NEW
Font size
WorksheetsКВИЗ за Дисперзија и Боја на телата
Total questions: 26
Worksheet time: 13mins
Во спектарот на белата светлина не е бојата:
црвена
кафеава
жолта
темносина
Ако сината светлина се пушти низ призма по излегувањето ќе се добие:
спектар на бои
бела светлина
црвена светлина
сина светлина
Спектарот на белата светлина е составен од:
5 основни бои
6 основни бои
7 основни бои
8 основни бои
При пуштање на каква била обоена светлина низ призма се добива:
спектар на бои
само една боја
црна боја
бела боја
Најмногу се прекршува:
жолтата светлина
сината светлина
црвената светлина
виолетовата светлина
Светлината составена од повеќе бои се нарекува:
Монохроматска
Дихроматска
Трихроматска
Полихроматска
Ликот кој се добива при разложување на светлината, се нарекува:
спектар
хектар
декар
спектрум
Основната причина за разложувањето на боите низ оптичка призма е:
еднаквиот индекс на прекршување на боите од спектарот
различниот индекс на прекршување на боите од спектарот
различниот индекс на рефлектирање на боите од спектарот
еднаквиот индекс на рефлектирање на боите од спектарот
Појавата виножито се должи на појавите: дисперзија, тотална рефлексија и
дифракција
апсопрција
транспаренција
рефракција
Со мешање на боите од спектарот се добива:
Црна боја
Сина светлина
Црвена светлина
Бела светлина
Која од следните бои е примарна боја кај сончевиот спектар?
Бела
Црвена
Црна
Жолта
Жолтиот филтер ги пропушта:
Зелена и црвена светлина
Зелена и сина светлина
Црвена и сина светлина
Жолта и зелена светлина
Ако се апсорбира целата светлина се добива:
Бела боја
Сина боја
Црвена боја
Црна боја
Жолта боја се добива со мешање на:
Црвена и зелена боја
Црвена и сина боја
Жолта и зелена боја
Жолта и сина боја
Кога ќе се измешаат црвена, зелена и сина боја се добива:
Црна
Цијан
Бела
Виолетова
Тревата е зелена бидејќи:
Ја апсорбира зелената боја
Ја пригушува сината боја
Ја одбива зелената боја
Ја апсорбира белата боја
Белите површини:
Ги рефлектираат сите бои
Одредени бои рефлектираат
Ги апсорбираат сите бои
Одредени бои апсорбираат
Обојувањето на предметите се должи на појавите:
Дифракција и рефракција
Дифракција и трнспаренција
Рефракција и транспаренција
Рефлексија и апсопција
Било кој прдмет кој не е проѕирен, ја добива бојата така што:
Ја пропушта само таа боја што ја има, а другите ги апсорбира
Ја одбива само таа боја што ја има, а другите ги пропушта
Ја одбива само таа боја што ја има, а другите ги апсорбира
Ја пропушта само таа боја што ја има, а другите ги пропушта
Било кој прдмет кој е проѕирен, ја добива бојата така што:
Ја пропушта само таа боја што ја има, а другите ги апсорбира
Ја одбива само таа боја што ја има, а другите ги пропушта
Ја одбива само таа боја што ја има, а другите ги апсорбира
Ја пропушта само таа боја што ја има, а другите ги пропушта
Мрежницата од окото ги има само следните три типа на клетки што се осетливи на бои:
Чепчиња што реагираат на црна, жолта и бела боја
Чепчиња што реагираат на портокалова, виолетова и црна боја
Чепчиња што реагираат на црвена, зелена и сина боја
Чепчиња што реагираат на кафена, модра и сива боја
Далтонистот не разликува
Црвена од зелена боја
Црвена од бела боја
Црна од бела боја
Жолта од зелена боја
Мешањето на две примарни бои од сончевиот спектар при кое се добива друга боја се нарекува:
Субтрактивно мешање на боите
Вештачко мешање на боите
Адитивно мешање на боите
Пигментско мешање на боите
Мешањето на еднакви количини од пигментските бои се нарекува:
Субтрактивно мешање на боите
Вештачко мешање на боите
Адитивно мешање на боите
Пигментско мешање на боите
При мешање на сите пигментски бои се добива:
Црна боја
Сина боја
Црвена боја
Бела боја
Мрежницата на окото се состои од:
Трепки и очен капак
Зеница и очен мускул
Стапчиња и чепчиња
Трепки и зеница
