wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

• Именки(еднина и множина,збирни и материјални именки)

Total questions: 10

Worksheet time: 8mins

Name
Class
Date
1.

Именки се

a)

зборови кои означуваат имиња на предмети и суштества.

b)

зборови кои означуваат имиња на предмети, чувства, географски поими и појави.

c)

зборови кои означуваат имиња на предмети, чувства и суштества.

d)

зборови кои означуваат имиња на предмети и географски поими.

2.

Кој од зборовите не припаѓа во групата:

a)

население

b)

топки

c)

Земја

d)

телефон

3.

Препознај ги именките во еднина:

a)

вселена

b)

пасти

c)

дрвја

d)

Македонија

4.

Означи/запиши во тетратка што е точно:

a)

КОСТУМИ-општа, апстрактна именка, множина

b)

ЖЕЛЕЗО-општа, материјална именка, нема множина

c)

ВОЗДУХ-општа, апстрактна именка, еднина

d)

ПОД-општа, конкретна именка, еднина

5.

Избери го зборот кој треба да биде на линијата: Во градината видов жолти ____________ и црвени, сочни калинки.

a)

јаболко

b)

лист

c)

костени

d)

дуњи

6.

Кој од зборовите треба да ја дополнат реченицата:

___________ од старата круша беа распослани по патеката .

a)

плодните

b)

плодовите

c)

плодите

d)

плодот

7.

Разгледај ја реченицата и означи/запиши ги именките во среден род:

Во гората се чувствуваше доаѓањето на есента: животните се подготвуваа за студеното време, а растенијата ја наметнаа есенската наметка.

a)

гора, есен, животни, време, растенија

b)

гора, есен, животни, време, растенија, наметка

c)

животни, време, растенија

d)

животни, време, растенија, наметка

8.

Општи именки од женски род во реченицата:

,,Катја весело потскокнуваше играјќи ја новата игра со другарките од балет.''

се:

a)

Катја, игра и другарки.

b)

Катја, игра, другарки и балет.

c)

игра, другарки и балет.

d)

игра и другарки.

9.

Именки кои припаѓаат на групата апстрактни именки се:

a)

воздух, среќа и понеделник

b)

воздух, вреќа и љубов

c)

воздух, среќа и осаменост

d)

ден, љубов и вода

10.

Именки кои имаат множина се:

a)

ден, лек и тост

b)

население, врата и Елена

c)

молив, писмо и елен

d)

маска, мебел и ранец