wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Инклузивниот јазик во нашето училиште

Total questions: 7

Worksheet time: 4mins

Name
Class
Date
1.

Инклузивниот јазик е форма на комуникација која избегнува користење зборови,изрази или претпоставки кои би ги стереотипизирале,понижувале или исклучувале луѓето

a)

точно

b)

неточно

2.

Инклузивниот јазик е важен затоа што...

a)

се однесува на лицата со попреченост.

b)

вклучува зборови и фрази кои овозможуваат секој да се почувствува важен,почитуван,вклучен.

3.

Кој од наведените описи НЕ би бил пример за јазик насочен кон личноста(личноста на прво место а попреченоста на второ место)?

a)

Марко се движи со количка.

b)

Глува жена.

c)

Лице со Даунов синдром.

d)

Лице без попреченост.

4.

Во кој од наведените описи НЕ е користен јазик со кој лицето со попреченост е прикажано како супер - херој или како жртва?

a)

Ученичката и покрај својот хендикеп постигнува добри резултати.

b)

Ученичката е жртва на церебрална парализа.

c)

Ученичката постигнува одлични резултати.

5.

КоЈ од наведените изрази НЕ е понижувачки?

a)

ретардиран

b)

хендикепиран

c)

лице кое е слепо

d)

инвалид

e)

ненормален

6.

Наместо изразот "Ученикот е врзан за инвалидска количка" најсоодветно е да се каже:

a)

Ученикот е врзан за количка.

b)

Ученикот е прикован за инвалидска количка.

c)

Ученикот се движи со инвалидска количка.

d)

Ученикот се движи со количка.

7.

Можете да кажете "ајде да се прошетаме"на лице што користи количка или " да видиме како тоа се прави" на лице кое е слепо или да му напишете " дали слушна што се случило"? на лице што е глуво.

a)

точно

b)

неточно