wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

VIII-1 Повторување

Total questions: 23

Worksheet time: 33mins

Name
Class
Date
1.

Пронајди го сврзникот во реченицата:

Зоран од продавницата купи леб и млеко.

a)

и

b)

од

2.

Пронајди го сврзникот во реченицата:

Ќе учам ама ако ми купите велосипед.

a)

ама

b)

ми

3.

Пронајди го сврзникот во реченицата:

Не реков така туку онака.

a)

така

b)

туку

4.

Кој од следните сврзници НЕ Е сложен сврзник?

a)

тукушто

b)

за да

c)

меѓутоа

d)

зашто

5.

Најди ја строфата со стилската фигура градација:

a)

Тој што ми даде јаболко, как него да се тркала.

Тој што ми даде златен прстен низ него да се провира.

Тој што ме мене целива, дај ми го Боже на јаве со него век да векувам.

b)

Глава има колку еден казан,

уши колку два таруна,

очи има колку два шиника.

Он ми сака голема таина:

на ден ми сака една фурна леба,

и ми сака по две бочви вино,

и ми сака по бочва ракија,

и ми сака по три млади крави…

c)

Кога бев преполн сила

што придојдува како матна речна глава,

кога се сетив вреден за мојот подвиг,

достоен за слава,

кога ми закрепна гласот за најдобар збор,

раката за најтежок меч,

ногата за најверен од —

тогаш се сломив.

Паднав како црешово дрво од премногу род.

6.

Кој од следните изрази претставува хипербола?

a)

Не викај! Ќе ми прсне главата!

b)

Сакам да го допрам сонцето!

c)

Ми се спие, ми се плаче!

7.

Следните предлози се сложени предлози:

пред, меѓу, крај

a)

Точно.

b)

Погрешно.

8.

Каков предлог е употребен во реченицата:

„Тетратката е на сестра ми.“?

a)

присвојно значење

b)

просторно значење

c)

начинско значење

9.

Во која од речениците предлогот е употребен со временско значење?

a)

Ќе ги најдеш документите во првата фиока.

b)

Планирам да одам во Скопје.

c)

Во сабота планирам да гледам филмови цел ден!

10.

Какви видови на предмет постојат:

a)

директен, недиректен и предлошки предмет.

b)

директен, индиректен и предлошки предмет.

c)

директен, индиректен и прилошки предмет.

d)

директен, недиректен и прилошки предмет.

11.

Предлогот „на“ се користи само за:

a)

директен предмет

b)

индиректен предмет

c)

предлошки предмет

12.

Каков предмет забележуваш во реченицата:

„Верувам во тебе.“?

a)

Директен предмет

b)

Индиректен предмет

c)

Предлошки предмет

13.

Која од следните реченици има удвоен предмет?

a)

Тој игра кошарка.

b)

Јас почитувам постари луѓе.

c)

Мене ме избраа за претставник на екипата.

14.

Како е удвоен предметот во следната реченица:

„Не ми зборувај за неа.“?

a)

Кратката заменка „ми“ и предметот „за неа“.

b)

Кратката заменка „ми“ и предметот „неа“.

c)

Негацијата „не“ и предлогот „за неа“.

15.

Апозицијата е:

a)

основен реченичен член.

b)

второстепен реченичен член.

c)

неопходен реченичен член.

16.

Апозицијата во реченицата е:

„Мојата братучеда, Сања, често доцни на училиште.“

a)

Мојата братучеда

b)

Сања

c)

често

d)

на училиште

17.

Правописно, апозицијата се пишува

a)

со две запирки.

b)

со една запирка.

c)

без заприки.

18.

Апозицијата е неопходен реченичен член затоа што таа го дополнува и менува значењето на реченицата.

a)

Точно.

b)

Погрешно.

19.

Предметот е

a)

второстепен реченичен член.

b)

првостепен реченичен член.

c)

неопходен реченичен член.

d)

основен реченичен член.

20.

Во реченицата има употребено неудвоен директен предмет.

„Јас ја видов Марија.“

a)

Точно.

b)

Погрешно.

21.

Апозицијата секогаш стои ПРЕД членот којшто го дообјаснува.

a)

Точно.

b)

Погрешно.

22.

Избери ги сите реченици со предлошки предмет:

a)

Вчера се видовме со Стефан.

b)

Заборавив да ѝ се јавам на Јана.

c)

Само за тоа се зборува.

d)

Отвори ја вратата.

23.

Членот врз кој преминува глаголското дејство во реченицата се вика

a)

подмет.

b)

прирок.

c)

апозиција.

d)

предмет.