицата и ги проучува способностите на зборовите да се поврзуваат меѓу себе се вика:
морфологија
етимологија
синтакса
лингвистика
Сложена реченица е онаа која има
најмалку два предмети
најмалку два подмети
најмалку два прироци
најмалку две прилошки определби
Целина од говорот со која е искажана или запишана една завршена мисла се вика...
слог
реченица
збор
Простите реченици во една сложена реченица се нарекуваат:
а. Прости реченици
б. Дел-реченици
в. Сложени реченици
г. Сврзнички реченици
Како се вика создавaчкиот член на реченицата?
подмет
прирок
пролошка определба
Определи го предметот во реченицата. Тој обожава хамбургер
индиректен
предлошки
директен
прилошки
Иван го сретна Јован. Кој збор е предмет?
нема предмет
Јован
Иван
сретна
Наставникот им се заблагодари на родителите.
Каков предмет е употребен?
директен
прилошки
директен и предлошки
индиректен
Тие се скараа за фудбал. Каков предмет е употребен?
директен
индиректен
предлошки
прилошки
Нему наеднаш му се разбистри умот. Каков вид на предмет имаме во оваа реченица
?
Директен
Индиректен удвоен
Предлошки
Индиретен неудвоен
Викни ја само Билјана. Кој збор е предмет?
ја, Билјана
само
Билјана
ја
Кој збор е директен предмет во реченицата:Тој му одржа лекција на Иван.
тој
лекција
на Иван
му
Наставничката нив ги искара за грешката.Кој збор е предлошки предмет?
нив ги
за грешката
наставничката
грешката
Се засрами од направеното. Каков предмет е употребен
удвоен директен
предлошки
удвоен индиректен
директен
Атрибутот и апозицијата се
главни реченични членови
неопход ни реченични членови
второстепени реченични членови
Препознај ја апозицијата во следнава реченица ,, Марко Цепенков, собирач на народни умотворби, е роден во Прилеп.‘‘
Марко Цепенков
собирач на народни умотворби
е роден
во Прилеп
Препознај ја апозицијата ,, Мечката влезе во пештерата, нејзиното живеалиште. ‘‘
Мечката
влезе
во пештерата
нејзиното живеалише
Селектирај кои атрибути ги препознаваш во реченицата ,, Ме воодушевија петте балерини. Лебедовото езеро сега ми е омилен балет ‘‘
Балерини
петте
лебедовото
омилен
Кои од следниве реченици се сложени реченици?
Убава е природата во пролет.
Утрово ќе се искачувам на блиската планина, ќе шетам со пролет во мислите и леснотија во чекорот.
Собирам пари за подарок на другарот, ќе прави роденденска забава следната недела
Ќе му купам убав син часовник со сребрено ремче.
,, Пролетните води неуморно ја носат пролетта, знам дека пролетта не простува никому ‘‘
На кој вид припаѓа сложенава реченица?
Сврзничка реченица
Бесврзвничка реченица
Зависносложена реченица
Независносложена речениа
Каков вид реченица е ,, Липата трепери кога заоѓа сонцето‘‘
Сврзничка реченица
Независносложена реченица
Зависносложена реченица
Таа стоеше пред училиштето и гледаше кон вратите. - Каков вид реченица е?
Зависносложена реченица
Независносложена реченица
Сврзничка реченица
Несврзничка реченица
Нина дојде за да ме расположи. - Каков вид реченица е оваа?
Независносложена реченица
Зависносложена реченица
Проста реченица
Сврзничка реченица
Кој е атрибутот во следнава реченица?
„Убавата Теа ми намигна со окото и јас се заљубив.“
убавата
окото
јас
Дали во следнава реченица има подмет?
„Излезе низ вратата и повеќе не ја видов.“
Да, подметот е таа.
Не, подметот е изоставен.
Дали во следнава реченица има прилошка определба за место?
„Ја отворив вратата и истрчав надвор.“
Да
Не
Независносложени реченици се оние реченици во кои
односот помеѓу дел - речениците е независен.
дел - реченицата зависи од главната реченица.
дел - реченицата не зависи од главната дел - реченица.
