wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

PHYSICS+CHEMISTRY 2019

Total questions: 25

Worksheet time: 31mins

Name
Class
Date
1.

Кај едностран лост, силата и товарот се:

a)

на иста страна од потпорната точка

b)

со еднакви краци

c)

на различни страни од потпорната точка

d)

еднакви

2.

Густина е:

a)

маса по волумен на телото

b)

волумен на одредена маса на телото

c)

маса на одреден волумен на телото

d)

волумен по маса на телото

3.

Зборот „ЕУРЕКА“ значи:

a)

радост

b)

браво

c)

ураа

d)

се сетив

4.

Колкава е масата на дрвена коцка со страна 10 cm? Густината на дрвото е 800 kg/m3.

a)

80 kg

b)

0.8 kg

c)

8 kg

d)

1.25 kg

5.

Волуменот на Coca-Cola во лименка е 1/3 l. Mаста на полна лименка 363 g. Волуменот на лимот потрошен за лименката 11,1 cm3. Ако густината на Coca-Cola-та е 1g/cm3, колкава е густината на лимот.

a)

2,7 g/cm3

b)

7,8 g/cm3

c)

760 kg/m3

d)

7.2 g/cm3

6.

На која од следниве надморски височини, атмосферскиот пртисок е најмал?

a)

0 m

b)

1000 m

c)

3000 m

d)

2000 m

7.

3/4 kPA =

a)

3000 Pa

b)

750 Pa

c)

1500 Pa

d)

75 Pa

8.

Три садови со различни форми се поланат со вода до иста висина. На дното од кој сад , хидростатичкиот притисок ќе биде најголем?

a)

садот со најголем волумен

b)

садот со најмал волумен

c)

садот со среден волумен

d)

во сите садови е еднаков

9.

На двостран лост на оддалеченост од 1 m стои слон со тежина од 40 kN. Дали може човек со маса од 80 кг да го одржува лостот и на која оддалеченост треба да биде ако може? g≈10 m/s2

a)

не може

b)

50 m

c)

320 m

d)

500 m

10.

Кој начин на пренос на топлина е опишан во изразот: Сонцето ја загрева планетата Венера.

a)

конвекција

b)

радијација

c)

кондукција

d)

ниту еден

11.

Апсолутна нула изразена во ◦C изнесува:

a)

273, 13 ◦C

b)

-327,15 ◦C

c)

-273,15 ◦C

d)

-273,13 ◦C

12.

Фосилните горива по својот хемиски состав се:

a)

јагленхидрати

b)

јаглероди

c)

јагленводороди

d)

јаглендеривати

13.

Колку g вода би можеле да се загреат за 5◦C со количество топлина што се добива при ударот на камен со маса од 10 kg кој слободно паѓа од височина од 30 m на подлогата, но при тоа водејќи сметка дека 10% од вкупната енергија се потрошени за совладување на силата на отпорот на воздухот?

(g = 10 m/s2)

a)

18,2 g

b)

1180 g

c)

128 g

d)

281 g

14.

Името на соединението MnCO3 e:

a)

магнезиум карбонат

b)

манган карбонат

c)

манган (II) карбонат

d)

манган (III) карбонат

15.

Во 1897г. научникот Џ.Џ. Томсон го открил:

a)

електронот

b)

протонот

c)

неутронот

d)

атомот

16.

Во јадрото на атомот се сместени честичките:

a)

протони и електрони

b)

неутрони и електрони

c)

протони и неутрони

d)

протони, неутрони и електрони

17.

Моника и Мила ја испитувале реакцијата меѓу калциум карбонат (мермер) и хлороводородна киселина. Во кој случај реакцијата би била најбрза?

a)

1 g парчиња од мермер со 50 ml хлороводородна киселина на 20◦C.

b)

1 g прав од мермер со 50 ml хлороводородна киселина на 20◦C

c)

1 g прав од мермер со 50 ml хлороводородна киселина на 30◦C

d)

1 g пaрчина мермер со 50 ml хлороводородна киселина на 30◦C

18.

Катализатор е супстанција што ја....

a)

забавува реакцијата и се троши при реакцијата

b)

забрзува реакцијата и се троши при реакцијата

c)

забрзува реакцијата и не се троши при реакцијата

d)

забавува реакцијата и не се троши

19.

Валентноста на сулфурот во SO3 e:

a)

1

b)

3

c)

4

d)

6

20.

Валентноста на оловото во Pb(NO3)2 e....

a)

1

b)

2

c)

4

d)

6

21.

Во молекулата на едно соединение еден атом на металот Х е сврзан со три атоми на кислород. Молекулата на друго соединение е изградена од 1 атом на неметал Y и три атоми на водород. Која е формулата на соединениетоисградено од елементите X и Y?

a)

XY 2

b)

XY

c)

XY3

d)

X3Y6

22.

Формула на супстанца со поларна ковалентна врска е:

a)

CH4

b)

KCl

c)

Br2

d)

Na2O

23.

Атомскиот број на еден елемент е 11, а масениот број е 23. Одбери ја комбинацијата на протони, неутрони и електрони.

a)

p=11, n=11, e=12

b)

p=11, n=12, e=11

c)

p=12, n=12, e=11

d)

p=12, n=11, e=11

24.

Кој елемент спаѓа во групата на халогени елементи?

a)

аргон

b)

флуор

c)

хелиум

d)

неон

25.

Електронската конфигурација на елементот е 2,8,7. Во периодниот систем овој елемент се наоѓа во:

a)

седма група и трета периода

b)

втора група и трета периода

c)

седма група и втора периода

d)

седумнаесетта група и трета периода