Wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

А. IV Прашања во врска со положбата и други општи прашања за вра

Total questions: 72

Worksheet time: 18hrs 0mins

Name
Class
Date
1.

1. Вработени во јавен сектор се:   

a)

а) лицата кои засновале работен однос во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон

b)

б) лицата кои засновале работен однос во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот  и со закон, како и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје

c)

в) лицата кои засновале работен однос во општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје

2.

2. Лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, се сметаат за вработени во јавниот сектор

a)

а) точно

b)

б) неточно

3.

3. Давателите на јавни услуги во областа на комуналните дејности не се сметаат за вработени во јавен сектор:           

a)

а) точно

b)

б) неточно

4.

4. За прашања кои се однесуваат на работниот однос на вработените во јавниот сектор се применуваат општите прописи за работните односи, само доколку...       

a)

а) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, посебните закони и колективните договори

b)

б) се работи за прашања кои се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и овој закон упатува на дополнителна примена и на општите прописи за работните односи

c)

в) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот  сектор, како и за прашања за кои Законот за вработените во јавниот сектор не упатува на примена на посебен закон и колективен договор, а се однесува на работниот однос на вработениот

5.

5. Начелото  на  еднакви  услови и  еднаков  пристап  до  работно  место, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор значи дека:    

a)

а) институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку интерен, односно јавен оглас

b)

б) на јавниот, односно интерниот оглас се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место

c)

в) сите вработени во јавниот сектор имаат право на еднакви организациски, просторни и технички услови

6.

6. Институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку објавување:       

a)

а) јавен, односно интерен оглас

b)

б) јавен повик

c)

в) соопштение до јавноста

7.

7. Унапредувањето на вработените во јавниот сектор се врши преку : 

a)

а) објавување на интерен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

b)

б) објавување на јавен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

c)

в) преземање при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

8.

8. Примена  на  начелото  на  управување  со  ефектот  на  вработените  во јавниот сектор подразбира:                      

a)

а) обврска на институциите да воспостават процедури за управување со ефектот на вработените, преку кои ќе се следи нивната работа, ќе се оценуваат и ќе се предлагаат мерки за подобрување на ефектот

b)

б) обврска на вработените да ги извршуваат работите и работните задачи утврдени во актите за систематизација на работни места во институциите

c)

в) обврска на институциите да ги унапредат вработените

9.

9. Примена на начелото на сервисна ориентираност за вработените во јавниот сектор подразбира:          

a)

a) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, со истовремена грижа за јавниот интерес

b)

б) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и  интересите на странките, не водејќи сметка за јавниот интерес

c)

в) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на сопствениот интерес

10.

10. Примената  на начелото на транспарентност и доверливост за вработените во јавниот сектор подразбира ...    

a)

а) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да обезбедат пристап до информации од јавен карактер на начин и под услови утврдени со закон

b)

б) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи не смеат да обезбедат пристап до информации од јавен карактер за надворешните лица

c)

в) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да побараат дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација заради обезбедување на пристап до информации од јавен карактер

11.

11. Работните места на вработените во јавниот сектор се групираат во:      

a)

а) две групи

b)

б) три групи

c)

в) четири групи

12.

12. Која од наведените групи не се смета за група на вработени во јавниот сектор:      

a)

а) даватели на јавни услуги

b)

б) помошно - технички лица

c)

в) функционери

13.

13. Во рамки на секоја подгрупа на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:                    

a)

а) една или повеќе групи на работни места

b)

б) една или повеќе категории на работни места

c)

в) едно или повеќе нивоа на работни места

14.

14. Во рамки на секоја категорија на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:             

a)

а) една или повеќе подгрупи на работни места

b)

б) едно или повеќе нивоа на работни места

c)

в) една или повеќе групи на работни места

15.

15. Категориите и нивоата на работните места во јавниот сектор се утврдуваат во:             

a)

а) Законот за работните односи

b)

б) Законот за вработените во јавниот сектор

c)

в) посебните закони и колективните договори

16.

16. Каталогот на работните места во јавниот сектор го воспоставува и води:    

a)

а) Агенцијата за вработување на Република Македонија

b)

б) Министерството за информатичко општество и администрација

c)

в) Агенцијата за администрација

17.

17. Што се регулира со актот за внатрешна организација на институцијата:       

a)

а) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа

b)

б) начинот на однесување на вработените во институцијата

c)

в) име и презиме на сите вработени во институцијата

18.

18. Актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места за секоја институција од јавниот сектор го донесува:

a)

а) надлежен државен орган утврден со закон

b)

б) раководното лице на институцијата

c)

в) раководителот на организационата единица за управување со човечките ресурси во институцијата

19.

19. Со актот за систематизација на работните места во институцијата се регулира/ат:       

a)

а) описите на работните места

b)

б) начинот на однесување на вработените

c)

в) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа

20.

20. Регистарот на вработените во јавниот сектор го воспоставува и во електронска форма го води:       

a)

а) Централниот регистар

b)

б) Министерството за внатрешни работи

c)

в) Министерството за информатичко општество и администрација

21.

21. Законот за вработените во јавниот сектор допушта вработување на определено време:           

a)

а) да

b)

б) не

c)

в) да, но само во определени случаи таксативно наведени во законот

22.

22. Полното работно време на вработените во јавниот сектор изнесува: 

a)

а) 40 часа неделно

b)

б) 42 часа неделно

c)

в) 48 часа неделно

23.

23. Општите права и должности  на вработените во јавниот сектор се уредуваат со:   

a)

а) посебните закони и колективните договори

b)

б) Законот  за работните односи

c)

в) Законот за вработените во јавниот сектор

24.

24. Со посебните закони се уредуваат  ...              

a)

a) општите права и должности кои важат за сите вработени во јавниот сектор

b)

б) заедничките начела кои важат за сите вработени во јавниот сектор

c)

в) други права и должности кои произлегуваат од работниот однос на вработените, а кои не се уредени во Законот за вработените во јавниот сектор

25.

25. Вработените во јавниот сектор имаат право на плата и надоместоци од плата во согласност со:                   

a)

а) посебните закони, колективните договори или општите прописи за работните односи

b)

б) Законот за вработените во јавниот сектор

c)

в) Одлука на министерот за финансии

26.

26. На вработените во јавниот сектор им мируваат правата и должностите од работниот однос само во случаите...                     

a)

а) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон

b)

б) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата

c)

в) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон, кога се упатени на работа во странство во рамките на меѓународна, техничка, просветна, здравствена, културна, научна и друг вид на соработка, кога се упатени на работа во дипломатско или конзуларно претставништво, кога брачните другари им се упатени на работа во странство во погоре наведените случаи или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата

27.

27. Вработените во јавниот сектор имаат право на неплатено отсуство, во времетраење од најмногу:                

a)

а) 1 година

b)

б) 3 години

c)

в) 2 години

28.

28. Доколку за времетраењето на мирувањето на работниот однос на вработените во јавниот сектор, се променат посебните услови за нивното работно место ...               

a)

а) истите се должни да ги исполнат новите услови во рок од две години од денот на враќањето во институцијата

b)

б) истите не се должни да ги исполнат новите услови

c)

в) истите не можат да се вратат на истото работно место во институцијата

29.

29. Вработените во јавниот сектор кои се кандидирале на парламентарни, претседателски или локални избори, имаат право на неплатено отсуство...:       

a)

а) за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат

b)

б) во времетраење од 15 дена, сметано од почетокот на изборната кампања за изборите на кои учествуваат

c)

в) немаат право на неплатено отсуство за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат

30.

30. Ако вработените во јавниот сектор не го предупредат непосредно претпоставениот дека задачата што им ја дал е неуставна, односно незаконита и истата ја извршат, за нејзиното извршување ќе одговараат :                

a)

а) вработените

b)

б) вработените и нивниот непосредно претпоставен

c)

в) непосредно претпоставениот и неговиот раководител

31.

31. Доколку работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно од непосредно претпоставениот е неуставна, односно незаконита, вработениот е должен е да му укаже на лицето кое што му ја дало задачата на неуставноста, односно незаконитоста на дадената задача и да постапи по истата...:                     

a)

а) без оглед дали задачата е дадена  усно или во писмена форма

b)

б) доколку е дадена во писмена форма

c)

в) доколку во писмена форма се согласи со нејзиното извршување

32.

32. Вработените во јавниот сектор, ако оценат дека извршувањето на дадената работна задача претставува кривично дело, не можат да бидат повикани на одговорност заради даденото известувањето за тоа до непосредно повисокиот претпоставен од оној кој им ја дал задачата, како и до Државната комисија за спречување на корупција:        

a)

а) точно

b)

б) неточно

33.

33. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...                       

a)

а) до истекот на дневното работно време на работодавачот

b)

б) во рок од 24 часа

c)

в) во рок од три работни дена

34.

34. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...:     

a)

а) до истекот  на дневното работно време на работодавачот

b)

б) веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето

c)

в) во рок од 24 часа по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето

35.

35. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето         

a)

а) точно

b)

б) неточно

36.

36. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината за спреченоста за доаѓањето на работа              

a)

а) точно

b)

б) неточно

37.

37. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице  на  институцијата, до истекот на дневното работно време на работодавачот                

a)

а) неточно

b)

б) точно

38.

38. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор, можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење                

a)

а) точно

b)

б) неточно

39.

39. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.)  вработените  во  јавниот  сектор  можат   да  бидат  упатени  на  извршување работи  и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење:                  

a)

а) доколку се согласат

b)

б) доколку се согласат во писмена форма

c)

в) без нивна согласност

40.

40. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат  да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење само со нивна согласност                        

a)

а) точно

b)

б) неточно

41.

41. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење, се додека траат вонредните околности:                  

a)

а) без оглед на нивното времетраење

b)

б) но не подолго од една година

c)

в) но не подолго од три месеци

42.

42. Вработениот во јавниот сектор, во институцијата во која ги извршува работите и работните задачи, не смее на себе да носи или да истакнува партиски симболи во...:            

a)

а) просторијата на функционерот кој раководи со институцијата

b)

б) работните простории и во просториите на институцијата

c)

в) просториите во кои работи со странки

43.

43. Вработените во јавниот сектор во текот на работното време смеат директно да учествуваат во изборните активности или во други јавни настапи од тој вид:          

a)

а) точно

b)

б) неточно

44.

44. Вработените во јавниот сектор во работните простории и во просториите на институцијата не смеат да ги искажуваат или да ги застапуваат своите политички или партиски уверувања        

a)

а) точно

b)

б) неточно

45.

45. Вработените во јавниот сектор, со своето членство во политичка партија и со учество во партиски активности, смеат да го доведат во прашање вршењето на работата и работните задачи од работното место во институцијата   

a)

а) точно

b)

б) неточно

46.

46. Подароци, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, се сметаат за протоколарни подароци         

a)

а) неточно

b)

б) точно

47.

47. Одговорноста на вработените во јавниот сектор за вршење на работите и работните задачи од работното место може да биде:          

a)

а) дисциплинска и/или материјална

b)

б) дисциплинска

c)

в) материјална

48.

48. Одговорноста  за сторено кривично дело, односно прекршок...: 

a)

а) ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

b)

б) во зависност од тежината на стореното кривично дело, односно прекршок, ја исклучува, односно не ја исклучува  дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

c)

в) не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

49.

49. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

a)

а) точно

b)

б) неточно

50.

50. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор  

a)

а) точно

b)

б) неточно

51.

51. Вработените во јавниот сектор, за вршењето на работите и работните задачи од работното место, се:      

a)

а) колективно одговорни

b)

б) лично и/или колективно одговорни, во зависност од работното место на кое се распоредени во институцијата и од видот на дисциплинскиот престап

c)

в) лично одговорни

52.

52. На вработените во јавниот сектор работниот однос им престанува:      

a)

а) со спогодба, по нивно барање, по сила на закон и во други случаи утврдени со закон и/или колективен договор

b)

б) со спогодба или по нивно барање

c)

в) по сила на закон

53.

53. Мобилност  на вработените во јавниот сектор е:               

a)

а) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на јавниот сектор

b)

б) вертикално  движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места

c)

в) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места

54.

54. Мобилност  на вработените во јавниот сектор се врши:       

a)

а) преку објавување на јавен оглас

b)

б) без објавување на интерен, односно јавен оглас

c)

в) преку објавување на интерен, односно јавен оглас

55.

55. Мобилност  на вработените во јавниот сектор се врши преку:            

a)

а) распоредување, односно преземање на вработениот  на работно место во рамките на иста група на работни места, независно  од категоријата и  нивото на работното место

b)

б) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува или се презема

c)

в) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во исто звање

56.

56. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција:               

a)

а) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу една година

b)

б) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу шест месеци

c)

в) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу дваесет и четири месеци

d)

г) се додека не престане потребата за тоа

57.

57. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција...:                             

a)

а) по претходна писмена согласност на раководните лица на институциите, без претходна  согласност на вработениот 

b)

б) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководните лица на институциите

c)

в) по претходна писмена согласност на вработениот и  на раководното лице на институцијата во која истиот е вработен

58.

58. При распоредувањето на вработениот во јавниот сектор во истата институција или при временото распоредување на вработениот во друга институција, работното место на кое се распоредува не смее да биде:           

a)

а) надвор од местото во кое се наоѓа работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето

b)

б) оддалечено повеќе од 25 километри од  работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето

c)

в) оддалечено повеќе од 50 километри од  работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето

59.

59. Трансфер – листи за можни преземања на вработените во јавниот сектор води:

a)

а) Министерството за финансии

b)

б) Министерството за информатичко општество и администрација

c)

в) Агенција за администрација

60.

60. Вработениот  во јавниот сектор, може да биде преземен од една во друга институција на работно место на исто ниво, односно на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција, ако за тоа се согласат вработениот и раководните лица на двете институции, а по претходна согласност   на ...             

a)

а) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

b)

б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација

c)

в) Агенцијата за администрација и Министерството за финансии

61.

61. Вработениот во јавниот сектор чие работно место се укинува, се евидентира на Трансфер – листата на можни преземања и ...              

a)

а) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

b)

б) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат раководните лица на институциите

c)

в) по истекот на три месеца од денот на евидентирањето на Трансфер-листата на можни преземања се распоредува на било кое работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација 

62.

62. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација...                 

a)

а) ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

b)

б) без негова согласност

c)

в) ако за тоа се согласат раководните лица на институциите и Министерството за финансии

63.

63. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција...                   

a)

а) на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација

b)

б) на било кое работно место, доколку се согласи со тоа

c)

в) на работно место кое е предвидено во актот за систематизација на работните места, а е упразнето

64.

64. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на:              

a)

а) Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии

b)

б) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

c)

в) Агенцијата за администрација

65.

65. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор, односно вработен чие работно место се укинува, согласно Законот за вработените во јавниот сектор,  не смее да биде оддалечена од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето       

a)

а) точно

b)

б) неточно

66.

66. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува, не смее да биде ...                

a)

а) надвор од местото во кое се наоѓа институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

b)

б) оддалечена повеќе од 25 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

c)

в) оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

67.

67. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува не смее да биде оддалечена повеќе од 50 километри од  институцијата  во  која  бил вработен пред преземањето, освен  ако ...:     

a)

а) преземањето е на барање на вработениот

b)

б) двете институции се наоѓаат  во едно поголемо  населено место

c)

в) постои бесплатен организиран превоз до институцијата во која се презема вработениот

68.

68. Во рамките на секоја група на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат: 

a)

а) најмалку две категории на работни места

b)

б) една или повеќе подгрупи на работни места

c)

в) пет нивоа на работни места

69.

69. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконите.... 

a)

а) должен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата

b)

б) Не е долежен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата

70.

70. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконите, должен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на задачата дадена во писмена форма и истата да ја изврши, освен..... 

a)

а) ако одлучи, покрај даденото укажување на лицето  кое му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста на дадената задача, за тоа писмено да го извести и непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата.

b)

б) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.

c)

в) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело, за кое е пропишано казна затвор во траење подолго од шест месеци и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.

71.

71.  Во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, вработениоте во јавниот сектор не смеат да примаат подроци поврзани со нивната работа: 

a)

а) со исклучок на протоколарни подароци и повремени подароци од пониска вредност

b)

б) со исклучок на протоколарни подароци од пониска вредност

c)

в) не смеат да примаат подароци

72.

72. Вработениот чие работно место се укинало и се евидентирал на Трансфер – листата на можни превземања, доколку не ја потпише понудената спогодба за преземање во друга институција, на работно место во исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација: 

a)

а) се враќа во институцијата од која требало да биде превземен

b)

б) се враќа на Трансфер – листата на можни превземања

c)

в) му престанува работниот однос