Font size
WorksheetsTestovi kategorija B
Total questions: 107
Worksheet time: 16hrs 39mins
Една рака подигната вертикално со отворена дланка на униформираниот полициски службеник (како на сликата) означува:
возилата да ја намалат брзината на движење
задолжително запирање само за возилата кои доаѓаат од насоките на градите и грбот
задолжително запирање за сите учесници во сообраќајот
Знакот што го дава униформираниот полициски службеник со движење на отворена дланка горе-долу (како на сликата), за возачите во чија насока се дава знакот означува:
да ја намалат брзината на движење
да ја зголемат брзината на движење
да ги запрат возилата
Возачот на возилото, кон кое униформираниот полициски службеник го дава знакот со помош на табличка од полициско возило (како на сликата), должен е:
внимателно да продолжи со движењето
задолжително да го запре возилото
да ја намали брзината на движењето
Светлосните сигнали на уредите за давање на светлосни сообраќајни знаци прикажани на сликата, жолто трепкаво и жолто непрекинато светло, за возачите:
имаат различно значење
имаат исто значење
ги обврзува возачите да ја зголемат брзината на движењето
Светлосните сигнали на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци прикажани на сликата, означуваат:
дозволено минување на возилата во сите правци на движење
дозволено минување на возилата во насока лево и насока десно
дозволено минување на возилата во насока десно и право
Според светлосните сигнали на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци прикажани на сликата:
забрането е минување во насока право, а дозволено во насока десно
дозволено е минување само во насока лево
дозволено е минување во насока право и десно
Според правилата за првенство на минување на крстосницата прикажана на сликата, jaс:
последен ќе ја напуштам крстосницата
прв ќе поминам на крстосницата
треба да го пропуштам возилото со број 1
Според правилата за првенство на минување на крстосницата прикажана на сликата, јас:
треба да го пропуштам само возилото на полицијата
треба да ги пропуштам двете возила
прв ќе поминам на крстосницата
Според правилата за првенство на минување на крстосницата прикажана на сликата, јас:
треба да го пропуштам само возилото на полицијата со вклучени ротирачки светла
треба да го пропуштам само возилото со број 1
последен ќе поминам на крстосницата
Според правилата за првенство на минување на крстосницата прикажана на сликата, јас:
последен ќе поминам на крстосницата
ќе поминам пред возилото на полицијата
прв ќе поминам на крстосницата
Дополнителната табла поставена под сообраќајниот знак означува:
Вдлабнатина на дел од патот на оддалеченост од 500 метри од поставениот сообраќаен знак
Издаденост на дел од патот на оддалеченост од 500 метри од поставениот сообраќаен знак
Вдлабнатина на дел од патот во должина од 500 метри
Возачот на запрежното возило, кое се движи зад друго запрежно возило на пат со изграден коловоз (како на сликата), должен е да држи растојание од најмалку:
100 метри од запрежното возило кое се движи пред него
80 метри од запрежното возило кое се движи пред него
60 метри од запрежното возило кое се движи пред него
Возилото означено со број 1 како на сликата, се вклучува
на спореден пат
на пат со иста важност
на пат со првенство на минување
За време на движење со возилото во тунел, полукружно свртување:
е дозволено
не е дозволено
дозволено е, доколку се вклучени сите трепкачи
Според правилата за првенство на минување, редоследот на минување на возилата на крстосницата прикажана на сликата, е следниот:
312
213
231
Во категорија „Б“ спаѓаат моторни возила чија вкупна маса не надминува
1500kg
2500kg
3500
4500
Во категорија „ А1“ спаѓаат мотоцикли, чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносот на јачината на моторот и масата на возилотоне надминува 0,1 kw/kg и работна зафатнина на моторот не е поголема од:
50 cm3
125 cm3
150 cm3
Возачката дозвола се издава со рок на важење од
5god
10god
15god
Возач-почетник кој поседува возачка дозвола од „Б“ категорија не смее
да врши организиран превоз на деца
да управува со возилото на автопат
да управува со возилото надвор од населено место
“Зона на смирен сообраќај“ е подрачје во населено место обележано со пропишан сообраќаен знак, во кое нема ограничување на играта за деца и во кое возилата не смеат:
да се движат со брзина помала од 30 км/час
да се движат со брзина поголема од брзината на движење на пешаците
да се движат со брзина помала од 40 км/час
Кога шините се поставени по средината на коловозот, шинското возило се престигнува:
од лева страна
од десна страна
шинските возила не смеат да се престигнуваат
може од лева или од десна страна, бидејќи шинското возило е споро
Кој вид уред за работно сопирање најчесто се применува кај патничките моторни возила
механички
хидрауличен
пневматски (воздушен)
Најголема дозволена должина на патнички автомобил кој влече приколка за домување изнесува до
6метри
15метри
12метри
Товарот на возилото не сме да ја помине најоддалечената точка на предната страна на возилото повеќе од
2 метри
1 метар
должината на возилото
Која од наведената опрема не е дел од законски задолжителната опрема за патничките моторни возила
клинести подлошки
сигурносен рефлектирачки елек
резервни сијалици
Намалена видливост постои ако возачот не може јасно да ги воочи другите учесници во сообраќајот на пат надвор од населено место, на оддалеченост од најмалку:
250метри
200метри
300метри
Возачка книшка е јавна исправа што ја издава надлежен орган во која се запишуваат:
негативни бодови и забрана за управување за прекршоци од областа на сообраќајот на патиштата
податоци за сервисирањето на возилото
податоци за изминати километри во текот на месецот
Работната сопирачка кај патничките автомобили е изведена така да делува:
на сите четири тркала на возилото
на двете задни тркала на возилото
на двете предни тркала на возилото
Возачот на моторно возило за време на управување со возилото:
не смее да користи мобилeн телефон
смее да користи мобилeн телефон, ако при тоа се употребува направа која овозможува користење на истиот без употреба на раце
нема никакви ограничувања за користење мобилен телефон
Кое лице самостојно може да управува моторно возило во сообраќајот:
лице кое поседува важечка возачка дозвола за категоријата на возилото кое го управува
лице кое поседува сообраќајна дозвола за возилото
лице кое поседува потврда од автошкола за оспособеност
Возачот на возило, кој ќе биде престигнат од возила под придружба, должен е
да продолжи со движење со непроменета брзина
да го запре возилото
да ја намали брзината и да ги вклучи сите четири покажувачи на правците
Во моторно возило означено со пробни таблички:
не смее да се превезуваат други лица и товар
смее да се превезуват лица, колку што има вградени седишта
смее да се превезува товар, кој не е потежок од 300 кг
Возачите учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, должни се:
да го пополнат и потпишат Европски извештај за сообраќајна незгода, веднаш да го отстрани возилото од коловозот, да овозможи непречено одвивање на сообраќајот
да ја известат надлежната служба за одржување на патиштата
да не ги поместуваат возилата и да ја известат полицијата
Возач-почетник кој поседува возачка дозвола од категорија „Б“, на автопат не смее да се движи со брзина поголема од:
80 км/ч
90 км/ч
100 км/ч
Кога сообраќајните знаци поставени на патот отстапуваат од прописите за правилата во сообраќајот, возачите се должни:
да постапуваат во согласност со сообраќајните знаци
да постапуваат по сопствена проценка без обврска за почитување на сообраќајните знаци
да постапуваат според правилата во сообраќајот
озачот најбезбедно и најефикасно ќе го запре возилото:
со употреба на работната сопирачка
со употреба на помошната сопирачка
со помош на моторно кочење
Организирана колона на пешаци кога се движи ноќе, надвор од населено место, треба да биде означена:
на предната лева страна со едно бело светло, а на задната лева страна со едно црвено светло
на предната лева страна со едно црвено светло, а на задната лева страна со едно бело светло
само на предната страна со едно жолто светло
Недоволниот притисок на воздух во пневматиците, освен што го отежнува управувањето со возилото, доведува и до:
зголемен отпор при движењето, а со тоа се зголемува и потрошувачката на гориво
намалување на отпорот при движењето, а со тоа се намалува абењето на гумите
поголема стабилност на возилото и намалена потрошувачка на гориво
Од безбедносен аспект, подобри и посигурни се пневматиците:
без внатрешна гума (тубелес)
со клинци, поради подобро триење со подлогата на коловозот
со внатрешна гума
На автопат возачот не смее да се движи со брзина поголема од:(Впиши ја брзината во км/ч)
(a)
Во нормални услови на сообраќај, брзината на движење на моторните возила на јавен пат, не може со сообраќаен знак да се ограничи под:(Впиши ја брзината во км/ч)
(a)
На автопат не смеат да се движат моторни возила кои според своите конструкциски својства, не можат да се движат со брзина од најмалку:(Впиши ја брзината во км/ч)
(a)
На јавен пат во населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:(Впиши ја брзината во км/ч)
(a)
Потребниот број на наставни часови за практично оспособување за кандидатот за возач за “Б“ категорија, изнесува:(Впиши број на часови)
(a)
Возач кој поседува важечка дозвола од “Б“ категорија смее да влече приклучно возило чија маса не надминува:(Впиши во килограми)
(a)
Технички преглед на моторни возила, кои не се постари од осум години се врши на:(Впиши во години)
(a)
Слободниот од на управувачкото тркало (волан) не смее да биде поголем од:(Впиши во степени)
(a)
Сообраќајната дозвола на возилото се продолжува со рок на важност од:(Впиши во месеци)
(a)
Стоп светла не мора да имаат моторни возила кои на рамен пат не можат да се движат со брзина поголема од:(Впиши ја брзината во км/ч)
(a)
При движење со патничко моторно возило, доколку наидете на водена површина на патот, а во близина има тротоар по кој се движат пешаци, треба:
да ја намалите брзината и да ја одбегнете водената површина
да продолжите да се движите согласно дозволената брзина
да забрзате со движењето
Растојанието помеѓу влечното и влеченото возило, ако се влече со крута врска, изнесува најмногу до:(Впиши во метри)
(a)
Правилото „кога пиеш не вози, додека возиш не пиј“ важи само за
сите учесници во патниот сообраќај
возачи-почетници
постарите учесници во патниот сообраќаj
Доколку при управување со возилото наидете на пешачки премин, на кој поминува старо и изнемоштено лице, ќе постапите на начин што:
ќе поминете со возилото пред пешакот, бидејки бавно се движи
ќе почекате да го премине пешачкиот премин
со звучен сигнал ќе го предупредите побрзо да го помине пешачкиот премин
Дефанзивно возење е:
зголемено внимание и управување со возилото со поголема брзина од ограничената брзина на патот
доверба во другите учесници во сообраќајот
зголемено внимание и управување со возилото согласно ограничената брзина на патот, високо ниво на сетилна перцепција на возачот и анализа на условите и ситуацијата на патот на начин што ќе ги предвиди потенцијалните опасности
Откако ќе ја промените сообраќајната лента на движење, следното дејствие што треба да направите е:
да возите внимателно без да ги попречувате другите учесници во сообраќајот
да возите брзо по друга слободна сообраќајна лента на коловозот
да вршите притисок на возилото кое се движи пред Вас за да Ви се тргне од пато
За да бидете подготвени за итно превземање дејствие со возилото, Вашите раце треба да бидат поставени на управувачот во позиција на стрелките на часовникот:
09 часот и 10 минути
12 часот и 10 минути
06 часот и 40 минути
Ако од некоја причина Ви откажат сопирачките, Вие треба:
да ја промените брзината на движењето во помал степен на пренос, периодично да притискате на работната сопирачка и употребите помошна сопирачка и пронајдете погодно место од десна страна на патот каде би можеле безбедно да запрете
да свртите лево и дозволите возилото само да запре
да свртите нагло десно и да оставите возилото само да запре
Доколку на пат управувате со возило со поголема брзина и неочекувано пред Вас се појави животно, правилно ќе реагирате ако:
ја намалувате брзината на движење на возилото и ќе употребите краток звучен знак, а по потреба го вртите управувачот на возилото лево или десно
ја зголемувате брзината на движење на возилото и го вртите управувачот на возилото лево или десно со намера да го избегнете животното, притоа употребувајќи долги звучни знаци
силно го стегнете управувачот на возилото, не го менувате правецот на движење и ќе употребите сопирачка за да ја намалите брзината, по можност да сопрете
За безбедно управување со моторно возило на пат за возачот, важни се:
стекнатите знаења и вештини за управување со моторно возило, како и познавањето и почитувањето на сообраќајните правила и прописи
интуицијата и способноста да се предвиди опасноста на патот
позитивните карактерни особини на личноста, моменталното расположение и физичката подготвеност
Под слепо место на возилото, односно т.н „мртов агол“ подразбираме
простор кој се наоѓа до 15 метри зад возилото
простор кој се наоѓа странично од возилото и е непрегледен за возачот од нормална седечка положба и не е видлив на внатрешното, исто како и на страничните надворешни огледала на возилото
простор кој се наоѓа пред возилото
Сообраќајниот знак за опасност (како на сликата) ги предупредува возачите, дека наидуваат на:
опасна кривина налево
опасна кривина надесно
лизгав коловоз
Според поставените сообраќајни знаци, на овој дел од патот (како на сликата) возачите наидуваат на:
ерамен коловоз поради издаденост (превалец) на патот и забрана за престигнување на сите возила на моторен погон
вдлабнатини на патот и забрана за обиколување на возилата
опасна нагорнина и престанок на забраната за престигнување
Сообраќајниот знак прикажан на сликата ги предупредува учесниците во сообраќајот, дека наидуваат на:
пат со еднонасочен сообраќај
пат наменет за сообраќај во двете насоки
крстосување на пат со првенство на минување
Поставениот сообраќаен знак прикажан на сликата, ги предупредува учесниците во сообраќајот, дека наидуваат на:
опасна надолнина
опасна кривина надесно
опасна нагорнина
Сообраќајниот знак прикажан на сликата во комбинација со дополнителната табла, ги предупредува учесниците во сообраќајот дека наидуваат:
на лизгав коловоз за време на дожд и снег
на дел од патот со неутврдена банкина за време на дожд и снег
на колона запрени возила за време на дожд и снег
Сообраќајниот знак за опасност прикажан на сликата во комбинација со дополнителната табла, означува:
повеќе кривини едноподруго од кои првата е надесно на 1000 метри
двојна кривина во должина од 1000 метри
двојна кривина или повеќе кривини едноподруго од кои првата е налево, на оддалеченост од 1000 метри од поставениот знак
Сообраќајниот знак прикажан на сликата означува:
приближување кон премин на патот преку железничка пруга со браници или полубраници
премин на пат преку железничка пруга без браници или полубраници
приближување кон трамвајска пруга
Според поставените сообраќајни знаци прикажани на сликата, возачот на возилото:
должен е да запре пред стоп линијата и да продолжи во насока десно
не е должен да запре пред стоп линијата бидејќи нема пешаци на преминот
мора да запре пред стоп линијата само доколку по патот на кој се вклучува се движат возила
Поставените сообраќајни знаци од десната страна на патот (како на сликата) имаат значење:
забрането запирање и паркирање и забранет сообраќај за пешаци
забрането паркирање и патека за пешаци
наизменично паркирање и опасност од пешаци на патот
Сообраќајниот знак како на сликата на овој дел од патот означува:
престанување на ограничување на брзината на движење
престанување на сите забрани
престанување на забраната за престигнување на сите возила на моторен погон освен на мопеди
Кон сообраќајниот знак “Назив на населено место“ (како на сликата), додаден е знак за ограничување на брзината, кој важи:
за целата населба, односно населеното место
до првата раскрсница во населеното место
во должина од 150 метри од местото на поставениот знак
Според поставениот сообраќаен знак за известување од десната страна на коловозот (како на сликата), се вклучувате:
на пат со еднонасочен сообраќај
на пат за сообраќај во двете насоки
на спореден пат
На поставениот сообраќаен знак “Назив на населено место“ (како на сликата) му се додадени сообраќајните знаци за изрични наредби, кои означуваат
најмала дозволена брзина и престанок на сите забрани
ограничување на брзината и забрана за паркирање
број на патот и забрана за запирање и паркирање
Според поставениот сообраќаен знак (како на сликата) патничкото возило се движи:
на пат со првенство на минување
на спореден пат
на пат од иста важност со патот со кој се крстосува
Според поставените сообраќајни знаци (како на сликата) возачот на возилото
должен е да се движи со брзина до 40 км/час и не смее да помине без да запре, поради патарина
должен е да се движи со брзина поголема од 40 км/час, без обврска да запре на патарината
должен е да се движи со препорачаната брзина на знакот, кон царинската контрола
Патоказните табли поставени на портал над соодветните сообраќајни ленти (како на сликата), означуваат
насоки на движење кон одредени населени места
обиколна насока за одредени видови возила
називи на населени места
Сообраќајните знаци прикажани на сликата означуваат:
близина на брег и забрането паркирање
подвижен мост и забрането запирање
неутврдена банкина и наизменично паркирање
Според ситуацијата на сликата и поставените сообраќајни знаци, наидуваме на дел од патот со дозволени насоки на движење и каде:
работите на патот завршуваат на 30 метри по знакот
поради извршување работи на патот се ограничува брзината на движење
се вршат работи на патот во должина од 30 метри по знакот
Кога свети симболот на инструмент таблата од возилото прикажан на сликата, Ви означува:
вклучени светла за магла
вклучени долги светла
вклучени греачи на задното ветробранско стакло
Жолтата стрелка поставена над сообраќајната лента (како на сликата), со врвот свртен кон десната или левата страна, означува:
сообраќајна лента наменета за возила со жолто ротирачко светло
промена на текот на сообраќајот од сообраќајната лента над која се наоѓа знакот во соседната сообраќајна лента
дозволен сообраќај за возилата кои се движат по шини
Зелената светлечка стрелка со врвот свртен надолу (како на сликата), поставена над сообраќајната лента означува:
слободен тек на сообраќајот по должина на сообраќајната лента
забранет сообраќај по должина на сообраќајната лента
дозволен сообраќај само за шински возила
Вкрстените линии со црвена боја (како на сликата), поставени над сообраќајната лента означуваат:
наизменичен сообраќај по должина на сообраќајната лента
сообраќајна лента наменета за сообраќај на шински возила
забрана на сообраќајот по должина на сообраќајната лента
Според светлосниот знак на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци (прикажан на сликата):
не може да свртите десно, бидејќи нема дополнителна зелена светлечка стрелка
имате дозволен премин во сите правци
имате дозволен премин само во насока право
Дополнителната табла поставена под сообраќајниот знак означува:
Место каде паркирањето е наменето за сите возила
Место на кое паркирањето е наменето само за инвалидизирани лица
Место на кое паркирањето е временски ограничено
Косите линии поставени под сообраќајниот знак означуваат
Оддалеченост од 80 метри од преминот на пат преку железничка пруга со браници или полубраници
Оддалеченост од 240 метри од преминот на пат преку железничка пруга со браници или полубраници
Оддалеченост од 160 метри од преминот на пат преку железничка пруга со браници или полубраници
Дополнителната табла поставена под сообраќајниот знак означува:
Близина на место на патот каде што се наоѓа опрема за смирување на сообраќајот (издадености)
Место на патот каде има вдлабнатини
Близина на место на патот каде има неутврдена банкина
123
312
321
21
12
Сообраќајната површина означена со број 1 (како на сликата) претставува:
паркинг простор
поле за насочување на сообраќајот
стојалиште за такси возила
Ако почувствувате премореност во текот на ноќното возење со надоаѓачки микросон, веднаш треба
да се исклучите од патот и да се одморите
да продолжите со возење до најблиското населено место
да конзумирате енергетски пијалоци или други стимуланси кои ќе Ве одржат будни
Според поставените сообраќајни знаци (како на сликата) возачот на возилото наидува на дел од автопатот, на кој:
постои опасност од лизгав коловоз и забрана за обиколување на товарни возила
постои опасност од превртување на возилата и забрана на сообраќај за товарни возила
постои опасност од колона запрени возила и забрана за престигнување за товарни возила
Поставениот сообраќаен знак од десната страна на патот претставува ознака:
за јазли на автопатишта
за затворање на сообраќајна лента
на делница од магистрален пат
„Лесна приколка“ е приклучно возило чија најголема дозволена маса:
не е поголема од 750 кг.
не е поголема од 1.000
.не е поголема од 1.500 кг.
Звучниот знак “еден краток свиреж“ што го дава униформираниот полициски службеник,значи:
обврска за возачите да ги запрат возилата
повик до возачите да обрнат внимание кон полицискиот службеник, кој со соодветен знак ќе изрази определено барање
дека некој од учесниците во сообраќајот постапил спротивно на знакот на правилата на сообраќајот или на поставените сообраќајни знаци
Светлосниот знак со постојано црвено светло од светлечка „стоп-табличка” што униформираниот полициски службеник го дава со вертикално движење на раката горе-долу, за возачот кон кого се дава знакот значи:
да ја намали брзината на движење
да продолжи да вози внимателно
да го запре возилото
Возилата со вклучени посебни звучни и светлосни знаци во сина и црвена боја, кои имаат право на првенство на минување во однос на сите други возила, спаѓаат во групата на:
возила на противпожарна служба
возила под придружба
возила на итна помош
За возилата под придружба кога се движат на автопат како на сликата:
брзината на движење се ограничува на 100 км/час
брзината на движење се ограничува на 130 км/час
не се применува одредбата за ограничување на брзината на движење
Возачот кој на пат ќе сретне или ќе биде престигнат од возило или колона возила под придружба (како на сликата), должен е:
да го запре своето возило и строго да се придржува кон наредбите што му ги даваат лицата од придружбата
да ги пропушти возилата под придружба, а по потреба и да го запре возилото
да ја намали брзината на движењето и да го помести возилото кон десниот раб на коловозот
Возилото прикажано на сликата, кога ги има вклучено посебните уреди за давање на светлосни и звучни знаци, припаѓа во групата на:
возила со првенство на минување
трезорски возила
возила под придружба
Непрекинатиот жолт светлосен сигнал прикажан на сликата, на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци (семафор), означува:
неисправност на семафорот
слободно минување на возилата со зголемена претпазливост
забрана за минување, освен за возилата кои во моментот на појава на сигналот се наоѓаат на таква оддалеченост и не можат на безбеден начин да запрат пред семафорот
Светлосниот знак на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци прикажан на сликата, служи за регулирање на сообраќајот на
товарни моторни возила и автобуси
возила со првенство на минување
трамваj
Човечкиот и возачкиот интегритет, можат да се зачуваат со
своеволно однесување во сообраќајот
креативно однесување во сообраќајот
несовесно однесување во сообраќајот
За да обиколите возило кое е оставено на десната страна од патот, Вие треба:
да употребите работна сопирачка и по потреба паркирна сопирачка заради целосно сопирање на возилотo со кое управувате
да употребите работна сопирачка заради целосно сопирање на возилотo и се вратите назад
откако претходно ќе се уверите дека левата сообраќајна лента е слободна, истото да го обиколите
„Разминување“ е минување со возило покрај друго возило кое се движи:
по истиот коловоз од спротивната насока
во иста насока по иста коловозна лента
во иста насока по иста сообраќајна лента
На дел од патот прикажан на сликата:
дозволено е наизменично паркирање
забрането е паркирање покрај десниот и левиот раб на коловозот
забрането е запирање и паркирање покрај десниот раб на коловозот
На јавен пат брзината на движење на моторно возило кое влече друго неисправно возило, e ограничена на: (Впиши ја брзината во км/ч)
(a)
Патничкото возило од позиција А до позиција В ќе се движи по следната патека:
1 3 5 7
1 2 4 7
1 3 6 7
