wayground logo

Free Printable Worksheets

NEW

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Дидактика 2

Total questions: 14

Worksheet time: 7mins

Name
Class
Date
1.

Наставникот ги подготвува потребните наставни средства и материјали. Исто така ги подготвува и барањата и задачите кои ќе се работат на часот. Станува збор за:

a)

материјално-техничка подготовка

b)

сознајна подготовка

c)

психолошка подготовка

2.

Наставникот однапред ги утврдува обемот и длабочините на содржините кои ќе се обработуваат на часот. Тоа се однесува на:

a)

Градуирање на знаењата

b)

Димензионирање на знаењата

c)

Преструктуирање на знаењата

d)

Формулирање на знаењата

3.

Наставниот план претставува документ со кој се одредува:

a)

Предметите кои ќе се учат во одредено училиште и содржините кои ќе се обработуваат

b)

Предметите кои ќе се учат во одредено училиште, со определен распоред и седмичен и годишен фонд на часови

c)

Предметите кои ќе се учат во одредено училиште, со определени содржини и фонд на часови

4.

Распоредот на предметите во наставниот план може да биде:

a)

Концентричен, стимулативен и комбиниран

b)

Линеарен, концентричен и комбиниран

c)

Прагматичен, концентричен и комбиниран

5.

Начини на распоред на содржините во наставната програма:

a)

Диференциран, концентричен и комбиниран

b)

Програмиран, концентричен и комбиниран

c)

Линиски, концентричен и комбиниран

d)

Линиски, разгранет и комбиниран

6.

На кој наставен метод се однесуваат следните форми - академско предавање, раскажување, опишување, објаснување, образложение и расудување:

a)

Метод на пишување

b)

Дијалошки метод

c)

Метод на усно излагање

d)

Метод на читање и работа со текст

7.

Во методот на практични и лабораториски работи најзначајни се следните активности:

a)

Демонстративен приказ на содржини од наставната материја

b)

Експериментален приказ на содржини од наставната материја

c)

Наративен приказ на содржини од наставната материја

d)

Експликативен приказ на содржини од наставната материја

8.

Во графички средства спаѓаат:

a)

Географски карти, графикони, учебници, слики

b)

Компакт дискови, дијаграми, графикони, карикатури

c)

Графикони, дијаграми, плакати, географски карти

d)

Енциклопедии, фотографии, слики, стрипови

9.

Училницата која е опремена со повеќе различни медиуми се нарекува:

a)

Електронска училница

b)

Специјализирана училница

c)

Универзална училница

d)

Интерактивна мултимедиска училница

10.

Фронтална форма на наставна работа е кога:

a)

Наставникот истовремено работи со целото одделение

b)

Сите ученици работат иста задача но поделени се во групи

c)

Секој работи сам, а сите работат на иста задача

d)

Целото одделение е поделено во групи и сите работат различни задачи

11.

Зависно од критериумот што се применува, во групната форма на наставна работа постојат два вида на групи:

a)

Според функцијата на задачите и можноста за соработка меѓу групите

b)

Според начинот на составување на групата и според видот на работните задачи

c)

Според распоредот на групите и комуникацијата меѓу учениците од двете групи

d)

Според времето за работа и видот на задачите

12.

На што се однесува наведеното: Овој вид на активности опфаќа задачи кои треба да се извршат во определено време, формите, методите и средствата за остварување на поставената цел, како и начините на контрола и проценка на постигнатите резултати:

a)

На примена на наставниот план и наставната програма

b)

На евалуација на воспитно-образовната работа

c)

На планирање и подготовка на воспитно-образовната работа

d)

На примена на современи наставни методи

13.

Алтернативното прашање во методот на разговор се однесува на:

a)

Прашање каде од прашаниот се бара да ги изнесе своите перцепции и сфаќања за некој предмет

b)

Прашање кое е искажано со потврдна реченица

c)

Прашање каде прашаниот треба да се определи за еден од два одговори веќе дадени во прашањето

d)

Прашање во кое на прашаниот му се сугерира одговорот

14.

Наставниот метод каде поставените задачи се остваруваат со цртање е:

a)

Метод на демонстрација

b)

Метод на пишување

c)

Метод на лабораториски и практични работи

d)

Метод на илустрација