Wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

Извици, честички, модални зборови

Total questions: 25

Worksheet time: 19mins

Name
Class
Date
1.

Модални зборови се:

a)

неменливи зборови

b)

зборовна група

c)

менливи зборови

2.

Модалните зборови можат да искажат:

a)

степен на увереност:
Сигурно ќе дојдам.

b)

претпоставка:

Можеби ќе дојдам.

c)

некакво тврдење:

Навистина ќе дојдам.

d)

некакво тврдење:

Сигурно ќе дојдам.

3.

Модалните зборови искажуваат

a)

состојба.

b)

дејство.

c)

личен однос кон она што е искажано во реченицата.

4.

Кој од следните примери е модален израз:

a)

веројатно

b)

можеби

c)

се разбира

5.

Кој од следниве модални зборови искажува реален однос:

a)

на пример

b)

за среќа

c)

значи

6.

Кој од следниве модални зборови искажува реален однос:

a)

очигледно

b)

за жал

c)

впрочем

7.

Кој од следниве модални зборови искажува емоционален однос:

a)

божем

b)

навистина

c)

нема збор

8.

Кој од следниве модални зборови искажува емоционален однос:

a)

за бериќет

b)

можеби

c)

природно

9.

Кој од следниве модални зборови искажува различни модални нијанси:

a)

секако

b)

за среќа

c)

по секоја цена

10.

Кој од следниве модални зборови искажува различна модална нијанса:

a)

веројатно

b)

најпосле

c)

можеби

11.

Што се честички?

a)

Неменливи зборови кои се придаваат на другите зборови за да го засилат или изменат значењето на зборовите или на целата реченица.

b)

Неменливи зборови што се наоѓаат во реченицата и имаат за цел да го искажат личниот став на говорителот.

12.

Која од следниве честички е формообразувачка?

a)

ќе

b)

по-

c)

нај-

13.

Која од следниве честички е зборообразувачка?

a)

да

b)

по-

c)

ќе

14.

„Треба да дојдам навреме, меѓутоа нема да можам.“

Кои зборови се честички во реченицата?

a)

да

b)

меѓутоа

c)

дојдам

d)

можам

15.

Во која реченица има употребено честичка со показно значење?

a)

Еве ги моите другарки.

b)

Не сакам да дојдам таму.

c)

Скоро секогаш сум јас виновникот.

16.

Во која реченица честичката има начинско значење:

a)

Не сакам да те видам.

b)

Нека дојде порано.

17.

Во која реченица има употребено честичка со неопределено значење:

a)

Нека дојде тој.

b)

Нека дојде кој било.

18.

Означи ги честичките со прашално значење:

a)

зар

b)

ли

c)

дали

d)

да

e)

пак

19.

Што можат да изразат извиците?

a)

имитирање на звуци

b)

обрнување на внимание

c)

реакции во однос на некое чувство

d)

став

20.

Кога извиците стојат самостојно, тогаш тие:

a)

претставуваат замена за цела реченица.

b)

не искажуваат апсолутно ништо.

c)

имаат намера да привлечат поголемо внимание.

21.

Како се делат извиците?

a)

извици формирани од полнозначни и неполнозначни зборови

b)

извици формирани од глаголи и извици формирани од именки

c)

извици формирани од придавки и извици формирани од заменки

22.

Каков извик е употребен во следната реченица:
„Јес! Доаѓа Нова година!“

a)

Извик со кој се искажуваат чувства.

b)

Извик со кој се обрнува внимание.

c)

Извик со кој се имитираат звуци.

23.

Каков извик е употребен во следната реченица:
„Еј, доаѓај ваму!!“

a)

Извик со кој се искажуваат чувства.

b)

Извик со кој се обрнува внимание.

c)

Извик со кој се имитираат звуци.

24.

Каков извик е употребен во следната реченица:
„Бре, бре, сега ја претера!“

a)

Извик со кој се искажуваат чувства.

b)

Извик со кој се обрнува внимание.

c)

Извик со кој се имитираат звуци.

25.

Каков извик е употребен во следната реченица:
„Кога слушнав „трас“ ми застана срцето. Мислев, се скрши плакарот.“

a)

Извик со кој се искажуваат чувства.

b)

Извик со кој се обрнува внимание.

c)

Извик со кој се имитираат звуци.