wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Квиз за проверка на знаењата за шесто одделение -МАЈ

Total questions: 18

Worksheet time: 9mins

Name
Class
Date
1.

Скратеницата стр. означува:

a)

странец

b)

страница

c)

стара

2.

Сложениот збор тривековен претставува:

a)

сложена именка чиј прв дел е туѓ збор

b)

сложена именка чиј прв дел е број

c)

сложена именка чиј прв дел е именка

3.

Скратеницата д-р означува:

a)

директор

b)

друго

c)

доктор

4.

Која од наведениве сложени именки е правилно напишана?

a)

тримесечје

b)

мили метар

c)

авио механичар

5.

Во која реченица има погрешно напишан сложен збор?

a)

Тој не може да излезе надвор.

b)

Тие неможеа да одговорат.

c)

Јас не сакам да читам лектира.

6.

Пронајди ги зборовите кои се погрешно напишани!

a)

несака

b)

најмногу

c)

нај малку

d)

отсега

7.

Која од наведените реченици содржи збор кој има преносно значење?

a)

Баба испече вкусна пита.

b)

Тој го испече занаетот.

8.

За кој вид текст е карактеристично да се изврши избор на податоците за времето, местото и учесниците во настанот?

a)

вест

b)

извештај

9.

Карактерните особини на ликот уште се викаат и:

a)

внатрешни особини

b)

надворешни особини

10.

Што се опишува со зборовите: мила, добра, искрена?

a)

надворешни особини

b)

внатрешни особини

11.

Физичките особини на ликот уште се викаат и:

a)

внатрешни особини

b)

надворешни особини

12.

Што опишуваат зборовите: тенок, црн, висок, слаб, при опис на лик?

a)

надворешни особини

b)

внатрешни особини

13.

„...Вчера со почеток во 9 часот на планината Бистра беа одржани натпревари во скијање на кои учество зедоа натпреварувачи од неколку земји.Натпреварите се одвиваа во две дисциплини: слалом и велеслалом.

Победниците на натпреварите покрај златен, сребрен и бронзен медал добија и парична награда. И оваа година организатор беше Здружението за зимски спортови на Македонија, а манифестацијата беше потпомогната и од Претседателот на

Република Македонија.Настанот беше медиумски покриен...“

Дадениов извадок претставува:

a)

вест

b)

извештај

14.

,,Елена учи заедно со мене, и двете сме шесто одделение. Ние сме

најдобри другарки и секогаш меѓусебно си даваме поддршка.“

(Извадок од ученички состав)

Во извадокот има опис на:

a)

лик

b)

личност

15.

„... Помладиот син на Тодор, Стојан, беше вреден и скромен

човек. Знаеше да ги чува парите што тешко ги заработи во К’мпина. Го знаеше и

слаткарскиот занает...“

(Извадок од романот „Танцот на ветровите“ – Јован Дамјановски)

Во дадениов извадок има опис на:

a)

лик

b)

личност

16.

Прашањата: кој, што, каде, кога, зошто, како, карактеристични за кусото известување, се поврзуваат со:

a)

вест

b)

извештај

17.

Кој го толкува ликот, односно кој го претвора пишуваниот текст во жив говор?

a)

режисерот

b)

актерот

c)

костимографот

18.

Кој е задолжен за амбиентот во кој се одигрува театарската претстава и за визуелниот изглед на сцената?

a)

актерите

b)

сценографот

c)

костомографот