WorksheetsНатпревар по историја за VI
Total questions: 35
Worksheet time: 3hrs 55mins
За родоначалник на кралската куќа Аргеади се сметал
Македон
Херакле
Диос
Архелај
Обединувањето на самостојните племиња во единствена држава започнало во
IX век п.н.е.
VIII век п.н.е.
X век п.н.е.
VII век п.н.е.
Династијата Аргеади водела потекло од градот
Аргос во Орестида
Аргос во Арголида
Аргос во Пајонија
Аргос во Синтика
„Тој ги натерал Македонците да се преправат како жени и на гозбата да седнат покрај секој Персиец, а кога Персијците се обиделе да ги допрат, ги убиле“
Во овој извадок станува збор за итрината на
Пердика
Александар I
Архелај III
Филип II
Речиси сите податоци за Александар Филхелен се врзани за „настанот на векот“ односно
Пелопонеската војна
Римско-македонските војни
Ламиската војна
Грчко-персиските војни
Во сите зачувани епизоди од Грчко-персиските војни, Александар го гледаме како сојузник и соработник на Персијците
Точно
Неточно
Во текот на Пелопонеската војна Пердика II им бил лојален сојузник на Спартанците
Точно
Неточно
Најважен извор за Пердика II е делото на Тукидид „Историја на ____________ војна“
ламиската
сојузничката
пелопонеската
грчката
Бидејќи Македонците немале право да учествуваат на Олимписките игри во Елида, зашто не биле Хелени по род, во светиот град Дион во Пиерија, воспоставил религиско празнување, во чии рамки се одржувале и атлетски натпревари, т.н. „Македонски Олимписки игри“
За кој македонски владетел станува збор?
Персеј
Аминта III
Пердика II
Архелај III
„Македонските тврдини подоцна – откако стана крал – ги изгради неговиот син Архелај. Тој, исто така, проби рамни патишта и ја уреди војската за војување – коњите, оружјето и целата спрема – и тоа подобро одошто сите други кралеви што владееле пред него“
Архелај бил син на
Алкета
Пердика II
Аминта III
Филип II
Лут на Атињаните поради поразот што го претрпел на некој хорски натпревар, на дворецот на Архелај трајно се населил
Ајсхил
Софокле
Еврипид
Агатон
Кога Пердика III загинал во бој против Илирите, неговиот син бил малолетен. Поради тоа на македонскиот престол бил уcтоличен Филип II - најмладиот син на
Аминта III
Пердика II
Александар II
Архелај I
„Но, Филип и она што ни го прави на нас Хелените, не само што не е Хелен по род, ниту нешто близок на Хелените, туку е барбарин од земја за која ништо убаво не би можел да кажеш и е чума македонска од каде човек ни роб вреден не би купил“
Овој извадок е дел од говорот на Демостен познат како
За Херсон
Олинтики
За мирот
Филипики
Првиот македонски владетел кој ковал златни монети бил
Александар I Филхелен
Пердика II
Архелај III
Филип II
На запад Филип II извојува победа над
Пајонците
Илирите
Тракијците
Хелените
„Филип го поздравува Аристотел. Знај дека ми се роди син. Многу сум им
благодарен на боговите, не затоа што ми се роди дете, туку што ми се роди за
време на твојот живот. Се надевам дека, одгледан и воспитан од тебе, ќе ни биде
достоен и нам, и на државната власт што ќе ја наследи“
Новороденчето во овој извадок е идниот крал
Александар III
Филип III
Аминта III
Архелај III
„Кога го заробил, Александар го прашал како сака да се однесуваат кон него; овој му одговорил: „Кралски.“ Александар уште еднаш го прашал – дали сака да додаде уште нешто, а тој му рекол: „Сé е кажано со зборот ’кралски’!“ И навистина, Александар не само што го оставил како сатрап во неговото предишно кралство, туку му ги придодал и областите што ги покорил непосредно пред тоа“
За кој владетел станува збор?
Пор
Дареј
Ксеркс
Малајкету
Македонската и персиската војска се судрила во битките кај
Ипсос
Хидасп
Граник
Исос
Според македонскиот календар годината започнувала во
јануари
март
јули
октомври
Зејрена била божица на пролетта
Точно
Неточно
Периодот од смртта на Александар во 323 ст.е., до битката кај Курупедион во 281 ст.е., се нарекува време на наследниците на Александар, односно
дијадоси
епигони
Хеленистичкиот период го опфаќа времето од смртта на Александар III до смртта на
Клеопатра VII
Птолемај XIV
Антиох XIII
Филип V
Со Египет владеела династијата на
Селеукидите
Лагидите
Антигонидите
Главната цел на Римјаните во Илирските војни било освојувањето на Македонија
Точно
Неточно
Во 205 г.п.н.е. бил склучен мир меѓу Филип V, Рим и нивните сојузници во
Фојникија
Фаестос
Фарос
Фојника
Со договорот од Фојника на Филип му била одобрена контролата над сите области освоени во текот на војната
Точно
Неточно
Одлучувачката битка во текот на Втората римско-македонска војна се одиграла кај
Отобол
Киноскефала
Пидна
Аојски теснец
По смртта на Филип V, власта преминала во рацете на неговиот син
Андриск
Персеј
Александар
Деметриј
Римскиот конзул кој го поразил Персеј во битката кај Пидна е
Ајмилиј Паул
Маркиј Филип
Сулпикиј Галба
Тит Фламинин
„На мала оддалеченост ги воделе децата на кралот како робови, а со нив и цела толпа дадилки, учители и воспитувачи, кои низ солзи ги подавале рацете кон гледачите, а и на децата им в елеле да молат и преколнуваат. Две деца биле машки, а едно женско; поради својата возраст, тие и не биле сосем свесни за неволјата во која се нашле, па побудувале поголемо сожалување одошто ______, кој чекорел речиси незабележан. Милосрдието ги свртело очите на Римјаните кон дечињата, па се случило многумина да пролеат солзи; сè додека децата не п оминале, глетката кај сите предизвикала мешавина на болка и радост. Зад децата и нивните прислужници одел ______, облечен во темна, траурна наметка и народни чизми. Неволјите што го снашле направиле да изгледа сосем скршен и обезглавен. По него, со натажени лица, чекореле неговите Хетајри и Пријатели, кои непрестајно гледале во кралот со насолзени очи, сакајќи да им укажат на гледачите дека ја оплакуваат неговата судбина, а нивната ни најмалку не ги засега“
За кој македонски владетел станува збор?
Персеј
Андриск
Филип
Александар
Македонија станала римска провинција по поразот на
Андриск
Филип V
Персеј
Деметриј
Прв проповедник на христијанството во Македонија бил
св. ап. Павле
св. ап. Јован
св. ап. Јуда
св. ап. Петар
„На Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: Дојди во Македонија - помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотракa, а идниот ден во Неапол. Оттаму во ______, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија“
За кој град станува збор?
Филипи
Солун
Филипопол
Стоби
Првата Македонка која се покрстила е
Хионија
Ирина
Лидија
Агапија
Најпознатиот римски пат во Македонија е
Via Egnatia
Via Militaris
Via Axia
Via Sacra
