NEW
Font size
WorksheetsКвиз на тема медиумска писменост
Total questions: 36
Worksheet time: 19mins
Кој термин се користи за да се опишат следниве средства за комуникација: радио, телевизија, весник, Интернет?
Медиуми
Мултитаскинг
Литература
Социјални медиуми
Што може да влијае врз формирањето на јавното мислење?
Социо-економски статус
Нови медиуми
Значајни настани
Сè од горе наведеното
Дали видео-игрите можат да бидат сметани за медиум?
Не
Да
Понекогаш
Ретко
Видео-игрите се сметаат за медиум затоа што:
влијаат врз однесувањето на човекот
се средство преку кое луѓето се забавуваат
имаат карактеристики кои овозможуваат комуникација
бидејќи се во тренд
Што е цензура?
Сајбер-булинг (малтретирање)
Пласирање на лажни вести и залажувачки информации
Обид за влијание врз однесувањето и мислењето на другите
Бришење на информацијата или спречување на слободата на говор
Што е вест?
Првата информација на телевизија.
Основен новинарски жанр кој во кратка форма одговара на основните новинарски прашања.
Најсподелуваната информација на Фејсбук.
Сè од горе наведеното.
Што е информација?
Порака која се пренесува на различни начини.
Наслов на веста.
Извор на веста.
Нова објава на Фејсбук.
Што значи медиумски писмена личност?
Писмен новинар/новинарка во медиумите.
Личност која знае да чита и пишува.
Личност која гледа многу телевизија.
Личност која може да пристапи, анализира, оцени и креира медиумски содржини.
Што е редакција?
Тим на луѓе кои воведуваат ред во медиумите.
Новинарскиот тим во еден медиум вклучувајќи ги и уредниците.
Менаџментот на медиумот.
Конекцијата меѓу медиумите и компаниите.
Што е слобода на изразување?
Право на поединецот за слободно зборување и изразување без цензура или ограничување.
Изразување со едноставни зборови.
Издвојувана победа во дебата.
Ништо од горе наведеното.
Што е цитат?
Римски збор.
Изјава на позната личност.
Дел од новинарски текст во кој директно се наведени нечии зборови онака како што се кажани.
Новинарски текст кој е забранет за објавување.
Што е псевдонастан?
настан кој се случил во минатото
лажен, симулиран настан
настан кој се случувал повеќепати
спортски настан
Автоцензура е:
слобода на изразување и објавување вести
ограничување на слободата на изразување и објавување вести од уредникот на редакцијата
ограничување на слободата на изразување и објавување на вести од самиот себе
свесно објавување на лажни вести
Што значи поимот „заробени медиуми“?
медиуми во стечај
медиуми со финансиски проблеми
медиуми кои објавуваат локални вести
медиуми кои се контролирани од некој друг и известуваат во негова полза
Новинарот има професионална обврска да ја провери автентичноста на веста од социјалните мрежи пред да ја објави
секогаш
понекогаш
ретко
нема потреба од проверка
Непроверувањето на автентичноста на информацијата, особено кога доаѓа од неофицијален извор, примарно претставува закана за угледот на медиумот.
Не е точно
Да, точно е
Понекогаш е така
Ретко
Практиката покажува дека во македонското новинарство сè уште постојат проблеми со почитувањето на елементарните новинарски принципи.
Да
Не
Понекогаш
Ретко
Фер пристап и однесување во новинарството подразбира:
дистанцирање на новинарските автори од влијанието на политичките и финансиските моќници.
поддржување на политичките и финансиските моќници.
афирмирање на политичките и финансиските моќници
редовно медиумско напаѓање на политичките и финансиските моќници.
Новинарите треба да работат во интерес на:
уредникот
власта
јавноста
финансиските моќници
Под поимот ,,новинарски демант“ се подразбира:
изјава (соопштение) со кое се негира вистинитоста на некоја информација или се врши исправка на некоја вест или тврдење
ширење на лажна вест
самоцензура
цензура од страна на уредникот на медиумот
Социјалните мрежи, особено Фејсбук не се платформи од кои може да си земе кој што сака, без правила, прописи и без одговорност.
Да
Не
Понекогаш
Никогаш
Новинарите треба да бидат во функција на:
политичките партии
финансиските моќници
јавноста и јавниот интерес
уредникот во редакцијата
Преземање на содржини од Фејсбук за јавна објава без согласност е
незаконска активност
дозволена активност
прашање за кое решава уредникот
прашање за кое решава новинарот
Под поимот ,,мрзливо новинарство“ се смета
кога не се известува од настан, туку се чека официјално толкување
кога се известува од самиот настан
кога се известува лажно
кога се известува преку Интернет
Користењето на официјални извори при известување од настан е
пожелно
неопходно
непотребно
многу опасно
Што значи поимот „копи-пејст“ новинарство?
Новинарство кое пласира лажни вести.
Препишувачко новинарство.
Нов, модерен начин на новинарство.
Истражувачко новинарство.
Коментарот е
аналитички, монолошки новинарски жанр.
дијалошки, новинарски жанр.
вест објавена на Фејсбук.
вест објавена на Инстаграм.
Анонимен новинарски текст е
текст кој го потпишува уредникот.
текст кој не е потпишан од новинарот - автор.
текст кој шири говор од омраза.
текст кој има политичка конотација.
Говор од омраза претставува:
употреба на навредувачки и вулгарен јазик во јавен простор.
употреба на лажни вести.
употреба на разговорен јазик.
употреба на клетви и благослови.
Информиран граѓанин води кон
економска криза.
говор од омраза.
медиуми во стечај.
демократско општество.
Некои стории се намерно лажни
да
не
ретко
најчесто
Што укажува дали веста е напишана само за забава?
Сликите
Правописот
Името на авторот
Изворот, деталите и тонот на сторијата.
Што е клучен елемент за препознавање на лажна вест?
Доказот.
Порталот кој ја објавува веста.
Земјата од којашто доаѓа веста.
Начинот на изразување на новинарот.
Какви наслови најчесто имаат лажните стории?
Наслови поткрепени со слики.
Наслови потпишани со име и презиме од авторот.
Наслови потпишани од уредникот на редакцијата.
Примамливи наслови со големи букви и извичници.
Што е право и должност на новинарите?
Да шират лажни вести.
Да известуваат само во корист на власта.
Да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.
Да преземаат слики од Фејсбук профили.
Новинарите немаат право да:
ја презентираат вистината.
ја информираат јавноста.
поттикнуваат критичко размилсување кај публиката.
коментираат.
