wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Македонија во XIX век

Total questions: 61

Worksheet time: 5hrs 10mins

Name
Class
Date
1.

Македонската револуционерна организација е формирана на 23 октомври (a)   година во Солун

2.

Која од наведениве личности НЕ е основоположник на МРО?

a)

Никола Карев

b)

Дамјан Груев

c)

Петар Поп Арсов

d)

Андон Димитров

3.

„Учителот од Смилево“ се однесува на главната движечка сила на Организацијата, а воедно и секретар на ЦК

a)

Христо Татарчев

b)

Иван Хаџи Николов

c)

Дамјан Груев

d)

Христо Батанџиев

4.

МРО била строго

a)

централизирана

b)

децентрализирана

5.

Христо Татарчев бил влијателна личност меѓу населението зашто по професија бил

a)

лекар

b)

учител

c)

секретар на Солунската училишна општина

d)

книжар

6.

_____ ___ _____, како човек од перо, бил задолжен за првиот Устав, и истовремено, од името на МРО добил задача да напише брошура под наслов „Стамболовштината во Македонија“ со цел разобличување на бугарската пропаганда и улогата на нејзините приврзаници

(a)  

7.

Бидејќи Организација веднаш не проповедала со бајрак, во почетните години најважно според ____ ______ било „робот во душата да престане да биде роб“

(a)  

8.

За основачки и законодавен се смета

a)

Смилевскиот Конгрес

b)

Рилскиот Конгрес

c)

Солунскиот Конгрес

9.

Од Солунскиот Конгрес Организацијата излегла со ново име

a)

МРО

b)

ТМОРО

c)

ВМОРО

d)

ВМРО

10.

За претседател на ЦК бил избран

a)

Дамјан Груев

b)

Христо Татарчев

c)

Иван Хаџи Николов

d)

Андон Димитров

11.

Со чл. 11 од Солунскиот Конгрес кој гласел: „секој околиски револуционерен реон си има своја чета, задачата на која се определува во специјален правилник“ биле создадени предиспозиции за формирање на (a)   институт

12.

Највисок раководен орган на МРО бил ЦК, по што доаѓале околиските, селските и окружните комитети

a)

Точно

b)

Неточно

13.

Наведи ги пречките во дејствувањето на ТМОРО!

4 lines
14.

Гоце Делчев, кој бил задграничен претставник на ТМОРО, загинал во с. Баница на

a)

3 мај 1902

b)

4 мај 1902

c)

3 мај 1903

d)

4 мај 1903

15.

„Тој беше висок, силен и мургав. Неговите очи, другпат свирепи, сега беа наведнати. Ништо не кажа; застана пред огнот и изгледаше дека потонал во своите размислувања. Секогаш кога бебето ќе заплачеше тој се сепнуваше - не беше свикнал на вакви нешта. За мене тој веќе не беше разбојник, туку брат, татко, заштитник на моето дете“.

Описот кој го дава грабнатата Катерина Цилка се однесува на Пиринскиот цар

a)

Пере Тошев

b)

Марко Лерински

c)

Јане Садански

d)

Донче Штипјанчето

16.

Кај селото Русиново загинал

a)

Пере Тошев

b)

Ѓорче Петров

c)

Гоце Делчев

d)

Дамјан Груев

17.

„Чинам, треба да сториме сѐ, да ја заболи Европа, удирајќи ја по џебот за да стане свесна дека и другите поробени луѓе имаат право на живот и слобода, а македонскиот народ не може да се ослободи со едно востание (...) ние сакаме да жртвуваме сопствени, а не народни животи, а преку нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на ‘човекољубивата’ Европа“.

Во овој извадок се одразени идеите на (a)  

18.

На 15.04.1903 година, со неколку килограми динамит, Павел Шатев го пламнал францускиот параброд (a)   , од кого навремено биле спасени сите патници, што укажува дека гемиџиите не се терористи.

19.

Илинденското востание било кренато навремено

a)

Точно

b)

Неточно

20.

За карактерот на востанието било расправано на

a)

Солунскиот Конгрес

b)

Рилскиот Конгрес

c)

Смилевскиот Конгрес

21.

На Смилевскиот Конгрес се дошло до заедничко решение кое е покриено со терминот „засилени партизански дејствија“

a)

Точно

b)

Неточно

22.

„Веднаш по првиот востанички истрел, силно ура го растера воздухот и камбаните од четирите градски цркви удрија лудо и продолжително. На истрелите од уќуматот одговараат истрели од касарната. И оттаму се пренесе силно ура! Градот што спиеше се стресна, се разбуди и започна да ликува! Имаше ли потреба да му се каже дека е објавено востанието? Нели со векови мечтаел и го чекал тој Голем ден за пресметка со поробувачот и тиранот?“

Станува збор за почетокот на (a)   востание

23.

Во востанието било предвидено масовно приклучување на народот

a)

Точно

b)

Неточно

24.

По ослободувањето на Крушево во него била воспоставена востаничка власт позната како Крушевска

a)

империја

b)

република

c)

тетрархија

d)

плутократија

25.

За претседател на Крушевската Република бил избран

a)

Никола Карев

b)

Питу Гули

c)

Дину Вангел

d)

Иван Наумов - Алабакот

26.

„По кратко советување се реши да се создаде привремена влада и за таа цел беа избрани 6 души - претставници на трите големи народности во градот“. Задачата на Привремената влада била

4 lines
27.

Во Крушево била отворена леарница за оружје

a)

Точно

b)

Неточно

28.

„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.“

За да се привлече, или барем да се неутрализира муслиманското население од околните села, до нив бил испратен повик т.н. _________ ________.

(a)  

29.

Како симбол за храброст и саможртва во текот на Илинденското се издигнале битките кај

a)

Слива

b)

Круша

c)

Могила

d)

Мечкин Камен

30.

„И таа борба помеѓу робот и господарот беше борба фанатичка, жестока и беспоштедна, борба на живот и смрт, борба каква што светот ретко гледа. На Мечкин Камен војската, башибозуците и востаниците така се измешаа, што кој кого победи не можеше да се знае. На бојното поле се слушаше ‘ржење, офкање, пиштење, пцуење. Стрелбата од двете страни беше сопрела, бидејќи настанал хаос. Се смрачи. На Мечкин Камен престана грозниот вриеж на ужасната битка. Не се слушаа веќе ниту човечки стапки ниту офкањата и воздивнувањата на ранетите јунаци. Само замрачените гори го прифаќаа и предаваа некаде далеку ехото на топовските татнежи и грмежи на пушките упатени од непријателот против бунтарскиот град“.

Во оваа битка загинал

a)

Ѓорѓи Стојанов

b)

Никола Карев

c)

Јордан Пиперката

d)

Питу Гули

31.

„Турците им порачувале да се предадат, ветувајќи им милост од султанот. Добивале одговор во куршуми, пцости и патриотски песни. Тогаш тргнале напред. Борбата се разжестила. Паѓале една по една жртва. Паднале над 40 востаници. Дури пет дена по битката, Бахтијар-паша им дозволил на крушевчани пристап. Телата биле полураспаднати поради августовското сонце, распарчени од диви животни и од гаврани, не можеле да се препознаат, освен по облеката или по некои други белези. Бил направен заеднички погреб во Крушево, но некои останале да почиваат на местото каде што создале историја за себе и иднина за градот. Нивната смрт, нивната жртва, на крушевчани им донела живот“.

За кој битка станува збор?

a)

Мечкин Камен

b)

Ножот

c)

Слива

d)

Локвата и Вињари

32.

Востанието во Серскиот револуционерен округ започнало на

a)

Крстовден

b)

Илинден

c)

Митровден

d)

Ѓурѓовден

33.

По Илинденското востание повторно бил отворен театарот за преговори, предлози и реформи чија финална претстава биле

a)

Падарските реформи

b)

Мирцштегските реформи

c)

Февруарските реформи

d)

Среќните реформи

34.

Мирцштегските реформи предвидувале нова административно – територијална реорганизација на Македонија за подобро групирање на соодветните националности. Поради ова Македонија станала арена за пресметка помеѓу

(a)  

35.

„На улиците во близина на црквата и насекаде лежеа трупови осакатени со суровост. Имало петгодишни деца со отворен стомак, жени убиени со отсечени раце. Некому му го скрши черепот и му го истуриле мозокот, на други им ги извадиле очите, им биле отсечени рацете и нозете итн. Единствениот свештеник од селото, шеесетгодишен старец кој беше убиен, имаше тело полно со рани. Цело семејство настрадало од бомбите фрлени од оџакот и за таа цел биле направени две дупки на ѕидовите. Таткото, мајката и двете деца се страшно деформирани од бомбите. Најмладото петгодишно девојче сакало да ја напушти вратата, но било прободено од грчки бајонет“.

Овој опис се однесува на андартските злосторства врз македонското население во селото

a)

В'мбел

b)

Загоричани

c)

Зеленич

d)

Брештени

36.

Еден од пионерите на грчката вооружена пропаганда во Македонија бил костурскиот митрополит

a)

Павлос Мелас

b)

Германос Каравангелис

c)

Котас Христу

d)

Ефтимиос Каудис

37.

На што се однесуваат наведениве стихови:

Народе Македонски,

со какви идеи си ти?

Доста веќе, разбуди се,

свести се не спиј ти.

Не знаеш кој си, што си,

други тебе знајат,

страм голем је за тебе,

сам да се не знајеш.

4 lines
38.

За положбата, слабостите и идното устројство на Организацијата по Илинденското востание се дискутирало на

a)

Смилевскиот Конгрес

b)

Солунскиот Конгресот

c)

Рилскиот Конгрес

39.

Рилскиот Конгрес се одржал во

a)

1903 година

b)

1904 година

c)

1905 година

d)

1906 година

40.

Зошто во Македонија постоела погодна почва за прифаќање на младотурските идеи?

4 lines
41.

Младотурската револуција започнала на 3 јули

a)

1903 година

b)

1905 година

c)

1908 година

d)

1912 година

42.

Слоганите на Младотурците биле Слобода, еднаквост и братство кое го покажало влијанието на

a)

Илинденското востание

b)

Француската револуција

c)

Априлското востание

d)

Октомвриската револуција

43.

Во Младотурската револуција учество зеле и Македонците на чело со

a)

Христо Чернопеев

b)

Димитар Влахов

c)

Јане Сандански

d)

Тодор Паница

44.

На политички план, Младотурците работеле само во една насока: да го придобијат христијанското население преку апелите кои ветувале рамноправност и ги осудувале странските мешања кои имале за цел да ја поделат нивната татковина

a)

Точно

b)

Неточно

45.

Откако Младотурците го ослободиле Солун, султанот ја емитувал репризата од својата позната претстава – враќање на (a)  

46.

„Македонија е една убава роза со големи боцки. Откако ме отстранивте од престолот, соседните држави меѓусебно ќе се убијат по оваа роза“

Станува збор за мисла на соборениот султан

a)

Абдул Хамид

b)

Мехмед Решат

c)

Абдул Меџит

d)

Мехмед Фатих

47.

По доаѓањето на Младотурците на власт уследиле мерки за давање политички слободи - период познат под името (a)  

48.

Бидејќи со победата на Младотурската револуција биле создадени услови за слободно политичко изразување, во 1909 година се формирала (a)   на чело со Димитар Влахов

49.

Младотурците донеле закони против вооружените чети, против политичките партии и организации формирани на етнички и верски основи, а ги забраниле и штрајковите на работниците

a)

Точно

b)

Неточно

50.

‘Рбетот на идниот Балкански сојуз го претставувал „Договорот за пријателство и сојуз“ помеѓу

a)

Србија и Грција

b)

Грција и Бугарија

c)

Бугарија и Србија

d)

Црна Гора и Бугарија

51.

Балканските војни се освојувачки, а не ослободителни

a)

Да

b)

Не

52.

Македонците во бугарската армија биле организирани во

a)

Македонско-одринско ополчение

b)

Народна одбрана

53.

Зошто македонските доброволци биле испраќани да војуваат во Тракија, а не во Македонија?

4 lines
54.

За време на Првата балканска војна, во охридскиот регион дејствувале четите на

a)

Јане Сандански

b)

Петар Чаулев

c)

Таската Серски

d)

Тодор Паница

55.

Првата балканска војна завршила во 1912 година со склучување на

a)

Лондонскиот договор

b)

Берлинскиот договор

c)

Букурешкиот договор

d)

Сан-стефанскиот договор

56.

Србија била отсечена од излез на море на 27 декември 1912 година со формирањето на

a)

Босна

b)

Македонија

c)

Црна Гора

d)

Албанија

57.

Зошто избила Втората балканска војна?

4 lines
58.

По одбивањето да им отстапи делови од Македонија, балканските држави во 1913 година склучиле сојуз против

a)

Србија

b)

Бугарија

c)

Албанија

d)

Турција

59.

Мирот помеѓу Србија, Црна Гора, Грција, Романија и Турција од една, и Бугарија од друга страна, бил склучен во романскиот главен град (a)  

60.

Со Букурешкиот мировен договор Македонија била поделена на

a)

2 дела

b)

3 дела

c)

4 дела

d)

5 дела

61.

За тешката положба на македонското население под српска власт, најдобар показател ни се

a)

Тиквешкото востание

b)

Мелничкото востание

c)

Скопското востание

d)

Охридското востание