wayground logo

Free Printable Worksheets

Font size

S
M
L
XL
Worksheets

полугодишен квиз

Total questions: 50

Worksheet time: 25mins

Name
Class
Date
1.

Кои се белезите на лириката?

a)

Раскажување настани, учество на ликови.

b)

Изразување емоции, напишано во строфи и стихови.

c)

Претставување на сцена, драмско дејство.

2.

Обележи кои од понудените одговори се лирски видови (припаѓаат на литературниот род лирика)

a)

Балада

b)

Социјална песна

c)

Роман

d)

Љубовна песна

e)

Елегија

3.

Лирско-епските песни се:

a)

Посебен литературен вид

b)

Хибриден вид на творби кои имаат белези и на лириката и на епиката

4.

Во социјалните песни се пее за:

a)

Љубовта и емоциите на поетот кон саканата личност

b)

Убавините на природата

c)

Неправдата, социјалните разлики, угнетуваните работници

d)

За смешни и хумористични настани

5.

Баладата е:

a)

Лирска творба

b)

Епска творба

c)

Лирско-епска творба

6.

Белези на баладите се следните:

a)

Опис на убави пејзажи, и воодушевување од природата

b)

Раскажување на настан преку ликови, со многу емоции, напишано најчесто во стихови

c)

Изразување на емоциите и расположението на поетот

7.

Баладата може да биде:

a)

Народна и авторска.

b)

Само народна.

c)

Епско дело.

8.

Песните во кои писателот ги пишува своите чувства што му ги предизвикала некоја личност, настан, предмет или појава се викаат?

a)

лирска песна

b)

хумористична песна

c)

епска песна

d)

ниту една од понудените

9.

Според морфолошката класификација, зборовите се поделени на :

a)

Менливи

b)

Глаголи

c)

Неменливи

d)

Епитети

10.

Менливите зборови:

a)

не претрпуваат никакви промени. Тие секогаш се јавуваат во истата форма

b)

може да претрпуваат промени, односно со додавање префикси и суфикси го менуваат своето граматичко значење

11.

Дел од менливите зборови се:

a)

именки

b)

прилози

c)

придавки

d)

извици

e)

глаголи

12.

Дел од неменливите зборови се :

a)

прилози, предлози

b)

заменки

c)

именки и придавки

d)

извици, честици

e)

сврзници

13.

Предлози се:

a)

Предлози се менливи зборови, кои ја опишуваат именката.

b)

Предлози се неменливи, службени зборови кои покажуваат различни односи меѓу зборовите во реченицата.

14.

Следниве зборови: в, во, до, заради, како, кон, поради, меѓу, за, со и низ - се:

a)

Придавки

b)

Прилози

c)

Предлози

15.

Прилози се :

a)

Полнозначни зборови кои го објаснуваат глаголското дејство според време, место, начин, количество.

b)

Менливи зборови кои ги менуваме по време, лице и број.

16.

Во реченицата: Тука не може да ги оставиш своите работи. Онеси ги долу, те молам. Препознаваме:

a)

Прилог за време

b)

Прилог за начин

c)

Прилог за место

d)

Прилог за количество

17.

Во реченицата: Во салата за спорт имаше многу ученици. Иако неколку беа отсутни. Препознаваме:

a)

Прилог за време

b)

Прилог за место

c)

Прилог за количество

d)

Прилог за начин

18.

Сврзници се:

a)

Неменливи зборови кои поврзуваат други зборови или цели реченици во составот на сложената реченица.

b)

Неменливи зборови кои го опишуваат глаголското дејство.

19.

Сврзниците според составот се делат на:

a)

прости – составени од еден збор : и, а, но, ама, или, да итн.

b)

различни во секоја реченица

c)

сложени – составени од два или повеќе збора : за да, макар што

20.

Во следните примери, одреди што поврзуваат сврзниците:

Јас ќе одам во парк и ќе се сретнам со Ивана.

Бевме кај Зоки и јадевме компирчиња.

Учениците размислуваа за задачата и одговараа на дадените прашања.

a)

Зборови

b)

Реченици како дел од сложена реченица

c)

Глаголски дејства

21.

Следниве зборови: како, добро, лошо, силно, слабо, така, вака, инаку, онака, брзо, полека - се:

a)

Прилози за време

b)

Предлози

c)

Прилози за начин

d)

Прилози за количество

22.

Следниве зборови: кога, вечер, утре, лани, денес, доцна, рано, тогаш, некогаш, никогаш - се:

a)

Придавки

b)

Прилози за време

c)

Предлози

d)

Прилози за место

23.

Зборовите: и, па, та, не само што - туку и, ама, ами, туку, пак, а пак, но, меѓутоа, да, за да - се:

a)

Прилози

b)

Предлози

c)

Сврзници

d)

Извици

e)

Модални зборови

24.

Марко Цепенков е:

a)

најпознат собирач на народни умотворби

b)

писател и драмски автор

c)

преведувач

25.

Цепенков е автор на:

a)

Автобиографија

b)

Силјан Штркот

c)

Црне војвода

d)

Македонска крвава свадба

26.

Кои средби ќе бидат позитивни за Цепенков?

a)

Средбата со Димитар Миладинов и Жинзифов

b)

Средбата со Кузман Шапкарев

c)

Средбата со луѓето од другите градови

27.

До крајот на својот Цепенков живот живее во :

a)

Скопје

b)

Прилеп

c)

Софија

28.

Целокупното творештво на Цепенков е собрано во:

a)

10 книги

b)

15 книги

c)

25 книги

29.

,,Јас со голем ќеф отрчав до дома и му донесов едно тефтерче што бев пишуал некој работи. Кога и` виде тие нешта, голем ќеф стори и ме моли уште ако имам да му и` даам и да му пишуам сеедно, чунќи и тој имал собрани, да коа ќе му се најди времето, ќе и` напечател и ќе и пишел за мојте што му и` дадов, оти јас су му и` дал и името мое ќе го пишел во книѓите што ќе и` печател. И за вистина ме пишал во првио сборник Шапкарев." Извдадоков е од:

a)

Автобиографијата на Цепенков

b)

Автобиографијата на Прличев

c)

Биографијата на Цепенков

30.

Кое е средното име на Григор Прличев?

a)

Стојанов

b)

Ставре

c)

Ставрев

d)

Солунски

31.

Која година е прогласен за победник на литературниот конкурс во Софија?

a)

1861

b)

1961

c)

1860

d)

Немаме точен податок за тој настан

32.

Кој познати поеми ги напишал Григор Прличев?

a)

Сердарот и Автобиографијата

b)

Сердарот и Илјадата

c)

Сердарот и Скендербег

d)

Сердарот и Одисејата

33.

На кој јазик сакал да создаде граматика Григор Прличев?

a)

На словенски јазик

b)

На македонски јазик

c)

На словенско есперанто

d)

На старословенски јазик

34.

Во кој век започнала културната преродба во Македонија?

a)

20 век

b)

19 век

c)

18 век

d)

17 век

35.

Григор Прличев пишувал на

a)

охридски говор и грчки јазик

b)

прилепски говор

c)

скопски говор

36.

Обележи тројца македонски писатели-преродбеници од 19-ти век.

a)

Коле Неделковски

b)

Григор Прличев

c)

Кочо Рацин

d)

Константин Миладинов

e)

Јордан Хаџи Константинов-Џинот

37.

Наградената поема на Григор Прличев е

a)

,,Скендербег"

b)

,,Сердарот "

c)

,, Тешкото"

d)

,,Воспитание "

38.

Темата во ,, Сердарот " е

a)

битката на јунакот Кузман Капидан

b)

битката на Капидан во западните македонски делови

c)

битката на Кузман

d)

убиството на јунакот Кузман Капидан и тагувањето на народот и мајка му по него

39.

Песната „Денови“ од Кочо Рацин започнува со стилската фигура во која се споредуваат деновите на аргатите со ѓердан од камења (КАКО на вратот ѓердани / ниски камења студени). Тоа стилско изразно средство се вика:

a)

Ономатопеја

b)

Метафора

c)

Компарација

d)

Апостроф

40.

Одреди која од наведените стилски фигури е застапена во стиховите:

„Разделија села и чифлици,

разделија поле и планина.“

a)

епифора

b)

анафора

c)

епитет

41.

Преку примерот "бел ден ,, искажана е стилската фигура:

a)

епитет

b)

анафора

c)

епифора

42.

Стилската фигура во која се повторуваат истите зборови на крајот од стихот се вика:

a)

анафора

b)

епифора

c)

епитет

43.

Стилската фигура со која поетот им се обраќа на неживи суштества, апстракни поими, предмети се вика:

a)

Градација

b)

Апострофа

c)

Епитет

d)

Рефрен

44.

Препознај ја стилската фигура каде имаме постепено интензивирање на емоциите:

,,Прва година помина

грутка в срцето и легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.‘‘

(Ленка – К.Рацин)

a)

Апострофа

b)

Рефрен

c)

Градација

d)

Компарација

45.

Стилска фигура со која се имитираат звуци од природата или животни како што имаме во следните стихови се вика:

Клип-клоп, клип-клоп,

се носел звук

во ноќта црна…

a)

Епитет

b)

Анафора

c)

Ономатопеја

d)

Апострофа

46.

Стилска фигура каде што има повторување на еден или повеќе стихови во песната се вика:

a)

Апострофа

b)

Градација

c)

Рефрен

d)

Метафора

47.

…Срце – порта највисока

срце – куќа најширока…

(Татунчо – К.Рацин)


Стилската фигура со која не се кажува што со што се споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата, уште позната е како скратена компарација е :

a)

Хипербола

b)

Компарација

c)

Метафора

d)

Анафора

48.

Која стилска фигура ја препознаваш во следните стихови:

Глава има колку еден казан,

уши колку два таруна,

очи има колку два шиника.

Он ми сака голема таина:

на ден ми сака една фурна леба,

и ми сака по две бочви вино,

и ми сака по бочва ракија,

и ми сака по три млади крави…

(Болен Дојчин – народна песна)

a)

Рефрен

b)

Апострофа

c)

Хипербола

d)

Ономатопеја

49.

Што е акцент?

a)

вид зборување

b)

правилно зборување

c)

нагласување на одреден слог во зборот

50.

Каков е акцентот во нашиот јазик?

a)

Интонативен

b)

Фонетски и правописен

c)

Двосложен

d)

Динамичен и определен