Search Header Logo
МИТ-народна проза

МИТ-народна проза

Assessment

Presentation

Social Studies

7th Grade

Practice Problem

Hard

Created by

Daniela Ivanova

FREE Resource

10 Slides • 0 Questions

1

МИТ
НАРОДНА ПРОЗА

2

1.Најстари епски видови се: мит, легенда и предание.
2. Бура од идеи (напиши ги сите асоцијации за зборот мит, на што те потсетува зборот мит).

3. Зборот мит има грчко потекло и значи приказна која се раскажува, кажува усно. (Бидејќи  митовите припаѓаат на усната народна литература, се пренесуваат од колено на колено, значи дека имаат  и повеќе варијанти/верзии)

3

​Во дамнешни времиња човекот не можел да ги објасни природните појави, па во својата фантазија измислувал натприродни  ликови со натприродни сили кои, според него, биле заслужни за сè што се случувало. Така се создавале приказни за: богови, самовили, крилести коњи,  џинови, змејови , сирени, полубогови и др.необични ликови.   

Пр. кентаур=митолошко суштество што има тело на коњ, a труп и глава на човек.

4

Луѓето  во минантото не знаеле зошто врне, зошто грми. Науката не била развиена. Така настанувале приказни исполнети со фантазија, наречени митови. 
ЗАПОМНИ:
4.
Митот настанал како резултат на тоа што човекот не знаел да си објасни oдредени природни појави и промени, па ја употребил својата фантазија измислувајќи фантастични приказни (митови) за ликови со натприродни сили.

5

​Што е мит?
5.
МИТ  Е  ФАНТАСТИЧНА ПРИКАЗНА КОЈА УСНО СЕ  ПРЕНЕСУВА ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО.
Митот е куса епска творба со фантастични ликови и настани.

6

​6. Митот објаснува природни појави: како настанал светот, сонцето, небото, годишните времиња, животот воопшто.

7. Митот е обид да се осознае Светот.

7

​8.Секој народ си има своја митологија.
9. Митологија е збир од митови на еден народ.

Митологијата е систем од верувања и обичаи. Народите кои имаат заедничко потекло имаат и заедничка митологија. Митологии: словенска, римска, египетска, грчка (хеленска), индиска, скандинавска.

      (По историја сте учеле за грчка и словенска митологија.  

        Сетете се на Зевс-врховниот  бог во грчката

        митологија, Хера-неговата жена; сетете се на Весна-

       божица на пролетта во словенската митологија, Перун –

        бог на громот)

8

Сега прочитајте го МИТОТ ЗА ПРОМЕТЕЈ на 53 стр.од учебникот.

Титанот Прометеј го дава огнот на луѓето, а ги научил  и како да го создаваат.

9

Во грчката митологија имало таканаречени титани. Тие биле полубогови (Божества од понизок ред, меѓу бог и човек.). Еден од најпознатите седуммина бил Прометеј.
vНеговото име значи мудрост, а се смета дека тој му донел знаење на човештвото.

vБожицата Атена му ги открила тајните на: медицината, математиката, астрономијата, пловидбата и други знаења и вештини.

v Знаењата и вештините им ги пренесувал на луѓето, со што се зголемувале нивните способности.vНеговото име значи мудрост, а се смета дека тој му донел знаење на човештвото.

vБожицата Атена му ги открила тајните на: медицината, математиката, астрономијата, пловидбата и други знаења и вештини.

v Знаењата и вештините им ги пренесувал на луѓето, со што се зголемувале нивните способности.

10

ЗА ДОМАШНА РАБОТА
Читање на повеќе митови  кои ќе ви ги ПРЕПОРАЧАМ. (Може и читање според ваше истражување на интернет)

Прераскажување на еден омилен  мит  во домашните тетратки.

МИТ
НАРОДНА ПРОЗА

Show answer

Auto Play

Slide 1 / 10

SLIDE