wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

А. III Прашања од системот на управното право, управната пост

Total questions: 109

Worksheet time: 27hrs 15mins

Name
Class
Date
1.

1. Управни работи претставуваат... 

a)

a) сите акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи, а со кои се решава или влијае на правата, обврските или правните интереси на физичките лица, правните лица или другите странки во постапката, како и секоја друга работа која што е одредена како управна со посебен закон

b)

б) активностите на Управниот суд

c)

в) акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи

2.

2. Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку... 

a)

a) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон 

b)

б) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон

c)

в) не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон

3.

3. „Јавен орган“ претставуваат... 

a)

a) министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;

b)

б) министерствата, органите на државната управа, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје

c)

в) министерствата, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;

4.

4. „Колегијален орган“ претставува... 

a)

a) тело кое е составено од три или повеќе членови, а кое врз основа на закон е овластено да постапува, решава и презема други управни дејствија во управни работи

b)

б) тело кое е составено од најмалку два членови

5.

5. „Управен акт“ е...

a)

a) поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките

b)

б) поединечен акт на јавенорган и на управен суд 

c)

в) секој поединечен акт

6.

6. „Странка“ е ...

a)

a) секое физичко

b)

б) физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка,

c)

в) секое физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка, против кое е поведена управната постапка, кое е вклучено во постапка поведена по службена должност, или кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во управната постапка. Странка може да биде и јавен орган, подружница или друга деловна единица на трговско друштво, населба и слично или група лица, иако немаат својство на правно лице;

7.

7. „Управен договор“ е...

a)

a) секој договор што го склучува јавниот орган

b)

б) договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење на јавни овластувања од надлежност на јавниот орган, кога тоа е утврдено со посебен закон

c)

в) договор помеѓу јавниот орган и друго правно лице

8.

8. „Реален акт“ е...

a)

a) акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија

b)

б) секој акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор

c)

в) јавните информации, примањето изјави и водењето евиденција

9.

9. Јавните органи постапуваат во согласност со...

a)

a) законите

b)

б) законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија

c)

в) Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија

10.

10. Во управната постапка, полномошно...

a)

a) може да се даде писмено или усно на записник

b)

б) не може да се даде 

c)

в) може да се даде и на надриписар

11.

11. Поднесоците можат да се предадат .... 

a)

a) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник и да се поднесат во електронска форма согласно закон

b)

б) по пошта

c)

в) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник

12.

12. Како се потврдува предавањето на писменото во управната постапка?

a)

a) Јавниот орган по службена должност издава потврда, односно доказ за приемот, кој ги вклучува датумот и времето на приемот на поднесокот, предметот на барањето, списокот на приложени документи и роковите за издавање на управниот акт.

b)

б) со доставница која ја потпишува примачот

c)

в) со доставница која ја потпишува било кој возрасен член од семејството на примачот

13.

13. Доставата во управната постапка се врши по пат на:

a)

а) препорачано писмо, преку лично, посредно или јавно доставување, како и по електронски пат или со официјално објавување.

b)

б) непрепорачана поштенска пратка 

c)

в) итна пратка

14.

14. Кога се работи за доставување на писмено во управна постапка, на странка чие живеалиште, односно седиште е непознато, или кога се работи за акти кои се однесуваат на повеќе странки, јавниот орган доставата...

a)

a) ја врши со јавна објава

b)

б) ја врши преку Министерството за внатрешни работи 

c)

в) не ја извршува

15.

15. Ако последниот ден на рокот за одредено дејствие во управна постапка е неработен ден, ден на државен празник  и неработен ден кој се празнува , рокот истекува...

a)

a) на првиот нареден работен ден

b)

б) на првиот нареден ден 

c)

в) на истиот ден

16.

16. Роковите во управната постапка се сметаат на ...

a)

a) денови, месеци и години може и во часови 

b)

б) денови и месеци

c)

в) денови и недели

17.

17. Апсолутниот рок за враќање во поранешна состојба во управната постапка е ... 

a)

a) шест месеци

b)

б) една година

c)

в) три години 

18.

18. До кого се поднесува предлогот за враќање во поранешна состојба во управната постапка? 

a)

a) до  јавниот орган кај кого требало да се изврши пропуштеното дејствие

b)

б) до Управниот суд 

c)

в) до Државниот управен инспекторат

19.

19. Кој ја поведува управната постапка?

a)

a) надлежниот  јавен орган по службена должност или по повод барање на странката

b)

б) Управниот суд по службена должност

c)

в) Државниот управен инспекторат по барање на странката

20.

20. Барањето за поведување на управна постапка се поднесува на ... 

a)

a) образец кој јавниот орган е должен да изготви, а на кој таксативно се наведени доказите и податоците кои странката е должна да ги приложи кон барањето и доказите и податоците кои јавниот орган надлежен за решавање на работата ги прибавува по службена должност.

b)

б) во електронска форма

c)

в) поднесок кој странката самата го подготвува

21.

21. Порамнувањето во управната постапка ...

a)

a) се запишува во записник

b)

б) се врши со донесување на управен акт 

c)

в) го врши Управниот суд

22.

22. Порамнувањето во управна постапка мора да биде секогаш јасно и определено и не смее да биде на штета на јавниот интерес или на правниот интерес на трети лица

a)

a) точно

b)

б) неточно

23.

23. Странката може да дава изјави усно на записник или во писмена форма во секоја фаза од постапката

a)

a) точно

b)

б) неточно

24.

24. Ако во текот на постапката јавниот орган кој ја води управната постапка наиде на претходно прашање,  ќе ја прекине постапката додека не се реши претходното прашање и за тоа ја известува странката.  

a)

a) точно 

b)

б) неточно

25.

25. Кога постапката по претходното прашање треба да се поведе на барање од странката, известувањето за прекинот на постапката исто така содржи и упатство за ова барање ...

a)

a) точно

b)

б) неточно

26.

26. Исправите издадени од јавен орган на странска држава, кои во земјата каде што се издадени важат како јавни исправи,. ...

a)

a) важат како јавни исправи и во нашата држава 

b)

б) важат како јавни исправи и во нашата држава, само во согласност со условите на заемност и ако се прописно заверени 

c)

в) важат како јавни исправи во нашата држава ако се прописно заверени

27.

27. Секоја јавна исправа издадена во пропишаната форма од страна на јавен орган во рамките на својата надлежност ...

a)

a) го докажува она што во неа се потврдува или определува 

b)

б) не го докажува она што во неа се потврдува или определува

28.

28. На увидот во управната постапка, странките...

a)

a) имаат право да присуствуваат

b)

б) немаат право да присуствуваат

c)

в) не се повикуваат

29.

29. Доказите и податоците за фактите за кои службена евиденција води јавниот орган надлежен за решавање или службена евиденција води друг јавен орган, односно друг субјект кој води регистар за податоци ги прибавува: 

a)

a) Странката по чие барање е поведена постапката

b)

б) службеното лице кое ја води постапката

c)

в) надлежно е вештото лице

30.

30. Во управната постапка, странкта може да ја поднесе исправата во оригинал или како заверена копија. 

a)

a) точно

b)

б) неточно 

31.

31. Воведот на управниот акт содржи:

a)

a) називот на јавниот орган што го донесува актот, пропис за надлежноста на тој орган, име на странката и на нејзиниот законски застапник или полномошник, ако го има и кратко означување на предметот на постапката.

b)

б) назив на органот што го донесува управниот акт и пропис за надлежност на тој орган 

c)

в) назив на органот што го донесува управниот акт, пропис за надлежност на тој орган и датум и место на донесување на управниот акт

32.

32. Кога е пропишано дека жалбата во управната постапка не го одлага извршувањето на управниот акт, тоа мора да биде наведено во...

a)

a) диспозитивот

b)

б) правната поука

c)

в) упатството за правно средства

33.

33. Со упатството за правна поука во управниот акт странката ...

a)

a) се известува за редовниот правен лек што може да го користи против управниот акт.

b)

б) се известува дека може да изјави жалба или друга постапка пред суд

c)

в) се известува дека нема право на жалба

34.

34. Кога против управниот акт донесен во управната постапка може да се изјави жалба, во правната поука  се наведува: 

a)

a) до кого треба да се поднесе правниот лек, во каква форма и кој е рокот за поднесување.

b)

б) во кој рок се поднесува

c)

в) во колку примероци се поднесува жалбата и износот на административната такса

35.

35. Дополнителни елемент на управниот акт се: 

a)

a) рок

b)

б) временски рок, услов и налог

c)

в) рок и налог

36.

36. Против управниот акт донесен во прв степен во управната постапка, доколку не е пропишано правото на жалба, странката има право на ... 

a)

a) жалба

b)

б) тужба 

c)

в) приговор

37.

37. Управниот акт може да содржи еден или повеќе од следните дополнителни елементи.....

a)

a) временски рок, услов и налог

b)

б) временски рок, услов или налог

c)

в) временски рок и налог

38.

38. По барање на странката, јавниот орган кој донел управен акт во усна форма ...

a)

a) не е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето

b)

б) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето 

c)

в) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од петнаесет дена од денот кога е поднесено барањето

39.

Странката може да изјави жалба против управниот акт:

a)

a) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен поинаков рок

b)

б) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт, освен ако со посебен закон не е определен подолг рок

c)

в) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен пократок рок

40.

40. Рокот за жалба за секое лице и за секој орган на кои им се доставува управниот акт донесен во управната постапка се смета...

a)

a) од денот на донесувањето на управниот акт 

b)

б) од наредниот ден од денот на доставувањето на управниот акт

c)

в) од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт

41.

41. Што мора да содржи жалба на управниот акт?

a)

a) конкретен предлог за постапување на органот кој одлучува по жалбата

b)

б) прилози кон жалбата во најмалку три примероци

c)

в) управниот акт што се побива или за кој странката поднела барање, но не добила одговор од јавниот орган, го наведува органот надлежен за донесувањето или пропуштањето на актот и причините поради коишто странката не е задоволна со управниот акт или неговото пропуштање 

42.

42. Ако жалбата во управната постапка му е предадена или испратена непосредно на второстепениот орган, тој....

a)

a) најдоцна наредниот ден му ја испраќа на органот од прв степен

b)

б) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од три дена 

c)

в) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од осум дена 

43.

43. Во управната постапка, кој испитува дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице?

a)

a) првостепениот орган

b)

б) второстепениот орган

c)

в) писарницата на Управниот суд

44.

44. Недопуштената, ненавремената или жалбата изјавена од неовластено лице, органот во прв степен ќе ја отфрли со...

a)

a) управен акт

b)

б) заклучок 

45.

45. При одлучување по жалба во управната постапка, второстепениот орган може ...

a)

a) да ја одбие жалбата, или да ја уважи жалбата и да го поништи првостепениот управен акт во целост или делумно, или да го измени управниот акт

b)

б) да ја одбие жалбата или да го поништи управниот акт

c)

в) да го укине управниот акт во целост

46.

46. Ако во постапката по жалба во управната постапка, второстениот орган утврди дека првостепениот управен акт го донел ненадлежен орган....

a)

a) ќе го поништи тој управен акт по службена должност и предметот ќе му го достави на надлежниот орган на решавање

b)

б) ќе го укине тој управен акт

c)

в) ќе одлучи мериторно по жалбата

47.

47. Ако странката се откаже од поднесената жалба, управната постапка во втор степен се запира со...

a)

a) известување

b)

б) управен акт

c)

в) записник

48.

48. Кој го доставува управниот акт донесен во втор степен во управната постапка до странката?

a)

a) првостепениот орган

b)

б) второстепениот орган

c)

в) Државниот управен инспекторат

49.

49. Ако јавниот орган утврди дека барањето за повторување на постапката е основано, тој соодветно ќе го измени или поништи побиваниот управен акт со нов управен акт. Во спротивно, јавниот орган ќе го отфрли барањето со управен акт.

a)

a) точно 

b)

б) неточно

50.

50. Против управниот акт донесен во управна постапка, вo втор степен не е допуштаена жалба.

a)

a) точно

b)

б) неточно

51.

51. Кога второстепениот орган ќе утврди дека првостепениот орган не го донел управниот акт во законскиот рок,...

a)

a) да го реши предметот

b)

б) тој треба да му наложи на првостепениот орган да донесе управен акт и да одреди рок за тоа од најмногу 30 дена по приемот на налогот

c)

в) да ја запре постапката

52.

52. Управниот акт против кој може да се поведе управен спор...

a)

a) станува конечен во рок од 15 дена од денот на приемот

b)

б) е конечен во упрaвна постапка

c)

в) не е конечен во управната постапка

53.

53. Управниот акт станува правосилен доколку странката...

a)

a) се откаже од правото на жалба

b)

б) поднесе тужба до Врховниот суд на РМ и поведе управен спор

c)

в) поднесе жалба до надлежниот второстепен орган

54.

54. Кога е во прашање преземање на исклучително итни мерки, со цел обезбедување на јавниот мир и безбедност или заради отстранување на непосредна опасност за животот и здравјето на луѓето или за имотот, надлежниот јавен орган може да донесе и устен управен акт...

a)

a) точно

b)

б) неточно

55.

55. Управниот акт ги содржи следните делови:

a)

a) вовед, диспозитив, образложение, правна поука, потпис од овластеното службено лице и печат

b)

б) вовед диспозитив, образложение, назив на органот,број и датум,потпис на службеното лице и печат на органот 

c)

в) вовед, диспозитив, и упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, попис на службеното лице и печат на органот

56.

56. Јавниот орган што го донел управниот акт ...

a)

a) може во рок од шест месеци да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или неговите заверени преписи ги исправа со нов управен акт

b)

б) може во секое време да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или во неговите заверени преписи

c)

в) не може да врши исправки на грешките во управниот акт

57.

57. За усна расправа или за друго поважно дејствие во управната постапка, како и за поважни усни изјави на странките или на трети лица во постапката ...

a)

a) се составува записник

b)

б) се составува службена белешка

c)

в) се потготвува управен акт

58.

58. Постапката по жалбата на второстепениот орган треба да се заврши без одлагање ...

a)

a) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок

b)

б) најдоцна во рок од 60 дена од денот на предавање на жалбата и сите списи на предметот од првостепениот орган на второстепениот орган

c)

в) најдоцна во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок

59.

59. Со поништувањето на управниот акт донесен во управна постапка...

a)

a) не се поништуваат правните последици што ги произвел таквиот управен акт

b)

б) се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт

c)

в) правните последици што ги произвел таквиот управен акт остануваат

60.

60. Со укинување на управниот акт донесен во управна постапка...

a)

a) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, и се оневозможува натамошно произведување на правни последици од управниот акт

b)

б) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел и се овозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт 

c)

в) не се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт

61.

61. Упраниот спор може да се поведе против управниот акт донесен...

a)

a) во прв степен

b)

б) во втор степен кој станал правосилен 

c)

в) во втор степен, како и против првостепен управен акт, против кој нема место за жалба во управната постапка

62.

62. Инспекциски надзор над спроведување на Законот за општата управна постапка врши...

a)

a) Министерството за информатичко општество и администрација

b)

б) Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен 

c)

в) Државниот управен инспекторат

63.

63. Во управната постапка, јавниот орган постапува преку....

a)

a) функционерот

b)

б) било кое службено лице 

c)

в) овластеното службено лице назначено во согласност со правилата наведени во закон

64.

64. Ако не е определено со посебен закон или подзаконски акт, функционерот кој раководи со јавниот орган, односно раководното лице е должно со....

a)

a) со актот за организација да определи организациона единица надлежна за секој вид на управна работа во негова надлежност

b)

б) со управен акт да овласти службено лице

c)

в) со одлука да овласти службено лице

65.

65. Управните спорови во Република Македонија ги решаваат:

a)

а) Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија

b)

б) Управниот суд и Вишиот управен суд

c)

в) Управниот суд и основните судови со проширена надлежност

66.

66. По предметите за донесување на времена мерка во управните спорови судот одлучува во рок од

a)

a) 15 дена

b)

б) 7 дена

c)

в) 3 дена

67.

67. Бројот на судии во Управниот суд се определува со:

a)

a) Одлука на министерот за правда

b)

б) Закон

c)

в) Одлука на Судскиот совет на Република Македонија

68.

68. Во втор степен Вишиот управен суд одлучува:

a)

a) во совет од пет судии

b)

б) судија поединец

c)

в) во совет од тројца судии

69.

69. Управен спор се поведува:

a)

a) жалба

b)

б) тужба

c)

в) тужба или жалба

70.

70. Тужба за поведување управен спор се поднесува во рок од:

a)

a) 60 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката

b)

б) 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката

c)

в) 15 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката

71.

71. Ако тужбата е поднесена ненавремено, Управниот суд ќе ја отфрли со:

a)

a) решение

b)

б) заклучок

c)

в) одлука

72.

72. Против одлука на Управниот суд може да се изјави жалба во рок од:

a)

a) 15 дена

b)

б) 8 дена

c)

в) 30 дена

73.

73. Против одлука на судот донесена по тужба за повторување на постапката, барање за заштита на законитоста може да поднесе:

a)

a) Државниот правобранител на Република Македонија

b)

б) Јавниот обвинител на Република Македонија

c)

в) Јавниот обвинител во основно јавно обвинителство

74.

74. По барање за заштита на законитоста одлучува:

a)

a) Вишиот управен суд

b)

б) Врховниот суд на Република Македонија

c)

в) Судскиот совет на Република Македонија

75.

75. Во управните спорови судот одлучува за:

a)

a) уставноста и законитоста на актите и за управната работа

b)

б) уставноста и законитоста на актите и за надомест на штета

c)

в) законитоста на актите и управната работа

76.

76. Ако актот кој се оспорува не е управен акт, Управниот суд ќе ја..

a)

a) одбие тужбата со решение

b)

б) отфрли тужбата со заклучок

c)

в) отфрли тужбата со решение

77.

77. Во случај на откажување на тужителот од тужбата до донесување на одлука, Управниот суд...

a)

a) Со заклучок ќе ја запре постапката

b)

б) ќе донесе пресуда

c)

в) со решение ќе ја запре постапката

78.

78. Кога со управен акт или со управен договор се повредени законот или јавниот интерес, управен спор може да поведе:

a)

a) Државното правобранителство на Република Македонија

b)

б) Јавниот обвинител на Република Македонија

c)

в) Народниот правобранител

79.

79. Во управен спор се одлучува за:

a)

a) именување, назанчување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон

b)

б) именување, назанчување и разрешување на раководни јавни службеници

c)

в) права од работен однос на државните и јавните службеници

80.

80. Со пресуда со која се поништува оспорениот управен акт, во однос на надоместокот на штета, судот ќе го упати тужителот своето барање да го оствари во:

a)

a) кривична постапка

b)

б) парнична постапка

c)

в) управен спор пред повисок суд

81.

81. За повторување на постапката одлучува:

a)

a) совет од тројца судии

b)

б) совет од петмина судии

c)

в) судија поединец

82.

82. По тужба за повторување на постапка одлучува:

a)

a) Врховниот суд на Република Македонија

b)

б) повисокиот суд

c)

в) Судот пред кој е завршена постапката

83.

83. За тужбата за повторување на постапката судот одлучува на:

a)

a) јавна седница

b)

б) нејавна седница

c)

в) подготвителна седница

84.

84. Против решение по предлог за заштита поради незаконито дејствие одлучува:

a)

a) Врховниот суд на Република Македонија

b)

б) Вишиот управен суд

c)

в) Управниот суд на Република Македонија

85.

85. Во управен спор во втор степен одлучува:

a)

a) Виш управен суд

b)

б) Управен суд

c)

в) Врховниот суд на Република Македонија

86.

86. На усната расправа прво добива збор:

a)

a) тужителот

b)

б) жалителот

c)

в) членот што е известител

87.

87. Против одлуката на Управниот суд:

a)

a) не е дозволена жалба

b)

б) дозволена е жалба

c)

в) дозволена е тужба

88.

88. Против првостепените одлуки во управниот спор се изјавуваат правни средства во рок од :

a)

a) 15 дена

b)

б) 7 дена

c)

в) 30 дена

89.

89. Повторување на постапката не може да се бара по истекот на:

a)

a) 1 година од правосилноста на одлуката

b)

б) 5 години од правосилноста на одлуката

c)

в) 3 години од правосилноста на одлуката

90.

90. По поништување на управниот акт од страна на Управниот суд, надлежниот орган е должен да донесе нов управен акт:

a)

a) најдоцна во рок од 15 дена

b)

б) најдоцна во рок од 30 дена

c)

в) најдоцна во рок од 60 дена

91.

91. По предлогот за заштита поради незаконско дејствие одлучува:

a)

a) Управен суд

b)

б) Уставен суд

c)

в) Врховен суд на Република Македонија

92.

92. Судот кој одлучува по предлогот за заштита поради незаконито дејствие, одлучува во совет од:

a)

a) 3 судии

b)

б) 5 судии

c)

в) 7 судии

93.

93. Во управните спорови се одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа донесени:

a)

a) во судска постапка

b)

б) во прекршочна постапка

c)

в) во кривична постапка

94.

94. Управните спорови во Република Македонија ги решава:

a)

a) Управниот суд

b)

б) Апелациониот суд

c)

в) Прекршочна комисија

95.

95. Управен акт е:

a)

a) записник

b)

б) одлука донесена во прекршочна постапка

c)

в) пресуда

96.

96. Во управен спор трошоците ги поднесува:

a)

a) тужителот

b)

б) секоја страна своите трошоци

c)

в) жалителот

97.

97. Доколку Законот за управните спорови не содржи соодветни одредби за постапката, ќе се применуваат одредбите од:

a)

a) Законот за општата управна постапка

b)

б) Законот за парничната постапка

c)

в) Закон за медијација

98.

98. Управен спор може да се води против:

a)

a)  конечен управен акт

b)

б) пресуда

c)

в) судски налог

99.

99. Управен спор не може да се води против:

a)

a) Кога во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката

b)

б) за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување

c)

в) ако актот е донесен од ненадлежен орган

100.

100. Управниот акт може да се побива:

a)

a) поради погрешна примена на материјалното право

b)

б) поради погрешно утврдена фактичка состојба од страна на прекршочна комисија

c)

в) ако актот е донесен од ненадлежен орган

101.

101. Управен спор може да поведе Државниот правобранител на Република Македонија кога со управен акт или со управен договор се повредени:

a)

a) право или интерес на граѓанинот

b)

б) законот или јавниот интерес

c)

в) права на синдикална организација

102.

102. Тужителот во управен спор може да биде и синдикалната организација ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес на заснован врз закон на:

a)

a) нејзин член

b)

б) месна заедница

c)

в) здружение на граѓани

103.

103. Тужителот во управен спор може да биде и здружение на граѓани ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес на заснован врз закон на:

a)

a) синдикална организација

b)

б) нејзин член

c)

в) месна заедница

104.

104. Тужената страна во управниот спор е:104. Тужената страна во управниот спор е:

a)

a) стрителот на прекршкот

b)

б)  органот чиј акто се оспорува

c)

в) прекршчоната комисија

105.

105. По барање на тужителот, органот чиј акт се извршува може да го одложи извршувањето во рок од:

a)

a) 15 дена од приемот на барањето

b)

б) 3 дена од приемот на барањето

c)

в) 7 дена од приемот на барањето

106.

106. Управниот суд суди во совет против актите донесени во прекршчната постапка кога изречената глоба:

a)

a) го надминува износот од 3.000 евра во денарска противвредност

b)

б) го надминува износот од 5.000 евра во денарска противвредност

c)

в) го надминува износот од 1.000 евра во денарска противвредност

107.

107. Судија поединец суди во спорови поведени против актите донесени во прекршочна постапка:

a)

a)  за кои е пропишана посебна прекшочна мерка, одземање на предмети

b)

б) е предвидена забрана за вршење професија, дејност или должност

c)

в) за кои не е пропишана посебна прекршочна мерка, одземање на предмети

108.

108. Управниот акт може да се побива:

a)

a) кога во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката

b)

б) поради погрешно утврдена фактичка состојба од страна на бвторостепениот суд

c)

в) за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување.

109.

109. Во управниот спор:

a)

a) не може да се бара враќање на одземените предмети

b)

б) може да се бара враќање на одземените предмети

c)

c)може да се бара враќање само на одземената имотна корист