Font size
Worksheetsлогички задачи
Total questions: 13
Worksheet time: 1hrs 5mins
Во една продавница се врши достава на млеко секој втор ден, јогурт секој четврти ден, а топено сирење секој петнаесетти ден. Ако денес се доставени сите три продукти заедно, после колку денови пак ќе бидат доставени продуктите во ист ден?
(a)
Колку изнесува вкупниот број на парови двоцифрени прости броеви чија разлика е 2?
(a)
Збирот од комплементниот и суплементниот агол на аголот од 76 степени, изнесува
(a)
За време на летниот одмор Миле решил да прочита книга. Првиот ден прочитал 30% од книгата, вториот ден прочитал 2/7 од остатокот и третиот ден ги прочитал последните 20 страници. Колку страници имала книгата што ја прочитал Миле?
(a)
Ако P е мерниот број на плоштината на коцка со страна 6, а V е мерниот број на волуменот на коцка со страна 6, тогаш важи:
P>V
P=V
P<V
Кој пат е подолг?
Патот А е подолг од патот Б
Патот Б е подолг од патот А
Патот А е еднакво долг со патот Б
Колку лица има на сликата?
(a)
Си бил еден змеј со три глави и три опашки. Еден јунак сака да се бори со змејот. Со еден удар на мечот тој може да пресече или една глава или две глави или една опашка или две опашки од змејот. Ако пресече една глава, на змејот ќе му никне нова глава. Ако пресече две глави на змејот не му никнува ништо. Ако пресече една опашка никнуваат две опашки, а ако пресече две опашки никнува една глава. Со колку најмалку сечења јунакот може да ги пресече сите глави и сите опашки на змејот?
(a)
Во земјата на чудата на едно дрво растат банани и јаболка. На дрвото има 30 јаболка и 25 банани. Секој ден Алиса јаде по 2 плода и секој ден на дрвото расте по еден нов плод. Ако Алиса изеде два исти плода (две јаболка или две банани), тогаш на дрвото ќе израсте едно јаболко. Ако, пак, Алиса изеде два различни плода, тогаш на дрвото ќе израсте банана. Бидејќи секој ден плодовите на дрвото се намалуваат за еден, последниот ден ќе остане само еден плод. Кој е тој плод?
банана
јаболко
Туристичката агенција „Нема грешка“ му понудила на Трендафил три карти за патување, две за возрасни и една за деца, со вкупна сума од 3543 денари. Познато е дека картата за деца е за 500 денари поевтина од таа за возрасни. Дали понудата која ја добил Трендафил е чесна?
Да
Не
Колку цели броеви се решение на -2<x<5
(a)
Ако а+2а+...+1000а=2b+4b+...+2000b=3c+6c+...+3000c, тогаш a:b:c=?
1:2:3
3:2:1
2:3:6
6:3:2
Колку различни рамнокраки триаголници постојат, кај кои еден агол е четири пати поголем од друг?
(a)
