Search Header Logo
Електронска заштита

Електронска заштита

Assessment

Presentation

Social Studies

12th Grade

Practice Problem

Easy

Created by

Margarita Aleksoska

Used 8+ times

FREE Resource

37 Slides • 16 Questions

1

Електронска заштита

media

СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНТЕРНЕТ

2

Електронска заштита

Совети за поголема безбедност на Интернет

Иако, за многумина, користењето на Интернет е рутина која се практикува секојдневно, ретко се посветува доволно внимание на безбедно користење Интернет. Безбедноста на Интернет, позната и под називите кибер-безбедност или онлајн безбедност значи да се биде заштитен од ризици и закани кои постојат во онлајн светот.

3

Електронска заштита

Совети за поголема безбедност на Интернет

Опасностите од ваквите ризици се различни и многубројни: загрозување на безбедноста на личните податоци; неовластено следење на комуникациите; измами, закани; нарушување на менталното здравје и благосостојба и т.н.

Во продолжение споделуваме неколку практични совети кои можат да ни помогнат да се заштитиме од овие закани.

4

5

Fill in the Blank

Додека користите јавна Wi-Fi мрежа, потребно е да ја исклучите можноста за споделување, со тоа што ќе користите VPN (_________ ________ _____) и ќе вклучите Firewall (заштитен ѕид).

6

Multiple Choice

Колку лозинки користи софтверот УПРАВУВАЧ НА ЛОЗИНКИ за да ги заштити сите ваши лозинки?

1

една

2

две

3

три

4

пет

7

Multiple Choice

Додека пребарувате на Интернет, сигурни сте дека HTTPS е вклучен, ако во лентата за URL има:

1

сино облаче

2

зелено катанче

3

жолто раче

4

црвено ѕвонче

8

Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки?

Прашања за дискусија:

  1. Кој имејл провајдер користите?

  2. Добивате ли често спам пораки?

  3. Знаете ли како нив да ги блокирате?

media
media

9

Poll

Кој имејл провајдер го користите?

YAHOO MAIL

GMAIL

OUTLOOK

HOT MAIL

ДРУГ

10

Poll

Добивате ли спам (spam) пораки на имејл?

Да, често

Да, ретко

Не, никогаш

11

Poll

Знаете ли како да ги блокирате имејл пораките од некое одредено лице?

знам

не знам

12

Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки?

Ако, од најразлични причини, едноставно не сакате да добивате имејл пораки од некоја одредена личност, можете да ја блокирате таа личност и повеќе нема да добивате пораки од неа. Начинот на кој се изведува блокирањето на испраќач на имејл пораки до извесен степен може да зависи од вашиот имејл-провајдер.
Така на пример:

media
media

13

  • Во некои имејл-програми, постои копче „блокирај“ (block) во самото поштенско сандаче (inbox) во кое ви стига електронската пошта. Селектирајте го т.е. штиклирајте го квадратчето или крукчето во inbox-от кое се наоѓа веднаш до имејлот кој сте го добиле од личноста која сакате да ја блокирате. Потоа стиснете на копчето „блокирај“ односно “block” и на тој начин ја блокирате таа личност во иднина да не може да ви испраќа имејл пораки. Тоа значи дека сите пораки кои во иднина ќе бидат испратени до вас од адресата што сте ја блокирале нема повеќе да пристигаат во вашето електронско поштенско сандаче.

Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки?

media
media

14

Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки?

  • Во други програми пак, за да блокирате некој испраќач треба да го додадете на листата “block senders” или „блокирај испраќачи“. Тоа исто така значи дека во иднина во вашето „сандаче“ за електронска пошта нема да пристигаат имејлови од тој испраќач. За да го направите тоа, стиснете на десното копче на глувчето врз името на испраќачот кој сакате да го блокирате, во листата на контакти. Тоа би требало да отвори пред вас можност да одберете да го сместите тој контакт во “Junk” или да го блокирате (“block”).Така ќе ја преместите таа личност од вашата контакт листа во Листата на блокирани испраќачи (Blocked Senders List).

media
media

15

Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки?

  • Во Hotmail на пример блокирањето се прави така што се оди на опцијата “Options” и тука се одбира “Block senders” каде што се впишуваат адресите кои сакаме да ги блокираме.

media
media

16

Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки?

  • Кај Gmail, за да блокирате некој испраќач треба да одите во „Settings“, потоа да одберете „Filters“, па „Create a new filter“ и во полето „From” односно „од“ да ја напишете адресата која сакате да ја блокирате. Веднаш потоа стискате „Next step” и потоа го штиклирате полето “Skip the Inbox (Archive it)” или “Delete it”. Постапката ја комплетирате со стискање на “Create filter”. Откако сте го направиле ова, можете да бидете сигурни дека повеќе нема да добивате имејлови од таа адреса.

media
media

17

Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки?

  • Копчето „Block” некогаш може да се вика и “Ignore” така што ако десниот клик на глувчето не функционира, побарајте ја во “Preferences” оваа опција (“Ignore” или „Игнорирај“).

media
media

18

Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки?


Ако не можете да се снајдете и не сте сигурни на кој начин се блокираат испраќачи во програмата за имејл која вие ја користите, обратете се до вашиот имејл-провајдер и прашајте. Или едносатвно прашајте некој за кој сметате дека може да знае.

media
media

19

Multiple Choice

Question image

Како се блокира испраќач на имејл порака на Gmail?

1

Одите во Settings-Filters-Create a new filter-From (adresa)-Next step-Skip the inbox-Create filter

2

Options-Block senders

3

копче Block во Inbox

4

го сместувате во Junk

20

Едноставни правила за мудро користење мобилни телефони

Прашања за дискусија:

  1. Чувате ли приватни информации на телефонот?

  2. Знаете ли како да ги заштитите приватните информациите во вашиот телефон?

  3. Сте пратиле ли некогаш нешто по телефон па потоа ви било криво?

media

21

Poll

Знаете ли како да ги заштитите вашите приватни информации што ги чувате во телефонот?

ДА, знам

Не сум сигурен

НЕ, не знам

22

Едноставни правила за мудро користење мобилни телефони

  • Давај го својот мобилен телефон (и број и апарат) само на луѓе кои ги познаваш и на кои им веруваш!

  • Почитувај ја приватноста на твоите пријатели и не ги давај нивните телефонски броеви без нивна дозвола!

  • Побарај дозвола од твоите пријатели пред да ги фотографираш, а особено пред да ја испратиш таа слика на друг или пред да ја ставиш на Интернет! Запомни дека откако ќе ја испратиш фотографијата веќе не можеш да знаеш ниту да контролираш каде ќе оди таа понатаму!

media

23

Едноставни правила за мудро користење мобилни телефони

  • Грижи се за другите и размисли што праќаш на други луѓе! Запомни дека кога праќаш порака или фотографија не можеш да видиш, каков ефект ќе имаат твоите зборови или сликите кои ги испраќаш, ниту ќе бидеш во можностда ги објасниш! Секогаш однесувај се со почит кон другите луѓе и нивната интима и приватност!

  • Никогаш не одговарај на текстуални пораки (имејл или СМС) од луѓе/телефонски броеви кои не ги познаваш!

media

24

Едноставни правила за мудро користење мобилни телефони

  • Немој да чуваш долго време во меморијата на твојот телефон слики, пораки, видеа и сличен материјал кој не би сакал/а да го видат други лица, туку сними го на компјутер или на некој друг медиум (CD, DVD)!

  • Доколку чуваш приватни информации во телефонот, како што се матичен број, броеви од пасош, лични карти, кредитни картички и слично, чувај ги под невообичаени и само за тебе јасни имиња (на пример, бројот од личната карта запиши го како роденден и слично)!

media

25

Едноставни правила за мудро користење мобилни телефони

  • Користи ги заштитните броеви („пин“ и „пук“ кодови) во случај телефонот да падне во непосакувани раце (да го изгубиш или да го украдат), за да се оневозможи користењето на сликите, броевите, пораките и сличните содржини!

  • Во внатрешноста на телефонот, на пример на батеријата, можеш да залепиш број на контакт, адреса и слично, во случај да го изгубиш телефонот, а лицето што го нашло да сака да ти го врати!

media

26

Fill in the Blank

Во случај телефонот да падне во непосакувани раце (да го изгубиш или да ти го украдат) за да се оневозможи користење на слики, броеви, пораки и слични содржини, треба да ги користиш заштитните броеви т.е. ___ и ___ кодови.

27

Корисни информации за безбедно користење на Интернет

Прашања за дискусија:

  1. Имате ли Интернет пријатели кои не сте ги сретнале во живо?

  2. Како ја штитите вашата приватност од нив?

  3. Знаете ли кои лични информации е ризично да се даваат на Интернет?

media

28

Poll

Знаете ли кои лични информации е ризично да се даваат на Интернет?

Не, не знам

Да, знам

Знам само за некои лични информации што се ризични, не за сите

29

Корисни информации за безбедно користење на Интернет

Правило 1

НИКОГАШ не ги давај своите лични податоци на интернет, освен ако некој од твоите родители не ти каже дека е во ред да ги дадеш. Лични податоци се твоето име, адресата, телефонскиот број, возраста, расата, името на училиштето или локацијата на училиштето, омиленото место за играње и собирање со пријателите, имињата на пријателите и сл. Сите овие се лични информации и треба да се чуваат како приватни, т.е. да не се делат со кого било, а особено не со луѓе кои ги познаваш само преку Интернет.

media

30

Корисни информации за безбедно користење на Интернет

Правило 2

НИКОГАШ и никому не ги кажувај лозинките (анг. password) што ги користиш на Интернет, дури ни на своите пријатели!

media

31

Корисни информации за безбедно користење на Интернет

Правило 3

НИКОГАШ не оди да се запознаваш во живо со некој твој онлајн пријател кој го познаваш само преку интернет, освен ако не се согласат твоите родители дека е во ред да одиш. Дури и тогаш – оди со некој од твоите родители или пак со некој друг возрасен во кој имаш доверба и сретнете се на јавно место!
П. С.: Постарите тинејџери, кои веројатно ќе одлучат да не одат со родител, сепак нека не одат сами туку нека земат со себе барем еден свој пријател. Со кого и да решиш да одиш - договорете ја средбата на јавно место!

media

32

Корисни информации за безбедно користење на Интернет

Правило 4

НИКОГАШ не одговарај на пораки кои прават да се чувствуваш непријатно (те засрамуваат, заплашуваат или на било кој начин прават да се чувствуваш лошо). Игнорирај ги овие пораки и прекини ја комуникацијата со тој што ти ги испраќа, веднаш  кажи на некој од родителите или на друг возрасен во кој имаш доверба!

media

33

Word Cloud

Question image

Напиши 1 - 2 збора што означуваат личен податок кој е ризичен да се споделува на Интернет!

34

Добро однесување на Интернет

Прашања за дискусија:

  1. Ви праќале ли досега непријатни пораки или коментари на ваши објави (постови) на Интернет?

  2. Знаете ли што е плагијат?

  3. Знаете ли што е IP адреса?

media

35

Poll

Ви праќале ли досега непријатни пораки или коментари на ваши објави (постови) на Интернет?

Да, често

Да, понекогаш

Не, никогаш

36

Poll

Знаете ли што е плагијат?

Да, знам

Не, не знам

37

Poll

Знаете ли што е IP адреса?

Да, знам

Не, не знам

38

Добро однесување на Интернет

  1. НИКОГАШ не праќај злобни пораки преку интернет, без оглед дали станува збор за имејл или за чет (mIRC) или некоја програма за инстант пораки (Skype, MSN Messanger, Yahoo!Messanger, ICQ..)!

media

39

Добро однесување на Интернет

  1. НИКОГАШ не кажувај нешто преку интернет, што не би го кажал некому во лице! Заплашувањето е лошо без разлика дали се прави преку интернет или во живо.

media

40

Добро однесување на Интернет

  1. НИКОГАШ не го користи интернетот за да наштетиш некому! На пример – никогаш немој да праќаш пораки од нечија туѓа имејл адреса ако тие пораки може да му создадат проблеми на сопственикот на адресата.

media

41

Добро однесување на Интернет

  1. НИКОГАШ немој да правиш плагијати. Противзаконски е да се копираат онлајн информации и да се претставуваат како сам да си ги напишал.

    Плагијат е кражба на авторски права,

    присвојување на туѓо авторство, издавање на туѓо уметничко, литературно или научно дело (во целост или со мали измени) под свое име.

media
media

42

Добро однесување на Интернет

  1. Се што правиш додека си поврзан на Интернет е јавно дури и кога си сам/а во својата детска соба. Секој компјутер кој се поврзува на Интернет добива своја унукатна т.н. IP адреса (Internet Protocol address), која е склична како адресата на местото во кое живееш. Ако направиш нешто нелегално, полицијата може да те лоцира многу едноставно.

media

43

Добро однесување на Интернет

  1. Треба да внимаваш и на имињатата и на псевдонимите кои ги користиш кога поставуваш содржини на твојот блог или кога оставаш коментари на содржини поставени од друг, на пример на видеа на YouTube. Доколку јавно се идентификуваш, а оставаш коментар кој е несоодветен, тоа може да ти направи проблем во иднина.

media

44

Multiple Choice

Ако правиш нешто нелегално преку компјутер, полицијата може лесно да те најде преку:

1

Единствената (уникатна) IP адреса на компјутерот

2

адресата на живеење

3

е-поштата

45

Multiple Choice

Question image

Плагијат е кражба на авторски права,

присвојување на туѓо авторство, издавање на туѓо уметничко, литературно или научно дело (во целост или со мали измени) под свое име.

1

точно

2

неточно

46

На кој сајт треба да му веруваш?

Прашања за дискусија:

  1. Дали можете да препознаете лажна информација?

  2. Како да се заштитиме од погрешни информации?

media

47

На кој сајт треба да му веруваш?

Интернет мрежата е место на кое може да се најдат навистина корисни и драгоцени информации и факти, но во исто време и многу невистини и дезинформации. Ако нешто се наоѓа на интернет, не значи дека тоа е апсолутно вистинито и точно! Ова се должи на фактот што секој има пристап до онлајн содржините на овој или оној начин и може да пишува буквално што сака! Тоа е нешто што е многу тешко, дури би рекле невозможно во целост да се контролира.

media

48

На кој сајт треба да му веруваш?

Како тогаш да знаеме на што да веруваме, а на што не? Како да се заштитиме од дезинформации?

На следниот линк ќе најдете неколку клучни прашања кои ќе ви помогнат да препознавате на кој веб-сајт можете да му верувате, а на кој не.

media

49

50

Дигитална прва помош

Дигиталната прва помош е бесплатен ресурс кој ќе им помогне на луѓе кои помагаат во итни ситуации, обучувачи за дигитална безбедност, и активисти со техничка експертиза да подобро се заштитат себе си и заедниците кои ги поддржуваат против најчестите типови на дигитални проблеми. Исто така може да биде користен и од активисти, бранители на човечки права, блогери, новинари или медиумски активисти кои сакаат да научат како да се заштитат себе си и како да им помогнат на другите.

51

Дигитална прва помош

Ако Вие или некој на кого му помагате има дигитален проблем, Дигиталната брза помош ќе ве насочува во дијагностицирањето напроблемите кои ги имате, и ќе ви понуди поддршка од организации кои нудат помош доколку ви треба тоа.

Одберте го проблем со кој се соочувате и Дигиталната прва помош ќе ве води низ сет на прашања за подобро да се дијагностицира проблемот и да се најдат ресурси кои ќе ви помогнат.
За проблеми кои не можете сами да ги решите, Дигиталната прва помош има листа од организации со кои може да се консултирате.

52

53

наставник
Маргарита Алексоска

Ви благодарам на вниманието

Електронска заштита

media

СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНТЕРНЕТ

Show answer

Auto Play

Slide 1 / 53

SLIDE