wayground logo

Free Printable Worksheets

NEW

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Стилски фигури деветто одделение

Total questions: 16

Worksheet time: 8mins

Name
Class
Date
1.

Песната „Денови" од Кочо Рацин започнува со стилската фигура во која се споредуваат деновите на аргатите со ѓердан од камења (КАКО на вратот ѓердани / ниски камења студени). Тоа стилско изразно средство се вика:избери го точниот одговор!

a)

компарација

b)

епитет

c)

антитеза

d)

персонификација

2.

Во песната „Денови" од Кочо Рацин на три места имаме повторување исти зборови на почетокот од стиховите (ЗА СЕБЕ само 'ргај си / ЗА СЕБЕ маки тргај си). Тоа стилско изразно средство се вика:избери го точниот одговор!

a)

анафора

b)

епифора

c)

антитеза

d)

асиндетон

3.

Во стиховите на песната „Ленка" од Рацин (Зошто ми зошто остана / кошула недоткаена?) е употребена прашална реченица како исказна. Тоа стилско изразно средство се вика:избери го точниот одговор!

a)

реторско прашање

b)

словенска антитеза

c)

персонификација

d)

парономазија

4.

Во стихот на песната „Тутуноберачите" од Рацин (и ЖОЛТА ГОСТИНКА у градите носи), болеста е претставена како жолта гостинка. Како се вика тоа изразно средство?избери го точниот одговор!

a)

метафора

b)

компарација

c)

метонимија

d)

епитет

5.

Атрибутот (додатокот на именката) во песните, како на пример: ЗЕЛЕНА јад, КОРОВ поглед итн., употребен како стилска фигура се вика:избери го точниот одговор!

a)

епитет

b)

метафора

c)

епифора

d)

симбол

6.

Стилското изразно средство кога на предметите, појавите, животните итн. им се даваат човечки особини (Ветерчок тихо над неа / жална ѝ тага рееше), се вика:избери го точниот одговор!

a)

персонификација

b)

ономатопеја

c)

градација

d)

хипербола

7.

Стилското изразно средство кога се нижат сврзници без граматичка потреба како во стихот од „Тутуноберачите" на Рацин (и потта и крвта и снагата ни), се вика:избери го точниот одговор!

a)

полисиндетон

b)

асиндетон

c)

оксиморон

d)

парадокс

8.

Стилското изразно средство употребено во песната „Ленка" од Рацин, кога степенува од болест до смрт (Прва година помина /грутка в срцето ѝ легна, / втора година намина / болест ја в гради искина. / Трета година земјата / на Ленка покри снагата.), се вика:избери го точниот одговор!

a)

градација

b)

персонификација

c)

алегорија

d)

метонимија

9.

„Седарот" од Григор Прличев започнува со стилското изразно средство кое содржи: прашање, негирање на прашањето и одговор, кое се вика:избери го точниот одговор!

a)

словенска антитеза

b)

алегорија

c)

иронија

d)

парадокс

10.

Во песната „Голапче" Константин Миладинов алегориски ја претставил девојката како гулаб (Голапче мало хубаво, голапче златокрилесто). Таа стилска фигура се вика:избери го точниот одговор!

a)

симбол

b)

симплоха

c)

словенска антитеза

d)

асонанца

11.

Кога истите зборови се употребени на почетокот и на крајот од стихот како во песната „Т'га за југ" од Миладинов (Да видам Стамбол, Кукуш да видам), сме ја употребиле стилската фигура:избери го точниот одговор!

a)

симплоха

b)

епифора

c)

анафора

d)

алитерација

12.

Стилското изразно средство за преувеличување, како во стиховите од народната песна: кога се змија исправа / колко две тенки тополи, се вика:избери го точниот одговор!

a)

хипербола

b)

градација

c)

анафора

d)

персонификација

13.

Во кој од наредните стихови е употребено реторско прашање?избери го точниот одговор!

a)

На кантар студен со туч го мерат / а можат ли да го измерат

b)

Не беше Ленка родена / за тија пусти тутуни

c)

Ела ми, мило, ела ми, ела ми сега при мене.

d)

А беше тоа кога помислував / дека веќе не можам да мислам без тебе,

14.

Во кој од следните стихови е употребена компарација?избери го точниот одговор!

a)

Јарка младост, јарко греит / И ко цвеќе ме венеит

b)

Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.

c)

не сум елен да прескочам, / не сум пиле да прелетам

d)

Везилке, кажи како се роди / проста и строга македонска песна?

15.

Во кој од наредните стихови има персонификација?избери го точниот одговор!

a)

И ноќе кога месечко / гроб ѝ со свила виеше.

b)

Бисеро моме, Бисеро, / Шчо носиш бисер на грло?

c)

Од темни зори на утрини летни / до никоја доба на вечери зимни

d)

Ни град полињата житородни ги беше фатил, / ни рој од скакулци се вдал,

16.

Во кој од наредните стихови е употребен двоен епитет?избери го точниот одговор!

a)

Дал' град полињата житородни ги беше фатил?

b)

к'де с'нцето светло угревјат

c)

кошула тенка ленена

d)

мразој, снегој, и пепелници