wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Морфосинтакса: Сложени глаголски форми — Контролен тест

Total questions: 19

Worksheet time: 4mins

Name
Class
Date
1.

Во која од наведените реченици е употребена форма на предминатото време?

a)

Ова лето бев поминал многу километри.

b)

Ова лето поминав многу километри.

c)

Ова лето сум поминал

2.

Во која реченица е употребено минато неопределено време?

a)

Се измори трчајќи.

b)

Ти си ми доаѓал на гости и порано.

c)

Се беше изнаоблекол како да е сред зима.

3.

Кое време е употребено во формата: Ќе те поканев?

a)

идно време

b)

минато идно време

c)

идно прекажано време

4.

Можен начин се образува со честичката БИ и:

a)

глаголска именка

b)

глаголска л-форма

c)

глаголска придавка

5.

Кое време е претставено со има-конструкцијата во реченицата: „Денес има да учам“?

a)

сегашно

b)

минато-идно

c)

идно

6.

Кoja глаголска форма се наоѓа во предминатото време?

a)

беше направил

b)

беше направен

c)

сум направил

7.

Идно време се образува со честичката ________ и формите на глаголот во ________ време.

a)

ќе; сегашно

b)

ќе; минато определено

c)

би; сегашно

d)

би; идно

8.

Глаголската конструкција со ИМА/НЕМА се образува со глаголска ________.

a)

лична форма

b)

л-форма

c)

именка

d)

придавка

9.

Минато неопределено време се образува со ________ + ________.

a)

помошниот глагол СУМ во сегашно време + глаголска л-форма

b)

честичка ЌЕ+ глаголот во МОВ

c)

помошниот глагол СУМ во МОВ + л-форма глаголот

d)

БИ + л-форма од глаголот

10.

Напиши ја множинската форма за можен начин од глаголот САКА:

a)

би сакале

b)

сме сакале

c)

ќе сакаат

d)

сакаа

11.

Напиши ја формата на глаголот НОСИ во 1. лице множина, минато неопределено време:

a)

сме носеле

b)

носевме

c)

бевме носеле

d)

ќе носиме

12.

Употреби го глаголот во заграда во наведеното време. Тој често __________ хорор-филмови. (гледа, минато неопределено време)

a)

Тој често гледал хорор-филмови.

b)

Тој често би гледал хорор-филмови.

c)

Тој често гледаше хорор-филмови.

d)

Тој често ќе гледа хорор-филмови.

13.

Употреби го глаголот во заграда во наведеното време. Ти ја __________ книгата одамна. (прочита, предминато време)

a)

Ти ја беше прочитал книгата одамна.

b)

Ти ја си прочитал книгата одамна.

c)

Ти ја имаш прочитано книгата одамна.

d)

Ти ја ќе прочиташ книгата одамна.

14.

Употреби го глаголот во заграда во наведеното време. Тие __________ кај нас утре. (дојде, идно прекажано)

a)

Тие ќе дојдеа кај нас утре.

b)

Тие ќе дојдат кај нас утре.

c)

Тие ќе дошле кај нас утре.

d)

Тие би дошле кај нас утре.

15.

Исказниот начин во реченицата „Јас ќе дојдам утре“ претвори го во можен начин.

a)

Јас би дошол утре.

b)

Јас доаѓам утре.

c)

Јас ќе дојдам утре.

d)

Да дојдам утре?

16.

Избери ја реченицата со глаголска конструкција ИМА + ЧИТА во минато определено време.

a)

Тој ја имаше прочитано цела книга вчера

b)

Тој имал читано книга вчера.

c)

Тој беше имал читано книга вчера.

d)

Тој има читано книга вчера.

17.

Избери ја реченицата со глаголот ГЛЕДА во 3. лице множина, идно време.

a)

Тие ќе гледаат филм утре.

b)

Ние ќе гледаме филм утре.

c)

Вие ќе гледате филм утре .

d)

Тие ќе гледаа филм вчера.

18.

Употреби го глаголот во заграда во наведеното време. Ние __________ на одмор следната недела. (одиме, идно време)

a)

Ние сме оделе на одмор следната недела.

b)

Ние бевме оделе на одмор следната недела.

c)

Ние ќе одиме на одмор следната недела.

d)

Ние одиме на одмор следната недела.

19.

Во која од наведените реченици е употребена форма на идно време?

a)

Тој оди на работа секој ден.

b)

Тој беше отишол на работа.

c)

Тој ќе оди на работа утре.