wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Правила за однесување

Total questions: 20

Worksheet time: 10mins

Name
Class
Date
1.

Кое од наведените правила, НЕ може да се најде во училишниот кодекс?

a)

секој ученик мора да носи скапа облека и брендирани обувки

b)

забрането е за учениците да носат мобилни телефони во училиште

c)

ученикот треба да говори пристојно и со почит кон соучениците и вработените

2.

Точните правила за правилно однесување, обраќање, начин на зборување и облекување се викаат:

a)

етичко однесување

b)

бон-тон

c)

морално однесување

3.

Како се вика помошта при заедничкото извршување на работата и распределба на работата:

a)

толеранција

b)

соработка

c)

разбирање

4.

Пред тебе е поставена задача да пресудиш кој е во право во една расправија помеѓу момче и девојче. Според што ќе се раководиш во својата пресуда?

a)

според полот

b)

според тоа кој ми е подобар другар

c)

според праведноста

5.

Што добива човекот со доброто однесување во јавноста?

a)

добивање почит и доверба од другите луѓе

b)

можност да прави се што му е желба

c)

право да ги игнорира правилата на заедницата

6.

Кога децата ги заплашуваат помалите од нив и ги тераат да прават лоши нешта тогаш тие немаат:

a)

толеранција

b)

соработка

c)

грижа и разбирање

7.

За доброто однесување во домот, клучната улога ја има?

a)

родителите

b)

децата

c)

членовите на тој дом

8.

Толеранцијата е неопходна во доброто однесување, а тоа значи:

a)

да се прости нечија грешка

b)

да се разберат и прифата разликите на другите

c)

споделување на активностите за полесно извршување задчите

9.

Пристојноста, довербата, грижата, помошта, разбирањето се елементи на:

a)

процесот на воспитување

b)

доброто однесување

c)

универзалната етика

10.

Што треба да правиме ако сакаме добро да се однесуваат кон нас?

a)

да се однесуваме пристојно и со почит кон другите

b)

да враќаме со иста мера, без разлика какво е однесувањето

c)

да ги навредуваме и караме другите кога не ни се допаѓа нешто

11.

'Однесувајте се пристојно и со почит кон другите' е основно правило на:

a)

старите лица

b)

родителите

c)

учениците

12.

На соучениците кои имаат проблеми со тежината, видот или во говорот, треба:

a)

да ги сожалуваме

b)

да покажеме грижа и разбирање

c)

да сме толерантни

13.

Помошта од другарчињата значи:

a)

другарство

b)

толеранција

c)

негрижа и неразбирање

14.

Што покажуваме кога внимателно слушаме некого додека зборува?

a)

Дека сакаме да го прекинеме

b)

Дека го почитуваме

c)

Дека не нè интересира што кажува

15.

Како треба да реагираме кога некој ни зборува на непријатен начин?

a)

Да се смееме и да го потценуваме

b)

Да возвратиме со иста грубост

c)

Да останеме смирени и културно да одговориме

16.

Во која заедница за првпат го учиме тоа што е добро и како треба правилно да постапуваме?

a)

во училиште

b)

во јавна институција

c)

во семејството

17.

Кои се основните морални сили кои треба да го држат семејството заедно?

a)

Љубов и Доверба

b)

Мир и Слобода

c)

Соработка и Толеранција

18.

Која од следниве искази е одраз на одговорност на детето во домот:

a)

дедо го замоли Кире да му помогне , но Кире дрско го одби

b)

Лидија постојано и пререкува на баба, па дури да е зи најмала ситница

c)

Жарко секое утро кога ќе стане, веднаш си го мести креветот и собата не ја остава растурена

19.

Која од следниве бон-тон правила се однесува на добро однесување кон другите:

a)

Детето треба да се измие и среди наутро и секогаш пред да излезе

b)

Детето треба да говори пристојно, без висок глас, да не се кара и да не заповедува

c)

Детето треба да јаде смирено со помали залци,со нож и вилушка без искривено џвакање

20.

Зошто е важно да се однесуваме одговорно и почитливо и кога никој не нѐ гледа?

a)

Затоа што тоа е добар начин да ги измамиме другите

b)

Затоа што само тогаш можеме да правиме што сакаме

c)

Затоа што така градиме добар карактер и вредности