wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Вежби за матура 1

Total questions: 7

Worksheet time: 10mins

Name
Class
Date
1.

kolku soglaski ima vo makedonskiot jazik

a)

7

b)

12

c)

26

d)

6

2.

Напиши го насловот на книгата на К Мисирков

(a)  

3.

На кој вид лексика, според потеклото, припаѓаат зборовите: старт, импорт, селекција?

a)

интернационализми

b)

архаизми

c)

историзми

4.

Како точно со зборови се пишува бројот 1304?

(a)  

5.

Како се нарекува општо прифатениот и едиствен систем од правила за пишување во еден јазик?

(a)  

6-11.

Внимателно прочитај го текстот и заокружи го точниот одговор. МУЗИКАТА ПРОТИВ СТРЕСОТ, ЕВЕ ГО ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ Запомнете, истражувачите прават процени за улогата на музиката во медицинската култура, односно како музиката може да ги подобри здравјето и нашата благосостојба. Истражувачите особено се осврнуваат за примена на музиката во здравјето – на пример, за припомош кај пациентите по хируршки зафати или за подобрување на животот на болните од Алцхајмер. Во некои случаи, позитивното влијание на музиката врз здравјето било посилно од лековите. Еве, пет начини како музиката влијае врз здравјето и нашата благосостојба: Музиката го намалува стресот и растројството. Истражувањата покажале дека слушањето музика – особено музика со бавен ритам, без текст – ги смирува луѓето во деновите со многу стрес и при болни случки. Во едно испитување, истражувачите откриле дека пациентите коишто имале хируршки зафат за хернија и кои слушале музика по операцијата, претрпеле спуштање на нивото на кортизол и побарале помалку морфиум за да се справат со болки. Музиката ја намалува болката. Таа има единствена способност да помогне во справување со болките. Според едно истражување од 2013 година, на 60 луѓе кај кои била дијагностицирана фибромиалгија – болест која се карактеризира со силни мускулно-скелетни болки, им било одредено слушање музика еднаш дневно во период од 4 недели. Во споредба со друга група, групата која слушала музика имала намалување на болките и помалку симптоми за депресија. Музиката помага во функционирање на имуниот систем. Дали слушањето музика може да ги спречи болестите? Истражувачите мислат – да. Истражување на Универзитетот Уилкес, САД, откри дека музиката влијае врз нивоата на IgA, важно антитело за првата линија на нашиот заштитен имун систем против болки. Едно истражување кај учениците покажа дека по слушање лесна музика, нивоата на IgA значително се покачиле. Музиката го помага и помнењето. Музиката помага при ослободување допамин, а ослободувањето допамин е поврзано со мотивацијата којашто влијае врз учењето и помнењето. Показателите дека музиката помага во помнењето, ги поттикнале истражувачите да го истражуваат нејзиното влијание кај луѓето коишто имаат проблеми со помнењето поради одредена болест. Експеримент од 2008 година, покажа дека кај пациенти коишто доживеале мозочен удар и биле на рехабилитација, по секојдневното слушање музика, за период од 3 до 6 месеци, значително им се поправило вербалното помнење и концентрацијата. Музиката помага и при вежбање. Колкумина од нас слушаат ритмична музика додека вежбаат? Излегува дека музиката многу ни помага во тој правец. Истражување во Велика Британија покажа дека мотива- 0101020-Ј 16 2 (31.1) Што велат истражувачите за слушањето музика? A. Може да ги превенира болестите. Б. Не ги превенира болестите. В. Постои претпоставка дека ги превенира болестите. Г. Не влијае директно. (31.2) Што говорат истражувањата за музиката со бавен ритам и без текст? A. Ги смирува луѓето во деновите со многу стрес и при болни случки. Б. Ги смирува луѓето и истовремено им го одзема времето. В. Го намалува стресот и го покачува растројството. Г. Ја намалува болката и го покачува стресот. (31.3) Која е способноста на музиката? A. Да се справува со инфекции. Б. Да се справува со рани. В. Да се справува со болката. Г. Да се справува со времето. 1 поен 1 поен 1 поен циската музика го зголемува нивото за потребното време за вежби и дека учесниците се чувствувале подобро во тој период. Исто така, друго истражување покажа дека кај лицата коишто вежбаат додека слушаат музика со побрз ритам (и во синхронизацијата со своите движења), нивните тела го користат кислородот поефективно отколку оние што слушаат побавна музика. Според спортските научници, музиката е способна да го долови вниманието, да го крене духот, да поттикне движење, да ја смени и поправи смислата за хумор, да ги врати спомените, да ја зголеми активноста, да ги намали проблемите и да ги охрабри ритмичните движења. Сите овие водат кон голем спортски потенцијал и вежбање. https://www.spektrum.al/muzika-kunder-stresit-ja-ndikimi-ne-shendetin-tone-2/

6.

Што велат истражувачите за слушањето музика?

a)

Може да ги превенира болестите

b)

Не ги превенира болестите

c)

Постои претпоставка дека ги превенира болестите

d)

Не влијае директно

7.

Што говорат истражувањата за музиката со бавен ритам и без текст?

a)

Ги смирува луѓето во деновите со многу стрес и при болни случки

b)

Ги смирува луѓето и истовремено им го одзема времето

c)

Го намалува стресот и го појачува растројството

d)

Ја намалува болката и го покачува стресот

8.

Која е способноста на музиката?

a)

Да се справува со инфекции

b)

Да се справува со рани

c)

Да се справува со болката

d)

Да се справува со времето

9.

Колку начини на влијанието на музиката врз здравјето на луѓето се споменати во дадениот текст?

a)

Пет начини

b)

Седум начини

c)

Девет начини

d)

Десет начини

10.

Кај лицата коишто вежбаат додека слушаат музика со брз ритам, нивното тело:

a)

Не користи кислород

b)

Го користи кислородот забавено

c)

Го користи кислородот поефективно

d)

Користи кислород со чести прекини

11.

Која година е направен експериментот со пациенти коишто имале мозочен удар?

a)

2005 годинА

b)

2008 година

c)

2010 година

d)

2013година

12.

На кое дело е автор Вилијам Шекспир?

a)

Чума

b)

Сон во летната ноќ

c)

Неверство

d)

Тартиф