wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Секојдневие (Општествен и приватен живот)

Total questions: 41

Worksheet time: 44mins

Name
Class
Date
1.

Иако во минојскиот период жените играле важна улога во семејниот и општествениот живот, во подоцнежниот период во повеќето хеленски полиси владеел целосен

a)

патријархат

b)

матријархат

2.

Полиберални во однос на животот на девојката пред стапувањето во брак биле

a)

Атињаните

b)

Коринтјаните

c)

Тебанците

d)

Спартанците

3.

Кај Хелените било вообичаено младоженецот да биде помлад од невестата

a)

Точно

b)

Неточно

4.

Атињаните за венчавка или свадбена церемонија одбирале денови со полна месечина или го чекале месецот гамелион ( (a)   ) кој ѝ бил посветен на Хера

5.

Кај Хелените, бракот станувал полноважен од денот на свршувачката, а самата венчавка или свадбена церемонија се нарекувала

a)

енгија

b)

екдосис

c)

гамелион

d)

епиклера

6.

Бракот со поблизок роднина бил прифатлив само во случај на епиклера за да остане наследството во рамките на родот

a)

Точно

b)

Неточно

7.

Во Хелада жената можела да ја раскине брачната заедница кога ќе посака

a)

Точно

b)

Неточно

8.

Во римската држава сите луѓе имале право да стапуваат во брак

a)

Точно

b)

Неточно

9.

Што е patria potestas?

4 lines
10.

Какво било образованието во Атина?

4 lines
11.

Какво било образованието во Рим?

4 lines
12.

Во седмата година малите Спартанци ги преземала државата и ги вклучувала во предвоени формации под надзор на (a)  

13.

Спартанците станувале ефеби на

a)

8 години

b)

10 години

c)

12 години

d)

16 години

14.

Во втората половина на V век п.н.е. бил воведен повисок степен на образование по 18та година, кое името го добива според човекот на чиј имот била основана првата официјална филозофска школа - (a)  

15.

Во Рим девојчињата оделе на училиште до својата

a)

11 година

b)

12 година

c)

13 година

d)

14 година

16.

Во „Марк Тулиј Кикерон“, последниот дел од името (Кикерон) претставува

a)

praenomen

b)

nomen

c)

cognomen

d)

postnomen

17.

Најевтина и поради тоа најчесто употребувана погача кај Хелените била (a)  

18.

Терминот (a)   значи заедничко пиење кое следувало по јадењето и траело долго време, при што се воделе долги разговори, се правеле шеги, се слушала музика и се уживало во танци

19.

Целосно белата тога со широка виолетова линија носена преку туника со две широки, вертикални пурпурни ленти од страна на магистратите се нарекува

a)

toga virilis

b)

toga praetexta

c)

toga pulla

d)

toga picta

20.

Едноставната тога од необоена волна што ја носеле машките граѓани по нивното полнолетство се нарекува

a)

toga virilis

b)

toga praetexta

c)

toga pulla

d)

toga picta

21.

Tогата направена од темна волна која се носела во период на жалост се нарекува

a)

toga virilis

b)

toga praetexta

c)

toga pulla

d)

toga picta

22.

Виолетовата тога, украсена со златен раб и носена од генералите за време на нивните триумфи, како и од страна на конзулите и императорите во периодот на Империјата, се нарекува

a)

toga virilis

b)

toga praetexta

c)

toga pulla

d)

toga picta

23.

Во Рим периката била популарна и меѓу жените и меѓу мажите

a)

Точно

b)

Неточно

24.

Кои се основните делови на машката и женската облека кај Римјаните?

4 lines
25.

Долгиот, плисиран фустан, најчесто без ракави, кој жените го носеле над долната облека (tunica intima), се нарекува

a)

стола

b)

пала

c)

туника

d)

тога

26.

Во антички Рим би можеле да го дознаеме општествениот и брачниот статус на луѓето врз основа на нивната облека

a)

Точно

b)

Неточно

27.

Долгото парче облека карактеристично за жените од античка Грција, кое претставува долга, правоаголна ткаенина со горниот раб превиткан приближно до половина, се нарекува

a)

пеплос

b)

химатион

c)

хитон

d)

хламида

28.

Пеплосот се сметал за јонски, додека хитонот за дорски

a)

Точно

b)

Неточно

29.

Кусата кошула или фустан што бил споен со токи на двете рамења и се носел врзан со појас околу половината се вика

a)

пеплос

b)

химатион

c)

хитон

d)

хламида

30.

Што ќе бидеш кога ќе пораснеш во антички Рим?

4 lines
31.

Која игра во основа претставува икс-точка?

a)

tabula

b)

terni lapilli

c)

latrones

32.

Како ти минува еден ден во Рим?

4 lines
33.

Игрите кои се одржувале во Големиот Циркус се познати под називот

a)

ludi circenses

b)

naumachia

c)

venatio

d)

lusus Troiae

34.

(a)   била машката наметка кај античките Грци која се состоела од едно парче волнена ткаенина обвиткано околу телото, а можела да биде сосем едноставна или украсена со ленти во боја по рабовите

35.

Кај Спартанците младоженецот ја грабнувал невестата

a)

Точно

b)

Неточно

36.

Браковите во античка Хелада најчесто биле склучувани поради љубовта меѓу сопружниците

a)

Точно

b)

Неточно

37.

Кај Римјаните се разликуваат (a)   вида бракови

38.

Кои биле свадбените обреди кај Римјаните?

4 lines
39.

Како би го поминал своето слободно време во Хелада?

4 lines
40.

Слична игра со денешната одбојка била

a)

herpastum

b)

follis

c)

trigon

41.

Најомилениот пијалок во антиката бил

a)

виното

b)

млекото

c)

водата

d)

медовината