Font size
WorksheetsКВИЗ Р2
Total questions: 30
Worksheet time: 16mins
Кој од овие искази е пример за клима?
Седумдневна прогноза дадена на вестите.
Серија торнада се доближуваат до град во Америка.
Просечната количина на врнежи во Скопје од 1918 до 2018 година
Ураган од трета категорија во Флорида.
Кој од овие искази е пример за времето?
Просечната температура во Скопјево декември од 1950-2000 година.
Вкупно годишните врнежи во на планината Шар Планина.
Просечните врнежи во Скопје од 1960 година.
Снежна бура во Германија
Температура на вриење на вода ______________ температура на вриење на железо
е помала од
е поголема од
е еднаква на
Целокупниот воден циклус се одвива во хидросферата.
точно
неточно
Биосферата ја опфаќа цела литосфера, најниските делови од атмосферата и речиси целата хидросфера.
точно
неточно
Вулканите се дел од литосферата.
точно
неточно
Моликата е вид на бор кој за прв пат е откриен во Нацоналниот Парк Пелистер и е наше природно богатство.
точно
неточно
На семето му е потребно светлина за да ‘рти.
точно
неточно
Во процесот на опрашување најчесто учествуваат инсектите при што вршат пренос на семето од растенијата.
точно
неточно
Јагодата е голосемено растение.
точно
неточно
Само живата природа е изградена од супстанции.
точно
неточно
Агрегатната состојба на една супстанца не зависи од условите при кои таа се наоѓа.
точно
неточно
Гасовите не се изградени од супстанции бидејќи немаат дефинирана форма и го менуваат волуменот.
точно
неточно
Честичките од кои се изградени течните и цврстите супстанции не прават баш никакви движења бидејќи се премногу густо спакувани една до друга.
точно
неточно
Растојанијата помеѓу честичките кај гасовите се многу помали во споредба со растојанијата помеѓу честичките кај течностите.
точно
неточно
Течноста почнува да испарува уште пред да ја постигне својата температура на вриење.
точно
неточно
Брзината со која испарува една течност зависи од температурата, но и од формата на садот во кој течноста се наоѓа.
точно
неточно
Сушењето на алиштата е пример за процес на
топење
мрзнење
испарување
кондензација
Температурата на топење се разликува од температурата на мрзнење кај чистите супстанци (доколку надворешните фактори не се менуваат).
точно
неточно
Кој е точниот редослед на следните географски поими според вкупната површина која тие ја зафаќаат на Земјата, почнувајќи од најголемите до најмалите?
океани, континенти, слатка вода, вулкани.
океани, континенти, вулкани, слатка вода.
океани, вулкани, континенти, слатка вода
континенти, океани, слатка вода, вулкани.
Во кои сфери на Земјата може да се најде вода? Обележи ги сите точни одговори; може да има еден, ниеден или повеќе точни одговори.
биосфера
хидросфера
атмосфера
литосфера
Пресметај го растојанието во природа помеѓу две точки оддалечени 1.5 cm на карта со размер 1:1.500.000.
22,5 km
15 km
1.5 km
2.25 km
Гасовите лесно се движат и го заземаат целиот простор што им е на располагање.
точно
неточно
Честичките од коишто се изградени цврстите супстанци можат слободно да се движат насекаде
точно
неточно
Одбери ја точната низа каде сите организми дишат со бели дробови.
Верверичка, штрк, желка, жаба, тигар
Верверичка, штрк, сом, жаба, тигар
Орел, октопод, желка, змија, тигар
Ластовица, верверичка, сом, жаба, тигар
Кои од следните докази може да се искористат за да се определи каква е формата на планетата Земја?
Фотографии на Земјата направени од вселената
Бродови кои се закотвени во пристаништето
Информации на интернет
Постоење на изгрејсонце и зајдисонце
Постоење на други планети
При загревање на парче железо на МНОГУ ВИСОКА температура, тоа останува во цврста агрегатна состојба.
точно
неточно
Процесот при кој течноста се претвора во гас се нарекува испарување.
точно
неточно
Готварската сол, оцетот и оризот се цврсти супстанци
да
не
Кислородот е безбоен гас, без вкус и мирис и претставува составен дел од воздухот.
да
не
