WorksheetsМакедонски јазик Контролна вежба 1
Total questions: 10
Worksheet time: 3mins
Најсовршено средство за комуникација е:
зборот
реченицата
јазикот
знакот
Според звучноста, согласките се делат на:
силни и слаби
звучни и безвучни
гласни и тивки
големи и мали
Ако при изговорот на согласките не треперат гласните жици тие спаѓаат во:
звучни
нејасни
јасни
безвучни
Согласката Д има свој безвучен пар во согласката:
П
Т
К
Ч
Свој пар во звучните согласки нема согласката:
Х
Ф
Ш
Ќ
Збирна именка е употребена во реченицата:
На небото пролетаа две јата птици.
Во големата продавница беше изложен најубавиот мебел.
Дали овчарот водеше цело стадо овци ?
Леле, колку деца си играат во училишниот двор !
Присвојна придавка е употребена во реченицата:
Заврши првиот час.
Зошто удри на пластичната масичка?
За роденден гостите ми донесоа убави подароци.
Колку убаво жубори планинската река!
Во која реченица е употребена бројна придавка?
Го изедов и третото чоколадо.
Сестра ми ја прочита „Волкот и трите прасиња“.
Во базенот пливаат седум деца?
Брат ми наполни 18 години.
Песната во која поетот ги излеал своите чувства е:
Епска песна
Хумористична песна
Лирска песна
Чувствителна песна
Личноста што е задолжена за костимите на актерите во театарската претстава се нарекува:
сценограф
костимограф
главен актер
режисер
